ЗабаваТри хороскопски знаци кои до крајот на август ќе ја запознаат љубовта за целиот живот Ѕвездите во август ни приредија вистинска игранка на емоции, но некои од таа забава ќе излезат тажни и несигурни, додека другите ги очекува животна авантура.За овие три хороскопски знаци втората половина од август носи идеални услови за започнување на врска за целиот живот. Бик - Пред Биковите дефинитивно е највозбудливиот период за ова лето, а можеби и целата година. Што и да сте правеле досега во наредните денови ќе имате можност да започнете нешто сосема ново, возбудливо и долготрајно со личност која веројатно веќе извесно време е во вашиот живот, но вие не ја гледавте на тој начин. Најдобриот совет кој било кој може да ви го даде е во овој момент да се опуштите и да ги отворите очите затоа што идеалната прилика се крие поблиску од што мислите. Доколку одиграте како што треба до почетокот на септември веќе може да ја имате љубовта за која сонувате. За Биковите во врска, ова е идеален период за да го направат следниот чекор. Рак -Почетокот на месецот беше турбулентен кога станува збор за љубовта и можеби се чувствувате како едноставно да требате да мирувате извесно време, но немојте да се изненадите доколку во животот ви влезе некој сосема нов, неочекуван и на прв поглед комплетна спротивност од тоа што го сонувате - а всушност тоа ќе биде партнерот кој може да ви пружи среќа. Посебно би требало да обрнете внимание на личностите родни во знакот на Скорпија, Риба или Јарец, но ниту Девиците не би требало да ги тргате од радарот. Скорпија - Таинствените Скорпии треба да се подготват за голем шок, затоа што поп 14 август почнува период кога ќе се откријат бројни вистини - што можеби на прв поглед нема да ви делува како добра опција, но ќе ве натера да донесете важна одлука. Ова не се однесува само на љубовниот живот, но тој аспект е во преден план, пред се што Скорпиите деновиве ќе бидат зафатени со деловни состаноци и обврски,а можеби на патувањата на кои ќе запознаат многу нови луѓе. Помеѓу нив доста веројатно е дека ќе се најде и идеалната личност за вас, но пред да се впуштите во врска бидете сигурни дека сте расчистиле со минатото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали „Пулс“ имал документација- продолжи судењето за трагедијата во Кочани Дали објектот имал соодветен урбанистички статус и каква документација поседувал? Уште едно рочиште за „Пулс“ помина со серија прашања на одбраната на обвинетите кон тимот вештаци кои го изработија градежното вештачење на дискотеката. Во судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на денешното рочиште отвори прашања кои се однесуваат на урбанистичкиот статус и легалноста на самиот објект. Пред вештаците беа поставени прашања за документацијата и дозволите, со кои адвокатите ја насочија својата правна стратегија. По завршувањето на рочиштето, во изјави за медиумите, родителите на загинатите изразија остри реакции. Тие ги обвинија адвокатите дека преку ваквите прашања намерно ја одолговлекуваат судската постапка и ја кочат правдата за загубените животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло време со температура до 33 степени Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 18 Крива Паланка. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 19 Попова Шапка, 24 Крушево, 27 Берово, 28 Маврови Анови, 29 Крива Паланка, Претор, Прилеп, Виница, 31 Битола, 32 Тетово, Охрид, Штип, Струмица, 33 Демир Капија, Кавадарци, 34 Скопје – Петровец, 35 Скопје – Зајчев Рид, Велес, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес претпладне беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во источните делови од државата и тоа најпрво во североисточните, па потоа и во југоисточните, имаше појава на нестабилност со појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Локално процесите беа во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер, појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Во североисточните делови дуваше северозападен ветер кој повремено надминуваше брзина од 60 km/h. Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Камен пијан“ 67- годишен жител на Кадрифаково без возачка излетал од патот Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава.На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter