Три од три за Алкалоид на Европскиот шаховски клупски куп

Во третото коло на Европскиот клупски куп, шахистите на Алкалоид имаа тежок дуел со израелски Бер Шева во кој извојуваа тесна победа со 3,5: 2,5 поени. 

Цел поен за македонскиот тим донесе Ајрун Еригаиси против Виктор Михалевски, додека другите пет партии завршија реми.

По три кола, осум екипи помеѓу нив и Алкалоид имаат максимални шест бода.

Во четвртото коло Алкалоид за противник ќе го има словенечки Тајфун.

Папата Франциск ги минимизира здравствените проблеми во новата книга: „Добро сум“

Папата Франциск, кој минатиот месец наполни 88 години и поради настинка побара од помошникот да прочита поголем говор, во новата книга вели дека се чувствува здрав и дека не планира да се повлече од функцијата.

„Добро сум“, пишува Папата во автобиографијата што во вторникот излезе во продажба во повеќе од 100 земји. „Реалноста е, едноставно, дека сум стар“, додава тој.

Папата, кој сега често користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот, вели: „Со црквата управуваат главата и срцето, а не нозете“.

Франциск, по потекло од Аргентина и првиот папа од Латинска Америка, ја раководи црквата со 1,4 милијарди членови од 2013 година.

Во последните две години неколку пати имал грип. Тој исто така имаше операција во 2021 година за да се справи со болната состојба наречена дивертикулитис, и повторно во 2023 година за хернија.

„Секогаш кога папата ќе се разболи, секогаш изгледа како да дуваат ветрови на конклава“, вели Франциск во книгата, мислејќи на тајната средба на католичките кардинали кои еден ден ќе го изберат следниот понтиф.

„Реалноста е дека ниту на денот на операцијата не размислував да дадам оставка“, вели тој.

Новата книга, насловена „Надеж“, е втора од двете книги на Папата за две години, по мемоарите објавени во март 2024 година.

Мондадори, италијанскиот издавач на книгата, рече дека Франциск првично планирал новата книга да биде објавена по неговата смрт, но сепак одлучил да биде објавена за време на тековната католичка света година, која исто така се фокусира на темата на надежта.

Во книгата од 303 страници, Папата се осврнува на неговиот живот во Буенос Аирес, на неговата епископска кариера во Аргентина и на некои од одлуките што ги донел како поглавар на светската католичка црква.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст во водите на Охридското Езеро за Водици.

Архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан ќе раководи со чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление.

Архиепископот Стефан ќе го положи Светиот крст во езерото кај Градското пристаниште во Охрид, пред традиционално голем број верници и оние што ќе влезат во студените езерски води.

Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари. Чествувањата на Богојавленските празници во Охрид ќе се одбележат со сите црковни обичаи, но ќе има и сенародна веселба во организација на локалната самоуправа.

За добро празнично расположение на Водици се задолжени Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата „Де-Ен-Ка“, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“, додека за утредента кога се празнува Денот на рибарите за забава се ангажирани членови од охридскиот музички еснаф.

Шолц: Инцидентите во Балтичко Море се дел од хибридната стратегија

Шолц: Инцидентите во Балтичко Море се дел од хибридната стратегија што им се заканува на европските земји.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека низата инциденти во Балтичкото Море мора да се сфатат како дел од хибридната стратегија што им се заканува на европските земји.

Говорејќи во пресрет на состанокот на лидерите на НАТО во Хелсинки, германскиот канцелар ги повика балтичките земји да дејствуваат на координиран и брз начин во регионот на Балтичкото Море, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс, пред состанокот на членките на НАТО, што се одржува денеска во Хелсинки, изјави дека европските држави мора да бидат подготвени да се соочат со нови инциденти во Балтичкото Море по неодамнешното оштетување на подводната инфраструктура.

На денешната средба ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО Марк Руте, данската премиерка Мете Фредериксен, германскиот канцелар Олаф Шолц, летонскиот претседател Едгарс Ринкевич, литванскиот претседател Гитанас Науседа, полскиот премиер Доналд Туск, шведскиот премиер Улф Кристерсон и извршниот потпретседател на Европската комисија Хена Виркунен, наведено е на веб-страницата на НАТО.

Домаќини на самитот се претседателот на Финска, Александар Стуб и премиерот на Естонија, Кристен Михал.

притисни ентер