Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
1Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
2Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
СветТридневен штрајк во Белгија против владините социо-економски реформи Во организацијата на трите најголеми синдикати во Белгија денеска започнуваат серија штрајкови, кои ќе кулминираат в среда со 24-часовен генерален штрајк. Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ), Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Генералната конфедерација на либералните синдикати на Белгија (ЦГСЛБ/АЦЛВБ) ги организираат штрајковите во знак на протест поради социо-економските реформи на белгиската Федералната влада, кои влијаат на висината на пензиите и платите и условите за работа. Трите синдикати нагласуваат дека тридневниот штрајк е „неопходен чекор“, со цел да се натераат белгискиот премиер Барт де Вевер и неговата Влада „да стават крај на социјалното распаѓање“. Синдикатите обвинуваат дека со владините мерки се намалуваат пензиите и социјалната поддршка, се зголемува ДДВ-то и, како што тврдат, се ограничуваат правата на работниците. Меѓу синдикалните барања, покрај откажување од овие мерки, се и воведување „даноци за богатите и дигитални гиганти“ и укинување на „безусловните субвенции за големи компании“. Серијата штрајкови почнуваат денеска со прекини на работата во јавниот превоз, утре ќе почнат да штрајкуваат и јавните служби и образованието, додека в среда за време на генералниот штрајк на нив ќе и се приклучат и останатите вработени во државниот и во приватниот сектор. За разлика од претходните генерални штрајкови за време на кои се одржуваа протестни маршови во Брисел, за овој пат не е предвидена ваква манифестација. На маршот на последниот генерален штрајк на 14 октомври учествуваа околу 100.000 луѓе. Предвидено е авионскиот сообраќај денеска и утре да функционира нормално, но за в среда се откажани сите полетувања од бриселскиот аеродром „Завентем“, како и дел од летовите кон Брисел. Од друга страна, аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“, на кој сообраќаат и авионите на релација Скопје-Брисел-Скопје, в среда ќе биде целосно затворен за сообраќај. Националната железничка компанија на Белгија (СНЦБ/НМБС) информира дека поради штрајкот ќе има прекин во железничките услуги на внатрешните линии во земјата од синоќа во 22 часот, па до вечерта на полноќ на 26 ноември. Раководството на белгиската железница соопшти дека ќе се направат обиди за организирање „алтернативни железнички услуги“, односно повремено сообраќање на некои возови, во зависност од расположливиот персонал. Дополнително, се очекува редуцирање и на бројот на линиите на меѓународните брзи возови. Така, ќе сообраќаат само половина од редовните линии на релација Брисел – Париз, 75 отсто од линиите од белгискиот главен град кон Амстердам и Лондон, како и само 20 проценти од возовите кон Германија. За време на сите три дена од штрајкот се очекуваат „значителни прекини“ во функционирањето на метрото, трамваите и градските автобуси во Брисел, но не е познат точниот обем на прекините на линиите. За од денеска, па до 27 ноември во утринските часови, најавен е и „целосен или делумен“ прекин на фериботскиот сообраќај од белгиските пристаништа. Од вечерва, па до среда на полноќ, нема да функционираат ни комуналните служби, па локаланите власти ги советуваа граѓаните „да не фрлаат ѓубре во текот на деновите на штрајкот“. Се очекува делумен прекин и на поштенските услуги, додека супермаркетите предвидуваат „минимално влијание“ на штрајкот. За време на претходните генерални штрајкови маркетите работеа вообичаено со ограничено отсуство на вработените. Во прекин, делумно или целосно, ќе бидат и административни услуги ширум Белгија. Конкретно во Брисел, градската администрација информира дека нејзините служби нема да работат во трите дена на штрајкот. Од друга, страна се очекува судовите да работат нормално и не се откажани судењата предвидена за 24, 25 и 26 ноември. Сепак, според судската управа, поради прекините во јавниот превоз, можно е некои судења да доцнат или дополнително да бидат одложени. Училиштата нема да работат утре и в среда, а во сите три дена на штрајкот ќе штрајкува и полицијата, согласно полицискиот правилник за прекин на работата. Тагови: Белгија штрајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаЕпилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровериНе само во Македонија, членовите на организираната криминална група која вчера беше разбиена во Прилеп, имале нелегални активности и во Грција на Халкидики, а еден од нив бил и бегалец од куќен притвор во Шпанија.Министерот за внатрешни работи Тошковски во гостување на Радио Лидер откри дека повеке од една година работеле на овој случај кој резултира со над 20 кривични пријави, меѓу кои и полицајци кои и помагале во криминалните дејствија на групата. Најави дека и понатаму ќе се истражуваат активностите и документите кои се поврзуваат со оваа група која се поврзува со наркотици. пронајдени се околу 130 илјади евра готовина, запленети се десетина возила, меѓу кои и луксузни автомобили масерати и ленд ровери, а постојат сомнежи и за фалсификување на документи и перење пари.. целата шема функционирала над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Современа терапија за 126 пациенти со цистична фиброзаДецата од две до 12 години со цистична фиброза се вклучени на терапија и имаат одлични резултати. Вкупно има 79 деца, додека седум деца не се бидејќи имаат одредени мутации за што лекот не може да помогне.Најважно е што за сите пациенти има лекови и нема на листа на чекање, објасни министерот за здравство Сашо Клековски. Од 2027 година на листата за лекување на цистична фиброза ќе има нови лек што треба да им помогне на сите пацинети кои имаат гентески мутации. По објавувањето на ревизорскиот извшетај со забелешки за системот „Мој Термин“ што во периодот од 2021 до 2026 година, од вкупно 1.945 дена, системот „Мој Термин“ поминал дури 737 дена без активен договор. Министерот Клековски објасни дека побарал да се видат сите недостатоци и ќе реагираат за тоа која фирма ќе продолжи да работи. Конечниот извештај на ревизорите открива дека државното здравство се потпира на застарена опрема, додека листите на чекање за хируршки интервенции се манипулираат со упати без термин, оставајќи илјадници пациенти во неизвесност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРуска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформацииПропагандна мрежа која преку клонирани псевдо-портали со македонски интернет-домени ширела лажни вести и дезинформации во функција на руски интереси е предмет на истрага на безбедносните институции. Агенцијата за национална безбедност во координација со МВР и Обвинителството преземаат опсежни активности за откривање и попречување на мрежата, која работела во корист на странски интереси, наведуваат од АНБ. Во рамки на истрагата, на 18 септември бил извршен и претрес во домот на македонски државјанин, за кого постои основано сомнение дека бил дел од странскиот пропаганден апарат.При претресот биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се на дополнително вештачење, А лицето е осомничено за три кривични дела... -Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. ---Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во фунција на руски интереси се кријат преку креиорани псевдо портали, регистрарни преку кои се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. – соопштија од АНБ Според информации на „Слободен печат“, лицето во чиј дом бил извршен претресот е А.С., македонски државјанин кој бил во постапка за добивање бугарско државјанство и бил поврзан со мрежа интернет-портали преку кои се пласирале пробугарски содржини. Истото лице се поврзува и со сомнежите за оддавање службена тајна, односно со дипломатската нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, Бугарија, која подоцна беше објавена и споделувана низ бугарски и македонски портали. Од АНБ велат дека актуелните активности се продолжение на претходно попречени проруски хибридни активности поврзани со македонски државјанин, против кого претходно била поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45