Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
МакедонијаТри кровни конструкции опожарени во вчерашниот пожар во ЗлокуќаниТри кровни конструкции се опожарени, а уште шест куќи се минимално оштетени по пожарот кој вчера избувна во населбата Злокуќани. Сопственикот на куќата од каде што започнал пожарот вели дека причината најверојатно била неисправна плинска боца, но не знае како точно се запалила куќата, бидејќи во моментот кога се случило тоа, тој не бил дома. Медицинска помош побарале вкупно седум лица, од кои тројца полициски службеници и еден малолетник кој поради повреда бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“. -Јас не сум бил тука во моментот кога се случи пожарот, бев кај брат ми у двор, ја поправав колата и одеднаш дојдоа децата од комшиите ме викнаа. -Ги извадиле сите надвор и побегнале до кај мене ми кажаа дека куќата гори. Док дојдов јас, немаше никаков пристап да се влезе. -Имаше една плинска боца, беше пукната таа од три кила. Тоа го предизвикало пожарот? Од боцата се има запалено кровот? –Невестата за јадење нешто таму за децата и од неа. Како пукнала, што пукнала, како избувнал не знам пошто не сум бил дома. Од протиповжарната служба велат дека интервенирале 10 возила и бил изгаснат пожарот околу полноќ, но поради тешко пристапниот терен потребно било прво да се исклучи и протокот на електрична енергија во околината. Според сопственикот на куќата, доколку немало толку возила кои биле на улицата, пожарникарите веројатно би ја намалиле штетата. -Пожарното возило дојдоа, ама они дојдоа покасно пошто не можеше да влезат, немаше пристап од коли и малку закаснија, задоцнија. Да беа во моментот една или две пожарни да беа, ќе се спречеше барем малце-малце, немаше толку да се прошири тој огнот, ама толку имаше могучност. Пожар настанал утринава околу 04:30 часот и во населбата Хиподром. Во гаражен простор во склоп на зграда во пожарот биле опфатени две патнички возила „мерцедес“ и „бмв“ како и еден мотоцикл „беверли“. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје велат дека пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад помош побарало едно лице. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаД-р Василевски петти ден штрајкува со глад пред Медицинскиот факултетПетти ден само со вода и електролити и без како што самиот посочува, ниту „залак“, доктор Дарко Василевски го продолжува штрајкот со глад на во паркот пред деканатот на Медицинскиот факултет. Вели исцрпен е, но се чувствува добро, и физички и психички. Досега од итна медицинска помош потреба немал, а првите, евентуални потешкотии и можна опасност по здравјето очекува по седмиот ден. Најтешки моменти, кога е сам во шаторот, му се недостасувањето на семејството, особено на 14 годишниот внук, и студот кој го облева во зори. -Мислам дека некаде после седмиот ден би можел да почувствувам изнемоштеност, слабост, срце биење, малаксалост, сепак и покрај тоа што внесувам течности, електролити, сепак организмот си бара и храна. Колку може да биде опасност за вас? Може. Кој е најзагрижен? Мислам дека внук ми, нему му е од една страна интересно, чичо спие во шатор, а од друга страна го чувстувам по гласот дека мисли дека нешто лошо ќе ми се случи. 13 – 14 години има. Он ми недостасува најмногу. Синоќа беше не сакам да доаѓа премногу често, малечок и би влијаело тоа на него. А, на вас? Мислам дека уште повеќе,- - д-р Дарко Василевски. Добар дел од неговите пријатели во клиничкиот центар го посетуваат и му даваат совети како да го одржи организмот во кондиција, но најгласен, вели, е советот да си оди дома и да си го чува здравјето. Но, дециден е, ништо нема да го одврати од замисленото и покрај, според него, молкот од институциите. Оптимист е и очекува совеста, како што вели, на крајот да проработи кај надлежните... -Се надевам дека на крајот ќе проработи разумот, дека ќе престане игнорантскиот однос и дека имаат шанса некои да станат херои од целата оваа ситуација. Од нив зависи дали ќе станат херои или ќе останат запаметени по некои други работи. Се надевам, јас сум оптимист и секогаш ги барам позитивните и добри страни во секој еден човек, така да се надевам дека и овде ќе проработи нечија свест и совет,- - Д-р Дарко Василевски. Василевски очекува да му се објасни зошто не е избран на конкурсот за вработување на медицинскиот факултет, и да се објавават критериумите и ранг-листите според кои биле избрани двајцата кандидати пред него. Воедно очекува да се преиспита дали бил дискриминират поради возраста, оти има 45 години, наместо да се земат предвид стручноста, искуството и знаењето. Од Медицинскиот факултет пак кажаа дека постапката била објективна и транспарентна, без Василевски да биде поставен во подредена положба, туку едноставно дека избраните кандидати биле подобро рангирани според формалното образование и интервјуто. Според податоците од деканатот, Василевски бил со просек од 8,20, а кандидатите кои биле вработени, со 9,29, односно 9,21. МОН во меѓувреме го повика да поднесе претставка за да се провери законитоста на постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаЃорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град.Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот. Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед. Дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. Светлината и водата повторно ќе внесат живот и убавина во срцето на градот, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08