Три нови случаи на голема кашлица во Македонија изминатите 7 дена регистрира ИЈЗ - Канал 5

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија изминатите 7 дена регистрира ИЈЗ

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од први до седми ноември, објави Институтот за јавно здравје.

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија изминатите 7 дена регистрира ИЈЗ

Два од пријавените се од Скопје и еден од Кратово. Како што информираат од Институтот за јавно здравје се работи за две бебиња, под една година, кои биле невакцинирани, и едно лице над 50 години, со непознат вакцинален статус“. Двете лица се хоспитализирани.

Според доктор Драган Кочински од Институтот за јавно здравје, не станува збор за алармантна ситуација, односно Институтот забележува тренд на намалување на заболените од голема кашлица. Епидемијата на голема кашлица во Тетово деновиве ќе биде одјавена, додека се уште се активни епидемиите во Скопје и Куманово. За да се одјави епидемијата потребно да се прогласат два инкубациски периоди односно 42 дена од последниот регистриран епидемиолошки поврзан случај. Доктор Кочински апелира да се заджи трендот на вакцинирање кои забележал раст во првите шест месеци од годинава.

Досега годинава се регистрирани 1.154 лица заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболените се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени имало регистрирано и во 22 други градови низ Македонија.

„Од вкупниот број на случаи (1.154), 731 случаи, односно 63,3%, не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација“, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

YouTube video

Генерален штрајк во Белгија

Според синдикатите, со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лица. 

Генерален штрајк во Белгија

Во организација на двата најголеми белгиски синдикати, Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ) денеска во Белгија се одржува еднодневен генерален штрајк поради плановите на Федералната влада за намалување на буџетските трошоци за социјални цели и за реформи во пензискиот систем.

- Овие владини мерки ги поткопуваат правата на работниците и темелите на социјалната солидарност во Белгија, се наведува во заедничката синдикална најава за штрајкот.

Според синдикатите, со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лица.

- Соочени со Влада која ги штити интересите на големите компании и најбогатите на сметка на работниците, пензионерите, младите, жените и најранливите граѓани, повикуваме на масовен отпор низ целата земја, се додава во пораката.

Во рамки на штрајкот предвидени се протестни маршови во Брисел, Антверпен, Гент, Шарлроа, Турне, Ајпен, Вервје, Лувјер, Лиеж и Намур.

Централниот протест ќе се одржи во Брисел. Тој ќе започне во 10 часот од пред железничката станица „Брисел-Север“, од каде демонстрантите ќе се упатат кон плоштадот Монт де Арт, кој се наоѓа во централното градско подрачје во реонот на Кралската палата и зградите на Федералниот парламент и на повеќе државни институции. На плоштадот е предвидено да се одржи собир на кој ќе се обратат неколкумина синдикални претставници.

За време на претходниот генерален штрајк на 31 март беше блокиран поголем дел од земјата, но на денешниот протест нема да учествуваат вработените во јавните комунални служби и општините, кои се очекува да функционираат нормално, како и во образовниот сектор.

Поради штрајкот се очекува да бидат откажани 30 до 50 проценти од летовите на бриселскиот аеродром „Завентем“, додаде останатите слетувања и полетувања се очекува да се реализираат со можни доцнења. Од друга страна, откажани се сите летови од аеродромот „Брисел-Шарлроа“, од каде сообраќаат и авионите на релација Скопје-Брисел и обратно. На патниците за Скопје им е препорачано да го презакажат патувањето за друг ден, а во случај на неопходност за патување во текот на денов да се пренасочат кон аеродромот во Мастрихт.

Се очекуваат и прекини и застои и во јавниот превоз низ Белгија. Белгиската државна железница СБЦБ/НМБС соопшти дека очекува прекини на железничкиот сообраќај до вечер до 22 часот, додека бриселското јавно сообраќајно претпријатие СТИБ/МИВН предвидува „сериозни нарушувања“ на автобуските, трамвајските и метро линиите. Операторите за јавен превоз, сепак, информираа дека „ќе работат на обезбедување алтернативни услуги“. /МИА

Отворање на Танц Фест 2025 и 45 години творештво на Рисима Рисимкин

 На Меѓународниот ден на танцот - 29 Април, вечер во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде отворено 21-то издание на Танц Фест Скопје 2025, кој годинава ќе се одржува до 13 мај.

Отворање на Танц Фест 2025 и 45 години творештво на Рисима Рисимкин

Фестивалот ќе биде отворен со читање на домашната порака по повод Меѓународниот ден на танцот од Адријана Данчевска Ровчанин, која беше избрана за овогодишна авторка на пораката од Танцовиот одбор на ИТИ Македонија.

На свеченото отворање традиционално ќе биде доделена наградата „Менада“ на Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера.

Отворањето ќе биде збогатено и со краток перформанс на UCSB Танцова Компанија, од Калифорнија, Санта Барбара, кој е вовед во целосната изведба нивната продукција „Рефракции - гласови на светлината и темнината” која ќе ја видиме на 30 април во МКЦ.

Кулминација на вечерта ќе биде светската премиера на „Идентитети – будење“, третото и последно дело од трилогијата „Идентитети“, со што ќе се одбележи 45-годишниот јубилеј на уметничката кариера и творештво на Рисима Рисимкин.

Во февруари 2025 година, Рисимкин беше одликувана со престижното француско признание Витез од Редот на уметностите и книжевноста на Франција за нејзиниот значаен придонес во развојот на современиот танц и културата.

Стармер се сретна со палестинскиот лидер

Британскиот премиер се сретна со палестинскиот лидер, додека Лондон го претставува пакетот за поддршка на палестинските територии

Стармер се сретна со палестинскиот лидер

Британскиот премиер Кир Стармер го прими шефот на Палестинската самоуправа, Мохамед Мустафа, синоќа во Лондон, откако Даунинг стрит 10 објави пакет за финансирање од 101 милион британски фунти за палестинските територии како знак на „непоколеблива поддршка“ од Велика Британија, јави ДПА.

Стармер за време на состанокот со Мустафа изјави дека разговорите се фокусирале на тоа како што поскоро да се продолжи со прекинот на огнот во Газа и „брзо и обемно да се достави хуманитарна помош“.

Велика Британија најавува пакет за поддршка на палестинските територии, вклучувајќи 101 милион фунти за хуманитарна помош, економски развој, зајакнување на управувањето и реформи.

Стармер се ракуваше со палестинскиот лидер пред неговата резиденција пред да одржи разговори внатре, за време на кои повтори дека решението за две држави меѓу Израел и Палестинците е „единствениот вистински ефикасен начин за постигнување мир“.

„Ова е многу комплицирано, но мислам дека е потсетник дека треба да се справиме со коренскиот проблем на сето ова, а тоа е недостатокот на имплементација на решението за две држави“, рече Мустафа.

Израел го блокираше влезот на храна, гориво, лекови и други хуманитарни залихи во Газа од 2 март. Израел продолжи со бомбардирањето на 18 март, прекршувајќи го прекинот на огнот во долготрајната војна, и зазеде големи делови од Газа со наведена цел да изврши притисок врз исламистичката група Хамас да ослободи повеќе киднапирани израелски заложници.

Светската програма за храна минатата недела соопшти дека нејзините залихи од храна во Појасот Газа се потрошиле за време на блокадата, со што е прекинат главниот извор на егзистенција за стотици илјади Палестинци. /MИА

притисни ентер