Во повторената постапка, на затворска казна од три години е осуден и поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, а условна осуда доби Валентина Симовска. Единствена ослободителна пресуда доби екс министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска.
Спрема обвинетата Гордана Јанкуловска за кривичното дело што и се става на товар се ослободува од обвинение согласно чл.403 ст.1 од ЗКП бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила кривичното дело за кое се обвинува.
„Судот ги прифати наводите на одбраната дека кај Гордана Јанкуловска не постоела ниту умисла ниту намера да се уништи конкретната. Задоволни сме од пресудата и чекаме Апелација да ја потврди и понатаму ако не во кривична тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето и да се надоместти нематеријалната штета која Јанкуловска ја има претрпено како една од најголемите жртви на прислушкувањето.“
„Во однос на пресудата за Тони Јакимовски од она што беше истакнато од страна на судот, читајќи го диспозитивот на обвинението, тоа фактички претставува изворник на самата пресуда, не сме задоволни и во тој дел сигурно дека ќе поднесеме жалба.“
Предметот Тврдина се судеше по втор пат откако беше одвоен од случајот Таргет кој се однесуваше на самото прислушкување во кој дојде до застарување на делата каде обвинет беше и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. Но и овој случај за неколку месеци ќе застари ако во меѓувреме Апелација не ја потврди пресудата и со тоа стане правосилна. Судијата Трпков рече дека што поскоро ќе им ја достави пресудата на странки за да почнат да течат роковите за жалби но и порача дека за разлика од случајот Таргет, со овој предмет има уште една шанса да се задоволи правдата.
„Не смееше да се дозволи да застари овој предмет во делот на прислушкувањето, но тоа се случи. Се случи упад во судската власт преку измена на Кривичниот законик, измена која доведе до застарување на дел од овој предмет но и други предмети. Предметот во делот на прислушкувањето несомнено застаре, но не смее да дозволиме да застари и предметот за уништување на опремата со која се прислушкуваа разговорите.“
Според пресудата Грујевски, Бошковски и Јакимовски ќе треба да и ја надоместат направената штета на државата од околу 1,5 милиони евра.