Три руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор - Канал 5

Три руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор

Три руски борбени авиони МИГ-31 денеска, без дозвола, влегоа во естонскиот воздушен простор во областа на островот Виндло и останаа во естонскиот воздушен простор речиси 12 минути, објави естонскиот портал „Err.ee“.

Три руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор

Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени.

Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај.

Министерството за надворешни работи на Естонија го покани вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Талин за да изрази протест и да достави нота во врска со прекршувањето на воздушниот простор на земјата.

-Русија годинава веќе четири пати го прекрши естонскиот воздушен простор, што само по себе е неприфатливо, но денешното прекршување, за време на кое три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е невидено брутално“, изјави шефот на естонската дипломатија, Маргус Цакна.

Зголеменото гранично тестирање и агресија на Русија мора да се соочат со брзо растечки политички и економски притисок, додаде естонскиот министер.

Претходно овој месец, Естонија веќе побара средба со рускиот вршител на должноста амбасадор во Талин за да изрази протест откако руски хеликоптер МИ-8 го наруши естонскиот воздушен простор во близина на островот Виндло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Сејф сити“ почна автоматски да ги детектира и санкционира и мотоциклите

Отсега и моторџиите ќе бидат под лупата на „Сејф сити“, а брзото и несовесно возење ќе значи и директна парична санкција.

„Сејф сити“ почна автоматски да ги детектира и санкционира и мотоциклите

Со ова се става крај на досегашната пракса во која дел од прекршоците на мотоциклистите не можеа да бидат процесуирани преку системот. ОД мвр појаснуваат дека е пронајдено техничко решение со кое системот автоматски ги регистрира мотоциклите кои ја надминуваат дозволената брзина. Со тоа, и за нив почнува автоматско санкционирање на местата каде што функционира системот за безбедност во сообраќајот.

-Преку системот на Сејф сити отсега ќе се детектираат и санкционираат мотоциклистите кои ја надминуваат дозволената брзина. Целта на ваквата мерка е не само да се дисциплинираат мотоциклистите, туку да се зголеми безбедноста на нив самите но и на останатите учесници во сообраќајот. – Михајло Видимлиски – Репортер

Новината доаѓа во период кога токму мотоциклистите често се мета на реакции од граѓаните поради брзо и ризично возење, особено во вечерните часови. Ќе го сопрат ли камерите дивеењето на моторџиите или без полициски патроли и контроли на улица ефектот ќе биде ограничен?

-Се надеваме. Очекуваме, нормално. Како што се намалија прекршоците благодарение на Сејф сити, се надевам дека истото ќе биде за моторите и во најблиска иднина се надевам и за електричните тротинети.

-Нема да се запре, тешко да се запре. Поготово навечер многу брзаат. А да се запре тешко. Би требало полиција да има често. А возат ненормално.

Надминувањето на дозволената брзина на мотоциклистите досега беше казнувано како дел од акциите на полицијата. МВР пред два дена соопшти дека во периодот од 18 мај до 31 јули 2026 година спровело засилени контролни акции на целата територија на државата, со посебен фокус на возачите на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Регистрирале речиси 7 илјади прекршоци, најмногу во Скопје, Битола, Велес и Куманово. Казните од „сејф сити“ ќе ги плаќаат и странските возачи кои ќе направат сообраќаен прекршок на македонските патишта. Пред неколку дена, на граничниот премин Табановце, на излез од земјава, се наплатуваа казни на странски државјани и на овој начин, надлежните ќе спречуваат возачите од странство да заминат од земјава без да ја подмират обврската.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото

Државата ќе гради национален дата центар со средства обезбедени преку грант или евтин заем од ЕУ. 

Мицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото

Ваков проект како што потенцираше премиерот Мицкоски е предвиден и во реформската агенда и во него ќе чуваат податоците од сите институции и ќе обезбеди нивна заштита. Посочи и дека во земјава веќе постои дата центар во Прилеп кој е секундарен и дека и тој ќе биде поврзан со националниот дата центар.

-„Тој дата ценатр преку системот на интероперабилност ќе ги совере сите институции на едно место и тука ние ќе имаме сајбер заштита на сите институции одеднаш. Сега секоја институција од сајбер напади се брани како знае и умее, а потоа тој примарен дата центар ќе го поврземе и со веќе постоечкиот секундарен дата центар кој што е во прилепско за да имаме заштита. Ако не дај Боже настане упад во системот на интероперабилност да можеме преку секундарниот дата центар да ги заштитиме податоците. И терцијално решение ќе имаме национален клауд каде што за секој случај ќе ги чуваме сите податоци од сите институции“– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Според премиерот нема потреба за загриженост од изгрдбата на вакви центри во Македонија. Појасни дека би се граделе на локации каде постојат услови и каде тоа е дозволено со закон, а струјата која ќе ја трошат ќе си ја плаќаат инвеститорите. Критиките на опозицијата за нивна изградба ги оцени како политизирани, кои се темелат на застарени аргументи.

„Струјата ќе ја плати оној кој по цена која ќе ја договори на слободниот пазар. Кога станува збор за системот на ладење и тука сакам да кажам дека опозицијата испраќа порака кои што се стари 10, 15 или 20 години. Има сосема поинакви начини на ладење во зависност од намената на тие дата центри – дали ќе се користат за вештачка интелегенција или за други цели. Ако сакаме да бидеме лидери тоа е иднината и јас апсолутно и политички и како професор и инжењер стојам позади изградбата на оваа индустрија и ќе ја поддржам целосно и владата ќе го превземе институционалниот ризик“-– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Спроед СДСМ пак изградбата на дата центри се договараа зад заворени врати, нетранспарентно и без никакви детали со кого се преговара и под кои услови. Бараат да се објави името на мултинационалната компанија со која се преговара и тврдат дека ваквата индустрија ќе значи загрозување на природните ресурси во државата.

„Мицкоски не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите. Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата. Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода? Прво договорите и анализите на маса. Потоа приказните за инвестиции“, порачуваат од СДСМ.

Премиерот Мицкоски вчера откри дека Влдата прегвара со со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри во Македонија, од кои една е голема мултинационална компанија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани

Кобен ден за семејство од Македонија- во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и камионна автопат во Словенија загинаа тројца, од кои две деца и нивната баба, а нивните родители се тешко повредени.

Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани

Неофицијално, според информациите на Канал 5 се работи за четиригодишно и 11 годишно дете, а жената имала 74 години, родум од Центар Жупа, а живееле во Равена, Италија. Тие починале на самото место, а за 33-годишната мајка која имала тешки повреди бил ангажиран хеликоптер за транспорт до клиника. Таткото, пак,кој го возел автомобилот, бил пренесен со амбулатно возило. Дека се работи за македонски државјани потврдија од македонското МНР, од каде соопштија дека амбасадата во Љубљана е во комуникација со тамошните институции за понатамошниот тек на постапката. За несреќата има детали и во билтенот на словенечката полиција.

- На 27 август околу 16:30 полицијата била известена за сериозна сообраќајна несреќа на автопатот, помеѓу Унец и Равбаркоманда. Учествувале камион и патничко возило. На местото на настанот веднаш биле испратени неколку полициски патроли и пожарникари. Товарното возило поради дефект останало за прено на лента за застанување. Возачот на патничкиот автомобил удрил во задниот дел од приколката. Во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекар на местото на несреќата констатирал смрт на три лица.-МВР на Р. Словенија

Словенечките медиуми споделуваат и детали како настанала трагедијата. Наводно камионџијата бил 64 годишен маж од Босна и Херцеговина и бил надвор од возилото па затоа не е меѓу повредените. Семејството се возело со Ауди А4 управувано од 39 годишниот маж, кој прво удрил во заштитната ограда, а потоа во камионот. Причината на судирот засега е непозната.

Километарските колони создале проблеми и за екипата на итната помош, која едвај пристигнала до местото на настанот. Според медумите имало и такви возачи кои не создале услови за коридор на брз проток на албулантното возило, а не ги почитувале ниту насоките од полицијата да не излегуваат од возилата.

Од моментот на судирот од попладне до полноќ автопатската делница накај Копер била затворена поради увидот на истражните органи и возилата биле пренасочувани кон Логатец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер