Три победи и јасна порака – Вероника Костовска меѓу најдобрите во Тбилиси - Канал 5

Три победи и јасна порака – Вероника Костовска меѓу најдобрите во Тбилиси

Вероника Костовска уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната сцена, забележувајќи три победи на престижниот Карате 1 – Серија А турнир во Тбилиси. 

Три победи и јасна порака – Вероника Костовска меѓу најдобрите во Тбилиси

Со сигурен настап, борбен дух и спортска зрелост, таа покажа дека припаѓа меѓу најдобрите, оставајќи силен впечаток против реномирани противнички. Како членка на Карате клуб Олимпик, Вероника го гради својот успех со континуирана работа, дисциплина и силна поддршка од стручниот тим.

Под водство на својот тренер Александар Кузманоски, нејзиниот напредок е јасен и препознатлив, а секој настап е чекор поблиску до врвните резултати.

Иако овојпат за малку изостана борбата за медал, нејзиниот настап претставува силна најава за идни успеси и уште една причина Македонија да биде горда на своите млади спортски надежи.

Вероника ВО првите три борби извојува убедливи победи, а со Катрлота Осарио Фернандез од Шпанија водеше израмнета борба која на крајот заврши со 2-4 во корист на Шпанката.

Јована Мицовска и Данило Божовиќ забележаа по една победа. За жал, никој не доби шанса за репасаж и подобрување на пласманот.

Во Тбилиси учествуваа 1252 каратисти со 1190 натпреварувачки влезови од 77 држави.

Резултати – Карате 1 Серија А:

61 кг

Викоторија Јовановска – Гулај Орујова (Азербејџан) 3-9

Јована Мицовска – Карла Бохнхоф (Данска) 5-0

Јована Мицовска – Ана Проценко (Украина) 2-6

Вероника Костовска – Лаура Лисац (Хрватска) 9-1

Вероника Костовска – Рената Арабли (Азербејџан) 8-2

Вероника Костовска – Јеонгеун Ан (Јужна Кореја) 8-0

Вероника Костовска – Катрлота Осарио Фернандез (Шпанија) 2-4

-75 кг

Петар Заборски – Ахмед Али (Германија) 6-10

-84 кг

Данило Божовиќ – Никита Бузицков (ВКФ) 2-0

Данило Божовиќ – Сурен Косакјан (Ерменија) 4-5

Реџеп Рушити – Гор Нерсисјан (Ерменија) 1-3

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапува

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.

Цените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за 1,479%, кај екстра лесното масло за 1,462% и кај мазутот има зголемување од 4,079%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,2931%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 14.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,742 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

КХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпад

Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Одговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните.

Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции.

Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо.

Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата.

Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда.

„За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет.

Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот.

ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните.

Две години работа.

Две години резултати.

Една љубов – Македонија!

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер