Црна хроникаТри лица се тешко повредени во три сообраќајни несреќи во Битола, прилепско и радовишкоНа 01.02.2026 во 04:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Партизанска" во Битола, патничко возило ,,мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво. Б.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. На 31.01.2026 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Битола во близина на с.Галичани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(31) од Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(38) од с.Горно Оризари, битолско, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(18) од с.Крклино, битолско и патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп. На 31.01.2026 во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат Р 2431 од планината Плачковица кон Радовиш, запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, излетало надвор од патот. При тоа, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Б.(23) од Радовиш, а повредите биле констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото е извршен од екипа на ОВР Радовиш. А.Б. (45) и К.Б., кои исто така се превезувале на запрежното возило, со возилото го напуштиле местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, возилото и дрвата се пронајдени и предадени на Шумска полиција Радовиш, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко РистовПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Тој е обвинет за непријавување имот, прикривање имот и перење пари, откако истражителите пронајдоа заѕидани 350.000 евра во кујната од домот на неговите родители во Неготино. Судијата Ристов негира вина и тврди дека парите не се негови, а одбраната најави презентирање документи за потеклото на средствата. Случајот го води судијката Билјана Коцевска од одделот за гонење организиран криминал. Вчера се случи и инцидент во кој беше опожарен патничкиот автомобил „фолксваген пасат“ што го користел обвинетиот судија.Тагови: судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните.Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации. Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во СобраниетоХристијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. Не може! Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата. Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава. Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг - кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги. Мицкоски не им се извини на граѓаните. Тој се обиде да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата беше празна, со цел да создаде привид на „исправка“. Но граѓаните не се наивни. Вистинското извинување значи признавање на грешката. Досега од Мицкоски видовме само театар. Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55