Три суптилни знака кои, според брачните советници, укажуваат дека го занемарувате бракот - Канал 5

Три суптилни знака кои, според брачните советници, укажуваат дека го занемарувате бракот

Разводот ретко се случува ненадејно - тоа често е резултат на низа ситни пропусти и незабележани знаци што се акумулираат со текот на годините. 

Три суптилни знака кои, според брачните советници, укажуваат дека го занемарувате бракот

Затоа е важно да се препознаат првите знаци на емоционална дистанца за навремено да се преземат позитивни промени. Според терапевтите и брачните советниците, некои форми на занемарување на врската се толку суптилни што партнерите честопати дури и не ги препознаваат. Еве неколку индикатори дека партнерите потенцијално го занемаруваат својот брак.

1. Заборавате што му е важно на вашиот партнер

Кога постојано забораваме датуми, настани или ситници кои му се важни на нашиот партнер - дури и ако нам не ни се - оставаме впечаток на рамнодушност. Терапевтот д-р Глорија Браме предупредува дека таквото однесување често се перципира како себично и ладно. Решението не е комплицирано - доволно е да се запишат важните датуми во календарот за да се потсетиме, дури и ако тие нам лично не ни се приоритет.

На овој начин, покажуваме почит кон она што го цени нашиот партнер, што може да спречи многу непотребни конфликти. Малите гестови на внимание можат да имаат големо влијание врз чувството дека сме сакани и важни во врската, пишува YourTango.

2. Намерно го избегнувате вашиот партнер

Ако често се фаќаме себеси како бараме изговори за да не бидеме дома или избегнуваме разговор со партнерот, тоа може да биде знак дека несвесно бегаме од нашиот брак. Адвокатката Џенифер Харгрејв вели дека паровите често почнуваат да живеат паралелни животи - дури и да спијат во одделни соби - иако првично не го гледаат тоа како сериозен проблем.

Причините за избегнување можат да бидат многубројни: конфликт, срам, досада или емоционална исцрпеност. Клучот е да препознаете што точно ве оддалечува еден од друг и да се обидете да му пристапите на партнерот со искрена заинтересираност, наместо со обвинувања. Малите промени како отворен разговор или заеднички активности можат да ви помогнат да разгорите чувството на блискост.

3. Однос обоен со негативни чувства

Ако сè повеќе ги толкувате постапките на вашиот партнер негативно, дури и кога не се лоши, можеби сте заглавени во шема на таканаречено „негативно преовладување“. Како што истакнува терапевтката Лиан Авила, оваа состојба се развива бавно, но откако ќе стане навика, тешко е да се вратите назад.

Ова не значи дека една лоша мисла ја уништува врската, но постојаното критикување и игнорирање на позитивното може да создаде емоционална дистанца. Наместо тоа, важно е свесно да градите повеќе позитивни моменти и почесто да се обидувате да ги препознавате добрите страни на вашиот партнер. Малите промени во тонот, ставот и намерата можат да го вратат чувството на почит и блискост.

Ако препознаете некој од овие знаци, можеби е време да се фокусирате повеќе на вашата врска и да ги обновите секојдневните навики што ја поттикнуваат блискоста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли можноста за мировни преговори со Украина во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. 

Во разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната

Тој рече дека Русија ќе продолжи да се бори додека не ги постигне „сите свои цели“, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, а пренесува Правда.

Ушаков за руските пропагандни медиуми изјави дека Трамп „топло му го честитал роденденот на Путин, неофицијално му посакал успех и благосостојба и му ги пренел честитките на првата дама“. Путин му се заблагодари на Трамп за вниманието што го посветува на дијалогот со Москва и нагласи дека руската позиција за агресија врз Украина останува непроменета.

Путин категорично ја отфрли можноста за обновување на мировните преговори. Тој ја обвини Украина дека се обидува да ги наруши руските избори и се обиде да го убеди Трамп дека украинскиот отпор „нема перспектива“. Тој додаде дека руските сили „целосно ја држат иницијативата во свои раце и напредуваат“.

Ушаков тврди дека Трамп по разговорот дал инструкции „сигналите“ што ги добил од Русија да се пренесат на украинската страна. Тој исто така изјави дека двајцата лидери го изразиле своето задоволство од начинот на кој функционираат каналите за комуникација, особено оние во кои се вклучени разузнавачките служби. Тие, исто така, разговараа за потенцијален состанок на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), „ако и двајцата присуствуваат“.

Според Ушаков, разговорот траел час и половина и дека „никој не сакал прв да го прекине повикот“.

Трамп во четвртокот вечерта рече дека разговарал со Путин по телефон и се согласил да испорача милиони тони руски дизел на американскиот и светскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди

Според Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

7 Берово, 9 Маврови Анови, 10 Попова Шапка, Битола, Охрид, Демир Капија, 11 Крива Паланка, Претор, 12 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 14 Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. октомври 2о26 година

Дневен хороскоп за сабота, 10. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. октомври 2о26 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Можете да очекувате ден исполнет со задоволства , што ќе доаѓаат поради низата идеи , што ќе ги следите со саканата личност.

Кариера

Ќе верувате во својата храброст и високиот морал , така што лесно ќе ги решите малите деловни грижи , за кои само вие знаете.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да се сомневате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место.

Кариера

Кога денеска накусо ќе помислите за она што ве очекува , ќе бидете безгрижни. На некои би можело да им се јави шефот за дополнителни задолженија.

Здравје и совет

Уживајте во животот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Внимание и нежност ќе ви бидат главни преокупации , кога станува збор за љубовниот живот. Ќе знаете како на другите да им се вовлечете под кожа.

Кариера

Сите оние чија работа е поврзана со уметност , денеска ќе имаат инспирација за вистински мали ремек дела.

Здравје и совет

Следете ја интуицијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Емоции , убавина, хедонизам и страст денеска ќе се спојат во складна целина на взаемно задоволство.

Кариера

Дури и оние кои вредно работат, денеска ќе одмораат , зашто нивните желби ќе бидат насочени кон уживање.

Здравје и совет

Не претерувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето и топењето на разликите меѓу вас и другата страна денеска ќе оди преку еротика и секс. Ќе чувствувате олеснување.

Кариера

Ве очекува средба со многу дарежлив спонзор и инвеститор кој е сериозен. Некој ќе ви се јави за да се подготвите за тоа.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сите карти ќе бидат во рацете на вашата најдрага личност , која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто.

Кариера

Во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате.

Здравје и совет

Немојте да се прејадете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се повеќе ситуации се вртат во ваша корист , а вие станувате почувствителни . Другата страна ќе знае тоа да го цени.

Кариера

Денеска ќе настојувате што повеќе да ги истакнете своите заслуги во работата.

Здравје и совет

Обновете си го хобито.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ви претстои добра забава со пријателите и саканата личност , низ содржини што имаат нешто мистично во себе.

Кариера

Уметниците меѓу вас денеска ќе зрачат многу повеќе од вообичаено , а другите ќе ги имитираат и ќе ги следат.

Здравје и совет

Бидете уште поотворени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Наеднаш би можело да ви падне на памет необична идеја со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право.

Кариера

Вашата интуација денеска ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и се ќе ви биде јасно.

Здравје и совет

Престанете да анализирате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Би можеле да наидете на личност со која работите и која би можела да ве наведе на емотивни изливи. Размислувате за оваа личност.

Кариера

Додека полека минува работното време, вие се повеќе ќе размислувате за пари и како да ги заработите на страна. Замислувате необични начини.

Здравје и совет

Останете во реалноста и помалку фантазирајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа.

Кариера

Работната недела покажа дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство.

Здравје и совет

На некој начин денеска ќе блескате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот љубовен живот квалитетнио се одвива, а вашата самодоверба расте од ден за ден. Самците ќе бидат успешни во додворувањето.

Кариера

Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски. Занете дека сте силни и џдека напредувате.

Здравје и совет

Одете во природа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер