Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
1Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
БалканТри месеци затвор за жената, која го запали српското знаме во Нови Сад (ФОТО)Вишото јавно обвинителство во Нови Сад го објави настанот од 20 септември кога жената М.М., на улицата Партизанска, Нови Сад, го тргнала знамето на Србија од зградата на фирмата „Техно-ферум“, го фрлила на тротоар , го згазнала, а потоа го запалила.Обвинителството наведува дека настанот е законски оквалификуван како кривично дело против угледот на Србија, кое предвидува казна затвор до три месеци, објави Телеграф. -Во досегашните дејствија и мерки, во соработка со Полициската управа во Нови Сад, осомничената М.М е лишена од слобода до 48 часа, при што е приведена и сослушана во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад за околностите на извршувањето. По сослушувањето на осомничената, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад му предложило на Високиот суд во Нови Сад таа да биде притворена поради ризик од бегство, ризик од мешање во постапката со влијание врз сведокот и ризик од повторување на делото. – велат од обвинителството. View this post on Instagram A post shared by NS Uživo (@nsuzivo.rs) Како што додаваат, обвинителството согласно законот ќе ја спроведе постапката во која ќе ги собере сите докази и ќе ги преземе сите потребни дејствија за да донесе јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде известена во навремено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети. Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената базаПатнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба. Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување. Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури. Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“. Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу. Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка. Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат. Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил 46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter