Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
2 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
РакометТри вардарки во изборите на ЕХФВардар го победи Будуќност (30:25) во Подгорица и на првото место ја заврши главната групна фаза во Лигата на шампионките, а три од ракометарките на македонскиот шампион се најдоа во изборите на ЕХВ ТВ за најубави одбрани и голови. Голманот Ина Суслина со двојната интервенција се најде на петтото место. ТОП 5 одбраните од 10. коло на ЛШ може да ги видите овде. Александра Лакрабер го има третиот најубав гол на колото што може да се погледне на следниот линк. Во изборот на ЕХФ место во трите ѕвезди обезбеди Андреа Пенезиќ. Вардар во четвртфиналето ќе игра со Митјиланд. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаботна посета на министерот Муцунски на ЛондонМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРаботна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МетеоПроменливо облачно и топло со температура до 34 степени, утре предупредување за невреме Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 32 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе се задржи топло време. Утре на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси со пообилни врнежи и ретка појава на град. Од четврток следува претежно сончево време со променлива облачност и слаб до умерен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 16. јуни 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 16. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат. Кариера Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да гиз авршат задачите. Здравје и совет Опуштете се. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво . Кариера Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата. Здравје и совет Мала нервоза. Лав 23.7-22.8. Љубов Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа. Кариера Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите . Здравје и совет Не позајмувате пари од пријатели. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават. Кариера Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете. Здравје и совет Ќе сонувате убави сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро. Кариера Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам. Кариера Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае. Здравје и совет Не се нервирајте поради ситници. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска. Кариера Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете. Здравје и совет Бидете посилни од другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот. Кариера Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси. Здравје и совет Одморете се во природа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер. Кариера Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете. Кариера Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се. Здравје и совет Несоница. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош. Кариера Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта . Здравје и совет Почнете да вежбате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво. Кариера Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста. Здравје и совет Откријте ја својата слаба точка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook