Tри клучни совети за зачувување на мускулната маса во текот на стареењето - Канал 5

Tри клучни совети за зачувување на мускулната маса во текот на стареењето

Јаки и функционални мускули не се важни само за добар изглед - тие го одржуваат здравјето, го продолжуваат животниот век и го намалуваат ризикот од бројни болести.

Tри клучни совети за зачувување на мускулната маса во текот на стареењето

Како што старееме, мускулната маса природно се намалува, што ја зголемува веројатноста за фрактури при паѓање, слабост и хронични заболувања. Но, постојат докажани начини како да се одржат мускулите силни и здрави.

Протеините се основа на мускулната маса

Внесувањето протеини е клучно за градење и одржување на мускулното ткиво. Нутриционистот Каролин Томасон за „Eating Well“ нагласува дека „доволното внесување протеини помага да се зачува мускулната маса бидејќи протеините се основниот градежен блок на мускулите“.

Таа како храна богата со протеини ги истакнува пилешкото месо, рибата, јајцата, млечните производи, но и растителните извори како: што се тофу-то, гравот, леќата, јаткастите плодови и семките. Според Eating Well, студија од 2023 година објавена во „The Journals of Gerontology: Series A, Volume 78“ покажала дека на постарите лица им се потребни повеќе протеини отколку што се мислеше претходно - помеѓу 1,0 и 1,6 грама на килограм телесна тежина дневно. Тоа значи дека лице од 68 кг треба да внесе помеѓу 150 и 250 грама протеини дневно.

Сепак, внесувањето протеини треба да се прилагоди за луѓе со заболувања на бубрезите или други здравствени состојби. Затоа се препорачува консултација со нутриционист или лекар.

Редовна физичка активност

Мускулите што не ги користиме ослабуваат со текот на времето. Затоа е важно да останете активни во текот на целиот живот. Томасон истакнува дека секоја активност што вклучува носење тежина, од одење до трчање, помага во одржувањето на мускулната маса и здравјето на коските.

„Мускулите ги стимулираат коските за време на движењето, правејќи ги посилни. Покрај тоа, силните мускули го намалуваат ризикот од паѓања, што е особено важно како што старееме“, објаснува таа.

Нутриционистот Бони Тауб-Дикс се согласува, велејќи: „За да го направите вежбањето редовна навика, пронајдете нешто што ве прави среќни - прошетајте го вашето куче, танцувајте, одете на планинарење или одете во теретана. Не мора сè да се нарекува „вежбање“.“

Тренинг за сила

Тренингот за сила е еден од најважните облици на вежбање за одржување на мускулите со текот на годините. „Тренингот за сила не само што ги одржува мускулите, туку и ги гради, што има позитивен ефект врз метаболизмот и целокупното здравје“, вели Томасон.

Според „Eating Well“, експертите препорачуваат најмалку двонеделни сесии тренинг за сила кои ги вклучуваат сите главни мускулни групи. Ова можат да бидат вежби со тегови, со руско ѕвоно, еластични ленти или под дејство на вашата сопствена телесна тежина, како што се чучнувања склекови и исчекори.

Зошто мускулите се толку важни?

Постојат неколку причини зошто одржувањето на мускулната сила и здравје е важно, а „Eating Well“ истакна неколку од најважните фактори:

Поактивен метаболизам: Мускулите се едно од метаболички најактивните ткива. Повеќе мускулна маса значи повеќе согорени калории, дури и кога не правиме ништо.

Поздраво стареење и превенција од повреди: Мускулната маса природно се намалува со возраста, процес познат како саркопенија. Таа го зголемува ризикот од паѓања, фрактури и намален квалитет на живот. Редовното вежбање и исхраната богата со протеини помагаат во одржувањето на мускулната сила, што овозможува подолга независност и мобилност.

Помал ризик од хронични заболувања: Поголемата мускулна маса е поврзана со помал ризик од срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок и дебелина.

Поддршка на целото тело: Мускулите исто така имаат позитивно влијание врз другите системи во телото. Бидејќи имунитетот природно опаѓа со возраста, важно е секојдневно да се инвестира во физичката сила, а со тоа и во целокупното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов

Ливчињата со запишаните суми, пронајдени со 350 илјади евра заѕидани во семејната куќа на апелацискиот судија Ѓоко Ристов во Неготино, ги напишала неговата мајка Донка Ристова.

Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов

Ова е заклучокот на вештакот ангажиран од одбраната, кој на денешното судско рочиште тврдеше дека ракописот и цифрите не се напишани од обвинетиот Ристов.

-Согласно мислењето на кое останувам, Ѓоко Ристов е елиминиран со сигурност како можен скриптер. Неговата мајка Донка Ристова ги пишувала ливчињата во најлонската кеса со парите. - Емилио Фришчиќ – вештак.

Тој објасни и дека при пишување на хартија може да останат биолошки траги, доколку кожата директно ја допира површината. Но обвинителството тврди дека одбраната се обидува да ги поврзе ливчињата, напишани од мајката на Ристов, со ДНК-материјалот пронајден на фолијата, кој, според обвинителството, е директно поврзан со обвинетиот судија. Можноста за контаминација ја оцени како хипотетичко сценарио.

-Одбраната се обиде да направи ете спин некаков, да ги поврзе овие ливчиња испишани од Донка со ДНК материјалот најден на фолија кој е директно на обвинетиот Ѓоко. Веројатно спинот беше на линија на некаква контаминација, но тешко е да поверуваме дека ливчињата Донка ги допирала или вака триела од обвинетиот Ѓоко, па теоретски да дојдеме до некои хипотетичко и фантастично сценарио дека оттука доаѓа до пренос на ДНК материјал- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК.

Одбраната, пак, го оспорува пристапот на обвинителството во случајот со парите, прашувајќи како може да се тврди дека тие се на Ристов без да се посочи конкретно коруптивно дело од кое потекнуваат.

-Најдени пари во куќа и ѕид на друго лице, тврди дека се негови, при што вика: „Не постои ни еден коруптивен предмет кој јас можам да го укажам и од каде што се земени парите“. Арно ама, ние веќе неколку месеци водиме постапка за „жими мајка“,-изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат.

Во судница како сведок беше сослушан и таткото на сопругата на Ѓоко Ристов. Кажа дека за купување на стан во Карпош од 140 квадрати, учествувал со половина од парите односно 70 илјади евра. Обвинителката не го коментираше овој исказ бидејќи како што рече, тоа не е предмет на обвинението. Одбраната денеска кажа дека засега се откажува од тројца сведоци меѓу кои и Љупчо Пецов Ѓаволот, а следно рочиште за случајот е закажано за 3 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како протестите во Европа можат да влијаат врз проширувањето на ЕУ?

„Вирусот“ на протести, поттикнати од т.н. GEN Z  се шири нив Европа – последниот бран ја зафати Грција, откако илјадници ученици, студенти, наставници и други административни работници излегоа на протести во Атина и ширум земјата. 

Како протестите во Европа можат да влијаат врз проширувањето на ЕУ?

Се бараат подобри услови во образованието и мерки за справување со високите трошоци за живот.

Во меѓувреме се заоструваат антивладините протести и во соседна Албанија. Тензијата утринава се манифестираше и во парламентот, каде што дојде до физичка пресметка.

Студентите и професорите продолжија да бараат оставка од премиерот Рама пред неговиот кабинет. Рама повторно понуди „столчиња за дијалог“, овој пат бетонски, откако демонстрантите во два наврати ги искршија дрвените.

Анкета: Сите политичари, од двете партии, главните партии, треба да си заминат, во основа. Тоа е она што новата генерација го сака./ Корупцијата е на невидени нивоа, невидени во било која друга светска држава.

Пред нов протест е и Италија, оние кои ќе бидат насилни и ќе вршат кражби ќе подлежат на остри санкции, а се најавуваат и 500 војници на улиците на Милано за в Сабота. Оние кои протестираат возвратија дека им е доста ОД моменталните услови за живот.

Доста ни беше веќе од ова. Ние сме луѓе кои работиме, ние сме луѓе кои плаќаат кирија, ние сме луѓе кои плаќаме сметки и не можеме да истуркаме до крајот на месецот дури и со две плати. Преку глава ни е, ja преминавте секоја граница. Доста е, доста е и доста е.

А, дојде и до физички пресметка меѓу насобраните, односно со мигрантите.

Јас сум тунижанец, дипломирав тука, со италинаско државјанство и никогаш не сум направил глупост. Не гледате ли дека главата му е полна со пајажина. Искористи шампон.

Решителна акција против насилството и грабежите најави и францускиот претседател Макрон, откако улиците низ земјата се претворија во хаос. Француската полиција пак најави забрана за протести во делови од Париз и воведе полициски час за малолетници

Протестите се мешавина од GEN Z тренд и реални потреби и имаат сериозен потенцијал да го опфатат целиот континент, сметаат аналитирачите. Според нив, ваквите состојби можат да бидат сериозен удар за евроинтегративните процеси.

-Во моментот немирите кои се случуваат низ цела Европа, кои имаат потенцијал да ескалираат, се уште се третираат како социјален феномен на домашните земји членки, но доколку тие продолжат и се претворат во задгранично, меѓународно движење, може да влијаат на политичкиот апетит на ЕУ за проширување. Може да ги зафатат политичките елити со барања за домашни проблеми, пред да можат да се свртат на проширувањето како гео – стратегија. - Петар Арсовски – Аналитичар.

Според аналитирачите, сериозна опасност по евроинтегративните процеси е и растот на десничарските партии во „носечките“ земји на Унијата, како АФД во Германија партијата на Марин Ле Пепен во Франција, кои докодлку дојадат на власт најавуваат преиспитување на мигрантските политики, а особено и проширувањето на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултати

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос.

Минчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултати

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација.

Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси.

„Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат. Затоа ни е важна соработката со партнерите кои можат да придонесат со знаење, искуство и добри практики што ќе ги преточиме во конкретни резултати“ истакна министерот Минчев.

Посебно внимание беше посветено и на развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерот Минчев ги истакна досегашните активности и приоритетите за нејзиниот понатамошен развој. Во таа насока, беа разгледани можностите за вклучување на грчките институции во идните активности преку размена на искуства, развој на програми за обука, усовршување на обучувачите и пренесување добри практики.

Министерството за јавна администрација останува посветено на градење партнерства што придонесуваат за развој на професионални и одговорни административни службеници, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Целта на реформите е промените да не останат само на хартија, туку да се препознаат во секојдневното функционирање на институциите и во квалитетот на услугите што ги добива секој граѓанин.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер