Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ - една година влада на ВМРО-ДПМНЕ - Канал 5

Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ - една година влада на ВМРО-ДПМНЕ

Според Филипче по една година Влада на чело со Христијан Мицкоски, земјава се соочува со економска криза и најнизок животен стандард во Европа.

Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ - една година влада на ВМРО-ДПМНЕ

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока – туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“. Според него по една година Влада на чело со Христијан Мицкоски, земјава се соочува со економска криза и најнизок животен стандард во Европа.

-Денес, по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, вистината е болна, но мора јасно и недвосмислено да се каже: Македонија не е горда – Македонија е понижена. Добивме Влада која за една година ги заборави луѓето. Покажа бесчувствителност, ароганција и целосна негрижа за оние на кои треба да им служи. И конечно, добивме Влада која се заканува на послабите, која ги притиска медиумите и која прави брутална партизација на секоја пора од општеството. Ова не е промената која граѓаните ја бараа. – Венко Филипче – Претседател на СДСМ

Филипче упати и низа критики на администрацијата која вели е продолжена рака на партиските штабови а тврди и дека за цела година не е донесен ниту еден вистински реформски закон, а состојбата во правосудниот систем е загрижувачка. Според него закочени се и евроинтеграциите, вели дека Македонија не самошто не се доближила до ЕУ, туку се оддалечила од стратешките насоки.

-СДСМ даде поддршка, СДСМ имаше разбирање, нудеше реална соработка и национален консензус за клучните прашања. Бевме – и сè уште сме – спремни да застанеме и да поддржиме решение кое е пред сè во интерес на граѓаните. Наместо заедно сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ. – Венко Филипче – Претседател на СДСМ

На панелот посветен на темите околу домашната и надворешната политика како и напредокот кон ЕУ, учествуваа поранешниот амбасадор Андреј Жерновски и универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, кои оценија дека владата нема јасен концепт во дипломатијата, а Македонија назадува во сите области во ситуација кога регионот напредува.

-Состојбата кај македонската дипломатија не може да се оцени, бидејќи не постои. Постојат некакви обиди за меѓународни односи, изјави на меѓународен план, но тоа е далеку од сериозна дипломатија со јасен концепт. Ова е еден брод што плута, една дезориентирана дипломатија која нема ниту визија, ниту концепт како ќе ја води државата. – Андреј Жерновски – Поранешен амбасадор

-Возможни се понуди за големи коалции, бидејќи не е јасно како ќе излезе со Бугарија. Имам впечаток дека на некој начин ќе свијат грб секако по таа линија и некаков контакт ќе бараат. Тука е процена, која е многу важна да се направи. Поддршка од опозицијата на тој принципиелен став со Бугарија треба да има. Бидејќи решението, независно како ќе го цените францускиот предлог е исклучително во национален интерес на Македонците, тука да нема дилема никаква. Кој го правел, како го правел. Тој е направен во две точки кај јазикот и кај националниот идентитет апсолутно 100% во наш интерес– Љубомир Фрчкоски – Универзитетски професор

На останатите панели се зборуваше и за владеењето на правото, безбедноста, здравството, земјоделството и образованието. Забелешки беа упатени околу постапувањето на МВР во актуелни случаи, според опозициската партија интервенциите врз судството, и како што велат скандалите од страна на власта, се во директна спротивност со ветувањата од нивната изборна програма.

YouTube video

Ново видео од инцидентот во Чаир: Сериозен говор на омраза и закани упатени кон Арсовска

Нова видео снимка од вчерашниот инцидент во скопски Чаир.

Ново видео од инцидентот во Чаир: Сериозен говор на омраза и закани упатени кон Арсовска

На видеото може да се забележи дека станува збор за сериозен говор на омраза и вербални закани кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Јакимовски: Министре Ристовски ти немаш проблем со мене, туку со граѓаните, не случајно избегнуваш комуникација

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски и денеска со реакција по одлуката на министерството за спорт да ја одземе салата Наум Наумовски Борче со која досега управуваше Оптина Карпош. 

Јакимовски: Министре Ристовски ти немаш проблем со мене, туку со граѓаните, не случајно избегнуваш комуникација

Јакимовски вели дека досега во салата се одржале неколку спортски настани за разлика од како што рече тврдењата на министерот Борко Ристовски дека салата не била пуштена во употреба.

YouTube video

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Саниран е Музејот на вода во заливот на коските кај градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид.

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Како што беше истакнато денеска, станува збор за обемен градежен зафат за целосна реставрација на локалитетот, што е еден од најдоходовните објекти од тој вид во Охрид и земјата.

YouTube video

притисни ентер