Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс – прва во историјата на Македонија - Канал 5

Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс – прва во историјата на Македонија

Три месеци затворска казна доби 61 годишниот Љубе Крстевски за бруталното претепување со смртни последици на кучето Феликс, додека Бранко Билбиловски кој му помогнал да однесат и фрлат кучето до контејнер доби парична казна од 1000 евра. 

Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс – прва во историјата на Македонија

Пресудата на Крстевски е прва со затворска казна за кривичното дело Мачење на животни во Македонија. За ова дело, Кривичниот законик предвидува парична казна или максимална казна затвор до шест месеци, за оној кој грубо злоупотребува животно, го изложува на непотребни маки, му нанесува непотребни болки или заради иживување го изложува на страдање..

Директорката на ЈП „Лајка“ за Канал 5 вели дека иако очекувале повисока казна поради експлицитните докази, сепак ова е чекор напред за правично постапување кон секој кој измачува животни, што треба да стане пракса во македонското судство.

- Ова ќе испрати силна порака во јавноста и силна порака кон сите оние насилници кои што постапуваат насилнички и измачуваат животни. Таквите случаи се безброј кај нас во Македонија и овој преседан, историска одлука повторно сметаме дека ќе служи за поука и ќе биде нешто во кое што судот ќе го практикува и понатаму и ќе влезе конечно во нашата пракса. Сметаме дека ваков правичен однос и ваква правична казна за измачување на животни и убиства на животни ќе ја подобри генерално состојбата, благосостојбата и како се перцепираат животните во Македонија,- Радмила Пешева – директорка на ЈП „Лајка“ .

Пресудата ја нарекоа историска и од граѓанската иницијатива Зелен хуман град Според нив таа е доказ дека секое животно заслужува правда.

Според обвинението, лани во ноември Крстевски со тврд предмет во повеќе наврати го удирал кучето во главата без оправдана причина нанесувајки му потрес на мозокот и хематоми. Потоа, заедно со Билбиловски мислејќи дека кучето е мртво го врзале со жица, го влечеле и го фрлиле во контејнер. Кучето потоа беше згрижено од ЈП Лајка, но по два месеца, и покрај напорите на ветеринарите, Феликс почина од насените повреди.

За вакви дела, Кривичниот законик предвидува парична казна или максимална казна затвор до шест месеци, за оној кој грубо злоупотребува животно, го изложува на непотребни маки, му нанесува непотребни болки или заради иживување го изложува на страдање..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски: Не бегаме од одговорноста, излегуваме пред граѓаните со отчет

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

Максим Димитриевски: Не бегаме од одговорноста, излегуваме пред граѓаните со отчет

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото 'Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија', на кои пред јавноста го презентира сработеното во изминатите две години на своите именувани и избрани функционери и отвора директен разговор за она што е направено и постигнато за Македонија.

Пред граѓаните во Гевгелија, претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, порача дека ЗНАМ не бега од одговорноста, туку напротив, застанува пред граѓаните со отчет за сработеното и јасна визија за периодот што следува.

„Ние сме единствената политичка партија која на половина мандат излегува пред граѓаните и кажува што сме ветиле, што сме направиле и што останува да направиме. Затоа што знаеме кои сме, знаеме зошто сме влезени во политиката, знаеме што сме сработиле, знаеме што сме постигнале и знаеме каде одиме. Не бегаме од одговорноста и не се плашиме од отчетот пред граѓаните“ порача Димитриевски.

Оттука, од ЗНАМ посочуваат дека политичката одговорност не завршува со изборите. Довербата не се бара само во моментот кога се гласа, таа се оправдува со работа, со резултати и со подготвеност јавно да се застане зад донесените одлуки и преземените обврски.

Димитриевски истакна дека најважно е граѓаните сами да можат да го видат резултатот од преземената одговорност и да препознаат што е направено во изминатиот период.

„Не бараме од граѓаните да ни веруваат само затоа што сме кажале дека ќе направиме нешто. Сакаме граѓаните да видат што е направено, да го почувствуваат резултатот и самите да оценат дали сме ја оправдале довербата што ни ја дадоа. Пред нас има уште работа, уште многу предизвици, но имаме јасна цел и знаеме по кој пат треба да продолжиме.“ потенцираше Димитриевски.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа и координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, проф. Бобан Карапејовски, државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Надица Џерковска, и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски. Тие говореа за конкретните резултати од работата во Собранието и Владата, за донесените законски решенија, поддршката за земјоделството и македонскиот земјоделец, како и за мерките и активностите за унапредување на безбедноста на граѓаните.

По две години работа, ЗНАМ продолжува со истата обврска, да работи, да испорачува резултати и да биде меѓу граѓаните. Со јасна цел, со одговорност и со верба во Македонија.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Војската на Кина спроведе заедничка поморска и воздушна вежба околу спорен гребен во Јужното Кинеско Море, беше објавено денеска.

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок.

Кинеската армија: Одговор на провокации

Во соопштението на платформата WeChat, Командата на Јужниот фронт на Народноослободителната армија ја опиша операцијата како неопходен одговор на дејствијата на „одредени земји“ за кои тврди дека го поткопале регионалниот мир и стабилност.

Кинеската војска изјави дека целта на воената вежба е „да се потврдат и подобрат борбените способности во заштитата на територијалниот суверенитет и поморските права и интереси на Кина“.

Филипинската амбасада во Пекинг не одговори веднаш на барањето за коментар за кинеската воена вежба околу гребенот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Лишено од слобода лице барано со потерница за сторени кривични дела изнуда и насилство .

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Денеска (27.09.2026) во 9:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Единицата за интервента полиција при СВР Скопје во дворот на негововиот дом го лишија од слобода Ц.А.(26) баран по централна потерница од 06.08.2026 од Основен Суд Скопје-1 по член 258 ст.1 вв член 22 изречена мерка притвор и централен распис од 17.04.2026 од СВР Скопје за сторено кривично дело по член 386 ст.6.

Од страна на Единицата за интервента полиција при СВР Скопје Ц.А. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постака, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер