СветТри лица убиени во напад со нож на МенхетенТри лица се убиени во напад со нож на Менхетен, а полицијата уапсила осомничен кој, според властите, ги извршил нападите без очигледна причина.Рамон Ривера, 51-годишен бездомник, вчера е обвинет за три убиства, соопшти њујоршката полиција, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Првата жртва, 36-годишниот Анхел Лата Ленди, бил убиен околу осум часот наутро додека работел на градилиште. Два часа подоцна, 68-годишен маж починал од повеќе убоди. Идентитетот на втората жртва не е соопштен. Третата жртва, 36-годишна жена, имала повеќе убодни рани во градите и раката и била пренесена во болница, каде подоцна починала. BREAKING: video shows today’s knife-wielding maniac putting on gloves and then preparing his knife before going on a murderous rampage. 2 men were brutally stabbed to death. 1 woman savagely stabbed, in critical condition. This is Soros D.A. Alvin Bragg’s Manhattan. pic.twitter.com/4y5XD5aRyM — Dapper Detective (@Dapper_Det) November 19, 2024 Осомничениот досега бил уапсен осум пати и се верува дека има проблеми со менталното здравје, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во ДаблинПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на ВучиќКривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата. Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава. СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи. Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот. Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски. По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа. И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника. Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава. Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее. Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група. Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара. Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад. Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook