Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
2Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
3Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
КултураТри награди за Женскиот младински хор при МКЦ на натпревар во РоманијаЖенскиот младински хор при Младинскиот културен центар под диригентската палка на Сашо Татарчевски освои три награди на 5. Меѓународен хорски натпревар „Ливиу Борлан“ кој од 3 до 6 септември се одржа во Баиа Маре, Романија.Во конкуренција на хорови од повеќе европски држави, женскиот младински хор при МКЦ освои златна диплома од стручното жири, како и две специјални награди од фондацијата „Stephen's tower“ и од романските мас-медиуми. Хорот изведе дела од романскиот композитор Ливиу Борлан, Џовани Анимуча, Рамиро Реал, како и дело од македонскиот композитор Тодор Скаловски. - Оваа меѓународна активност која беше поддржана во Годишната програма на Министерството за култура претставува огромен успех во меѓународната афирмација на македонската хорска уметност, особено ако се земе во предвид дека Женскиот младински хор при МКЦ е еден од ансамблите со најдолга традиција во Република Македонија. Овој женски хорски состав во својата четиридецениска историја освоил бројни награди на фестивалите ширум светот, меѓу кои се и златните медали на натпреварите во Чешка и Хрватска, како и високите признанија во Полска, се наведува во соопштението од Министерството за култура. Со поддршка од Министерството и Град Скопје, утре и задутре Мандолинскиот оркестар при МКЦ, под диригенство на Ванчо Јовчев, ќе учествува на Меѓународниот фестивал за хорови и оркестри „Виена мјузик фестивал” што ќе се одржува во Виена. Инструменталистите од овој оркестар, кој е промотор на македонското музичко творештво, првиот концерт ќе го одржат во познатата готска катедрала „Вотив“ каде што, придружувани од младата виолинистка Ева Богоевска ќе настапат со композиција од Џон Вилијамс и адаптација на Борјан Цанев. Вториот концерт, Мандолинскиот оркестар при МКЦ ќе го одржи во концертната сала „Ехрбар“ каде што повторно заедно со Ева Богоевска ќе изведат музичка програма со дела од Бах, Шуберт, Шостакович, а пред публиката ќе биде претставено и македонското творештво преку делото „Македонско Капричо“ на композиторот Драган Шуплевски. На фестивалот, кој има ревијален карактер, годинава учествуваат ансамбли и хорови од Италија, Норвешка, Финска, Полска, Чешка, САД и Словенија. Мандолинскиот оркестар при МКЦ, кој е формиран во 1981 година, досега има настапувано на музички фестивали од ревијален карактер во Полска, Португалија, Белгија, Шкотска, Чешка, Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Германија и Данска, достојно претставувајќи ги македонските музички и културни потенцијали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓанитеЗаменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш. Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти. Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води. На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението. „Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска. Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население. МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter