Тридневна жалост по незапаметениот масакр во Цетиње - Канал 5

Тридневна жалост по незапаметениот масакр во Цетиње

Во Црна Гора денеска е тридневна жалост по вчерашниот незапаметен масакр во Цетиње кога маж уби 10 лица, меѓу кои и две деца.. 

Тридневна жалост по незапаметениот масакр во Цетиње

Вреден, неконфликтен, дружељубив, но човек кој во последно време значително се повлекол во себе. Вака дел од црногорските медиуми го пренесуваат профилот на 34-годишниот Вук Бориловиќ, кој вчера го зави во црно Цетиње. Мотивите се уште не се познати. Познато е дека злосторниот поход го почнал по семејна расправија, кога со ловечка пушка прво им пресудил на мајка со две деца, кои живееле како потстанари во неговата куќа. Потоа излегол од домот, и почнал неселективно да пука кон се што му се испречило на патот, пријатели, соседи, роднини. Ужасот во населбата Медовина, според дел од црногорските медиуми, траел речиси еден час, во кој тој истрелал околу 100 куршуми. Пукал и кон брзата помош која во меѓувреме интервенирала, пред да биде смртно застрелан.

-Притоа, со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца од кои едното на осум, а другото единаесет години и ја ранил нивната мајка, која им подлегнала на повредите во медицинска установа. Потоа излегол надвор и со истото огнено оружје пукал жители на оваа населба, при што убил уште седум, а ранил шест. , изјави Зоран Брѓанин, директор на црногорската полиција

Од повредените кои се згрижени во болницата во Цетиње еден е во потешка состојба. Веста која молскавично се пренесе во Црна Гора е дека Бориловиќ бил убиен не од полицаец, туку од сосед, кој спречил уште покрвав масакр. Според „Новости“ се работи за Ненад Калуѓеровиќ, кој го убил напаѓачот, кој веќе бил ранет од полицијата. Не е познато како ќе се квалификува делото на Калуѓеровиќ, кое е поздравено од голем дел од јавноста во Црна Гора. Премиерот Абазовиќ прогласи три дневна жалост од денеска до понеделник.

-Ова е назапаметена трагедија во Црна Гора. Сите сме шокирани. Ги замолуваме граѓаните на Црна Гора да бидат со мислите со семејствата на загинатите. Се молиме за ранетите, од кои некои се за среќа се надвор од животна состојба и еден случај кој е во покомплицирана состојба, да се заврши како што треба. , изјави Дритан Абазовиќ, премиер на Црна Гора

Црногорските медиуми објавија дека повеќекратниот убиец немал криминално минато, а вработен како келнер во Националниот парк Ловќен, имал три деца и сил страствен ловец на дивеч.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република Косово

На 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република Косово

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упад на Информер: Драма на телевизија, Вучиќевиќ повика полиција

Група од неколку десетици луѓе, се собраа пред ТВ Информер вечерва, а подоцна упаднаа во редакцијата.

Упад на Информер: Драма на телевизија, Вучиќевиќ повика полиција

Меѓу нив е и Дијана Хрка, мајка на една од жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Видео на кое се гледа групата пред Информер беше објавено на социјалните мрежи.

„Да одржиме колегиум заедно“, стои во описот на видеото, во кое се слуша викање од толпата.

Група луѓе насобрани упаднаа во Информер

Главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, рече дека групата тропала по прозорците и вратите и дека, како што тврди, „скршиле една од вратите на влезот во телевизиската станица“.

„Тропаат по прозорците, скршија една врата, сега одат на другиот влез. Сакаат да провалат“, рече главниот уредник на Информер.

За време на емисијата, тој ја повика полицијата да реагира.

Вучиќевиќ го повика лидерот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, да реагира во живо на програмата.

Потоа толпата упадна во редакцијата, вклучувајќи ја и Дијана Хрка.

Како што може да се види во преносот во живо на телевизија, неколку компјутери беа скршени.

Полицијата пристигна пред Информер во полна опрема.

Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти редакцијата во придружба на група насобрани луѓе

По расправија со Дијана Хрка и другите присутни, главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти канцеларијата во придружба на насобраните луѓе.

Извор: Блиц

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Според пишувањата на локалните медиуми, Теа Таировиќ била подложена на итна операција поради внатрешно крварење.

Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение.

Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро.

Веста за итната операција на Теа Таировиќ ги вознемири нејзините бројни обожаватели, кои со нетрпение очекуваат нови информации за нејзиното закрепнување. Извори за „Блиц“ наведуваат дека пејачката била примена во болница синоќа, а по лекарските прегледи, лекарите утврдиле дека е неопходна итна операција.

Медиумот пренесува дека станувало збор за внатрешно крварење, а според изворите, животот на пејачката бил загрозен. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што медицинскиот тим реагирал веднаш.

Теа Таировиќ сега е добро, потврдува нејзиниот ПР-тим

По веста за итната операција, стигна информација и од тимот на пејачката. Нејзиниот ПР-тим потврди дека Теа Таировиќ сега е добро, но одбија да изнесат повеќе детали за нејзината здравствена состојба.

„Теа Таировиќ сега е добро. Не сакаме да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, изјавија од ПР-тимот на Теа Таировиќ.

Засега нема дополнителни информации за настаните што довеле до хоспитализацијата, ниту пак за тоа колку долго ќе трае нејзиното закрепнување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер