Тридневна програма за одбележување на годишнината од трагедијата во „Пулс“ во Кочани - Канал 5

Тридневна програма за одбележување на годишнината од трагедијата во „Пулс“ во Кочани

Во несреќата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа тешко повредени.

Тридневна програма за одбележување на годишнината од трагедијата во „Пулс“ во Кочани

Во пресрет на годишнината од трагичниот настан од 16 март 2025 година, Општина Кочани заедно со Организацискиот одбор составен од Здружението на граѓани „16 Март“, ОО на Црвен крст – Кочани, Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“, ЈЗУ ОБ Кочани, советници и НУЦК „Бели мугри“ изготви заедничка програма за оддавање почит на загинатите и поддршка на повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Во несреќата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа тешко повредени.

По тој повод, градоначалникот Владко Грозданов одржа прес-конференција со членовите на Организацискиот одбор, на која беа соопштени активностите што ќе се реализираат на 14, 15 и 16 март.

На 14 март ќе се одржат православни содржини посветени на упокоените во несреќата – молитвено сеќавање и духовно единство во нивна чест.

Настанот предвиден за 15 март е насловен „Кочани Ви благодари“. Овој ден е посветен на повредените и на изразување благодарноста кон сите институции, здравствени установи, здруженија, поединци.

-Упатени се официјални покани до здравствените установи што ни беа огромна поддршка по несреќата, а ги охрабрувам и повредените деца кои и денес имаат контакт со болниците во кои беа лекувани да ги поканат своите доктори и медицинските крепители. Општина Кочани е овде и ќе ги удостои со топол и срдечен прием, ќе им обезбеди сместување и сите потребни почести, рече Грозданов.

Општината планира поканетите делегации од институциите и здруженијата што дале свој придонес, на свеченост на 15 март да бидат одликувани со статуетки на благодарност. Тој ден ќе заврши со содржини од културно-уметничка карактер, како израз на живот, надеж и заедништво.

На 16 март активностите ќе бидат посветени на достоинствено оддавање почит на починатите во трагедијата.

-Младите што трагично ги загубивме, заслужуваат почитта кон нив да ја искажеме мирно, достоинствено и сплотено – како што доликува на заедница што памети и што се грижи, истакна градоначалникот Грозданов.

-Нека овие денови не бидат само сеќавање на болката, туку и нов лист во нашето заедничко делување – да станеме општина на сплотеност, истрајност и мир, рече градоначалникот Грозданов.

Деталите од програмата ќе бидат дополнително соопштени од Општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер