Три марки влажни марамчиња се повлечени откако биле откриени како загадени со смртоносна бактерија – 51 лице веќе заразено - Канал 5

Три марки влажни марамчиња се повлечени откако биле откриени како загадени со смртоносна бактерија – 51 лице веќе заразено

Здравствените власти во Велика Британија ги повикаа граѓаните да ги проверат своите комплети за прва помош поради три марки марамчиња за чистење кожа кои се поврзуваат со епидемија на потенцијално смртоносна бактерија.

Три марки влажни марамчиња се повлечени откако биле откриени како загадени со смртоносна бактерија – 51 лице веќе заразено

Истрага на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) покажа дека нестерилните марамчиња биле загадени со бактеријата Burkholderia stabilis.

Властите потврдија дека 51 лице било погодено од епидемијата во Велика Британија помеѓу 2018 и 2025 година.

Иако досега нема починати, „UKHSA“ соопшти дека „има случаи на сериозни инфекции кои барале болничко лекување“.

Овој вид бактерии обично не влијае на пошироката популација, но може да предизвика инфекции кај лица со ослабен имунитет и кај болни од цистична фиброза.

Поголем е и ризикот кај луѓето кои ги користеле овие марамчиња при подготвување на интравенски (IV) линии дома, преку кои се даваат лекови или течности.

Се смета дека случаите се поврзани со три конкретни марки марамчиња за кожа, кои не содржат алкохол и не се обележани како стерилни:

Тестирањата откриле дека и четврта марка, била загадена – но со друга бактерија, не со Burkholderia stabilis.

Овие производи, кои се користеле за чистење на кожа и рани, веќе се повлечени од продажба, но се предупредува дека сè уште може да се најдат во комплети за прва помош.

Во ретки случаи, Burkholderia stabilis може да предизвика сериозна инфекција на крвта што може да биде животозагрозувачка.

„UKHSA“ ги повикува сите кои ги имаат наведените марамчиња да ги фрлат во куќниот отпад како мерка на претпазливост.

Ако сте ги користеле, не мора да барате медицинска помош освен ако не развиете одредени симптоми:

-рана или повреда со црвенило, оток, зголемена болка, топлина околу неа, гној или друг исцедок;

-инфекција поврзана со интравенска линија, со црвенило, оток, болка на местото на вметнување, или треска и треперење.

Во иднина, експертите советуваат да се користат само марамчиња означени како „стерилни“ за повреди, исеченици или кожа со отворена рана, и да се провери пакувањето дали е оштетено и дали производот е сè уште во рок на траење.

Секој производ што е оштетен или му е истечен рокот треба веднаш да се фрли во куќниот отпад, пренесува Дејли Мејл.

Доколку самостојно ракувате со IV линија дома, треба да ги користите марамчињата само по препорака на медицински персонал.

Се додава дека и другите нестерилни марамчиња без алкохол (иако не се дел од ова предупредување) не треба да се користат за повреди или отворени рани, бидејќи „нивната безбедност не може да се гарантира“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. 

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф.

Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето.

Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки.

Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата.

И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“.

Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете ги снимките од инцидентот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер