Три сигурни знаци дека имате глисти во телото, а не сте свесни за тоа! - Канал 5

Три сигурни знаци дека имате глисти во телото, а не сте свесни за тоа!

Првите симптоми обично вклучуваат чешање и црвенило на кожата.

Три сигурни знаци дека имате глисти во телото, а не сте свесни за тоа!

Дали страдате од грчеви во стомакот, дијареа и постојана надуеност? Дали морате веднаш да одите во тоалет откако ќе јадете одредени видови храна? Веројатно мислевте дека имате синдром на нервозно дебело црево или некој гастроинтестинален проблем, но д-р Ден Баумгарт верува дека причина за ова се паразитите, особено анкилостомата или рударските глисти.

- Воспалението на тенкото црево предизвикано од анкилостомата може да предизвика абдоминална болка и дијареа. Исто така, може да ја наруши апсорпцијата на протеини и железо, што доведува до анемија, вели Баумгарт.

Колку и да се гадите кога ќе се спомнат паразити, треба да знаете дека глистите не се појавуваат само во цревата, тие го „обожаваат“ и респираторниот систем, често предизвикувајќи кашлање и проблеми со дишењето.

Возрасните анкилостоми (рударски глисти) живеат во цревата на заразените кучиња и мачки и се наоѓаат во нивниот измет.

А, кога луѓето боси ќе стапнат на остатоците од тој измет, паразитите многу брзо можат да се пренесат на луѓето.

Вообичаено, првиот сигнал дека сте се инфицирале со паразити е чешањето на тој дел од телото. Црвенилото исто така брзо се појавува на кожата.

Кога паразитите влегуваат во телото, имунолошкиот систем реагира и започнува воспаление, придружено со црвени траги во форма на змија на површината на кожата.

Третиот докажан знак на инфекција се белите црви во столицата. Се проценува дека 470 милиони луѓе имаат проблеми со анкилостома, а инфекцијата е најчеста во потоплите региони, Кариби, Африка и јужните делови на САД.

Лекарот, исто така, напоменува дека таканаречените „кончести црви“ се исто така опасни, бидејќи тие можат да живеат кај деца или возрасни без тие да бидат свесни за проблемот, бидејќи не покажуваат никакви симптоми на инфекција.

- Во ретки случаи, овие паразити можат да предизвикаат абдоминална болка која наликува на воспаление на слепо црево. Имаше и случаи, кога при операција на слепо црево, беа пронајдени цели колонии на црви. Најдобра заштита од паразити е одржување на хигиената и темелно миење на рацете – заклучува доктор Баумгарт, а пренесува Дејли меил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

Полска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио.

Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин.

Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова.

Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер