Три лица со дрвени и железни палки претепале вработен во „Водовод“ во Шуто Оризари - Канал 5

Три лица со дрвени и железни палки претепале вработен во „Водовод“ во Шуто Оризари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 од Кривичниот законик. 

Три лица со дрвени и железни палки претепале вработен во „Водовод“ во Шуто Оризари

На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот.

Додека тој го паркирал возилото пред влезната врата на објектот, тројцата осомничени го нападнале од зад грб, видно агресивни без посебен повод или причина.

Започнале да го удираат со дрвени и железни палки, клоци и боксови по главата и по телото, нанесувајќи и на жртвата тешки телесни повреди – фрактури на повеќе коски.

Со насилството била предизвикана вознемиреност и страв и кај други лица – сведоци на настанот.

До овој момент лишен е од слобода еден од осомничените, 29-годишник за кого јавниот обвинител денеска поднесе предлог за определување мерка притвор до Судот, поради можноста да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците и врз оштетениот.

Останатите двајца осомничени се идентификувани две лица од Сингелиќ на возраст од 38 и 40 години, но се во бегство од моментот на извршување на делото, па јавниот обвинител издава насоки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

Трамп ја тужи Калифорнија поради високите цени на јајцата

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата .

Трамп ја тужи Калифорнија поради високите цени на јајцата

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата низ целата земја.

Во тужбата се наведува дека Калифорнија го прекршува сојузниот Закон за инспекција на јајца од 1970 година, кој бара национално единство во стандардите за безбедност на јајца. Според Министерството за правда, само федералната влада има право да регулира квалитет, инспекција и пакување на јајца.

„Калифорнија забранува користење на стандардни земјоделски методи кои овозможуваат пониски трошоци за производителите“, се наведува во соопштението на Министерството.

Државата Калифорнија има неколку закони кои бараат кокошките да се чуваат во услови што им овозможуваат да легнат, станат, да ги рашират крилјата и слободно да се движат. Овие иницијативи беа усвоени со референдуми во 2008 и 2018 година.

Министерството за правда тврди дека овие правила не само што се прекумерни, туку и негативно влијаат на достапноста и цената на основни прехранбени производи за американските потрошувачи.

Трамп: Царини од 50 проценти за бразилските производи како поддршка за поранешниот бразилски претседател Болсонаро

- Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам, напиша Трамп во писмото, опишувајќи го гонењето на поранешниот бразилски ултрадесничарски лидер како „лов на вештерки (што) мора веднаш да заврши“.

Трамп: Царини од 50 проценти за бразилските производи како поддршка за поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера испрати писмо до бразилскиот колега Луис Инасио да Силва во кое го информира дека планира да воведе дополнителни царини од 50 проценти за бразилските производи како одговор за кривичното гонење на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

- Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам, напиша Трамп во писмото, опишувајќи го гонењето на поранешниот бразилски ултрадесничарски лидер како „лов на вештерки (што) мора веднаш да заврши“.

Министерството за надворешни работи на Бразил претходно објави дека го повикало вршителот на должноста амбасадор на САД на разговори во знак на протест поради поддршката на Амбасадата за Болсонаро, против кого има судски процес за обид за државен удар.

- Ние сме суверена земја. Не прифаќаме мешање или туторство од никого, изјави Силва на 7 јули, откако Трамп побара од Бразил да го „остави на мир“ поранешниот претседател Болсонаро.

Стартна победа на македонските јуниори на Балканското првенство во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација до 19 години со победа го почна настапот на Балканскиот шампионат во Бања Лука, откако синоќа во воведното коло триумфираше над домаќинот Босна и Херцеговина со 3:1 (25:20, 25:23, 20:25, 25 :15).

Стартна победа на македонските јуниори на Балканското првенство во одбојка

Македонија денеска од 15:30 часот ќе се сретне со Романија, која вчера беше поразена од Турција со 3:1.

Македонските одбојкарски јуниори се дел од групата А во која завршниот дуел против Турција ќе го одиграат утре во терминот од 15: 30 часот.

Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.

притисни ентер