Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
БалканТри години од масовното убиство во „Рибникар“ – убиецот е во институција, судскиот процес за родителите се уште траеСрбија одбележува три години од една од најголемите трагедии – масакрот во белградското основно училиште Владислав Рибникар..8:41ч, 3ти мај, на час по историја, наместо лекиција, се слушнаа првите истрели кои одзедоа девет детски животи, завија семејства во црно, а го ужаснаа и потресоа целиот регион – Србија одбележува три години од една од најголемите трагедии – масакрот во белградското основно училиште Владислав Рибникар. Денеска, детскиот џагор на местото на злосторството е заменет со тишина и чекори на родителите и оние кои доаѓаат со свежо цвеќе во раката да одадат почит и да запалат свеќа, додека ги галат фотографиите на жртвите кои свирепо беа убиени од соученикот Коста Кецмановиќ. Секогаш ќе паметат каде биле кога ја слушнале веста, велат граѓаните на соседна Србија, како се молеле да не е нешто страшно, без да помислат дека се случило најстрашното – нешто за што и денеска се со неверување дека можело да се случи. Дневните обврски на моменти го одвлекуваат вниманието, но пред спиење и по будење, кошмарот засекогаш ќе остане, вели таткото на Ангелина Аќимовиќ, која по 12 дена борба, подлегна на прострелната рана. -Навистина, поради некои секојдневни обврски и активности, таа фокусираност на дневни обврски прави да привремено заборавите, но и понатаму, особено навечер или кога ќе се разбудам порано, тогаш тие мисли се секогаш, постојано, тој филм кој ми се создаде, како се случи тоа, што се случи во училницата, дали таа можела да избегне. Таа зеде една тетратка, А4 и се спуштила пониско под клупата и ја ставила на глава таа тетратка како да тоа ќе ја заштити, рефлекс. Секогаш ми е таа слика во глава и навистина верувам дека тоа никогаш нема да избледи,- Анѓелко Аќимовиќ – Родител на Ангелина Аќимовиќ . Тој злосторник е монструм без никаква емоција и е таму каде што треба да биде, со надеж дека ќе остане засекогаш, вели родителот за Коста Кецмановиќ, според кого, убиецот повторно би посегнал по животи ако биде на слобода. Аќимовиќ прочита и посвета за последниот ден на ќерката Ангелина, од нејзиното подготвување за во училиште, до прашањата кои никогаш нема да добијат одговор. -Не можев ниту во сон да помислам дека за 10 минути ќе ја доживее најголемата неправда на овој свет, нејзиниот живот и на нејзините другари во училиштето ќе бидат свирепо прекинати, како и сите нејзини соништа и надежи, ех, да знаев, па цврсто да ја гушнев и да не ја пуштав во училиште тој ден. Дали така требало да биде, барањето на одговорот ќе биде дел од животниот пат кој остана да го поминеме,- Анѓелко Аќимовиќ – Родител на Ангелина Аќимовиќ. Одбележувањето на трагедијата ќе биде денеска и утре, со целодневна програма, а утринава свежо цвеќе положија и бројни граѓани, високи функционери, како и владина делегација предводена од Премиерот Мацун. Убиецот Кецнамановиќ на овој ден пред три години, со оружјето на неговиот татко одзеде 10 животи – меѓу кои беа 9 деца помеѓу 11 и 14 години, како и на обезбедувачот во училиштето – попатно повреди уште пет деца и наставничката по историја и остави траума за илјадници. Тој во моментов е во специјализирана психијатриска болница и е под постојан надзор и мерки за безбедност, а каење, и по три години, во испитувањата и сведочењата каење нема покажано, според српските власти.Тагови: Рибникар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook