Три турски компании доаѓаат во Бунарџик

Три турски компании од областа на медицината ќе инвестираат во Македонија. Вкупната инвестиција ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 600 нови работни места, од кои 350 во првата година од работењето.

Како што јави МИА, компаниите својата намера за инвестирање во Македонија ја изразиле на средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида, во Анкара.

- Станува збор за компанијата Матек, која ќе инвестира околу 15 милиони евра во Македонија и ќе вработи околу 200 лица, компанијата Истем медикал која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица и компанијата Тотал која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе. Сите три компании се од медицинската техника и ќе инвестираат во зоната Бунарџик во Скопје, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.

Како што велат од команиите, благодарение на можноста да се запознаат со инвестициските услови во земјата донеле одлука за инвестирање во Македонија.

- Ние како Истем медикал имавме можност да се запознаеме со можностите кои ги нуди Владата на Македонија за инвестирање во земјата и видовме дека можностите за инвестирање се навистина подобри од Турција и затоа решивме да инвестираме во Македонија, наведуваат од компанијата.

Од Тотал изразуваат надеж дека за кратко време ќе ја реализираат инвестицијата и ќе постигнат голем успех.

ДИК: Силјановска Давкова 128.185, Пендаровски 62.726

Првични резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 33,10% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 62,34% од гласовите или 128.185 гласови. Стево Пендаровски освоил 62.726 гласови или 30,50%.

Први ДНК резултати во случајот на малата Данка- ниеден резултат од автомобилот не е нејзин

Јавното обвинителство во Заечар ја потврди информацијата дека пристигнале првите ДНК тестови и дека нема биолошки траги на двегодишното девојче Данка Илиќ чие исчезнување на 26 март беше пријавено во Бањско Поље кај Бор.

- Ги добивме првите неколку пријави, само еден дел од трагите што се испитуваат, а се испитуваат и многу предмети. Во добиените резултати од ДНК нема биолошки траги од девојчето - вели Миодраг Цановиќ, обвинител на ВЈТ од Зајечар, пренесе Телеграф.

Тој потврди дека вештаците пронашле околу 500 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП „Водовод“, за кое постои сомневање дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ при извршувањето на кривичното дело, но и дека вештаците пронашле облека. , чевли на осомничените, предмети и алат од нивните домаќинства и траги пронајдени на терен. Вештаци го прегледуваат ГПС уредот од службеното возило „Водовода“ за да ги утврдат параметрите за движење на Драгојевиќ и Јанковиќ на денот на исчезнувањето на девојчето.

Меѓу пријавите добиени во Националниот центар за криминалистичка форензика има и предмети од службеното возило на градски „Водовод“ што го управувал осомничениот на денот на исчезнувањето на девојчето.

- Тоа секако не се сите индиции. Сè уште чекаме да пристигнат другите - вели Цановиќ.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 126.678 Пендаровски 51.965

На обработени 12% од избирачките места и 4,43% од гласачите во Македонија, Гордана Силјановска Давскова има огромно водство пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 126.678 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 51.965лица. Регистрирани се и 7555 неважечки ливчиња.

притисни ентер