Три екипи со максимални девет бодови во Лига Европа - Канал 5

Три екипи со максимални девет бодови во Лига Европа

По одигрувањето на натпреварите од 3.коло од Лигата Европа само три екипи имаат максимален учинок девет бодови односно три победи.

Три екипи со максимални девет бодови во Лига Европа
На синоќа одиграните дуели третиот триумф го „запишаа“: Шахтјор, Шалке и Зенит.

Од македонските интернационалци за својата екипа Карабах настапи Муарем Муарем и беше асистент на вториот гол (87.минута) во победа од 2:0.

Резултати на натпреварите од 3.коло:
А група: Манчестер Јунајтед – Фенербахче 4:1 и Феенорд – Зорја 1:0.
Табела: Манчестер Јунајтед 6 бодови, Феенорд 6, Фенербахче 4, Зорја 1.
Б група: Јанг Бојс - АПОЕЛ 3:1 и Олимпијакос – Астана 4:1.
Табела: Олимпијакос 4, АПОЕЛ 6, Јанг Бојс 4, Астана 1.
Ц група: Сент Етијен – Габала 1:1 и Мајнц – Андерлехт 1:1.
Табела: Андерлехт 5, Сент Етиен 5, Мајнц 5, Габала 0.
Д група: Дандалк – Зенит 1:2 и АЗ - Макаби Тел Авив 1:2.
Табела: Зенит 9, Дандалк 4, Макаби 3, Аз 1.
Е група: Викторија Плзен - Астра 1:2 и Рома - Австрија Виена 3:3.
Табела: Рома 5, Австрија 5, Астра 3, Викторија 2.
Ф група: Рапид Виена – Сасуоло 1:1 и Генк - Атлетик Билбао 2:0.
Табела: Генк 6, Сасуоло 4, Рапид 4, Атлетик Б. 3.
Г група: Стандард – Панатинаикос 2:2 и Селта – Ајакс 2:2.
Табела: Ајакс 7, Селта 5, Стандард 2, Панатинаикос 1.
Х група: Шахтјор– Гент 5:0 и Коњаспор – Брага 1:1.
Табела: Шахтјор 9, Гент 4, Брага 2, Коњаспор 1.
И група: Салцбург – Ница 0:1 и Краснодар – Шалке 0:1.
Табела: Шалке 9, Краснодар 6, Ница 3, Салцбург 0.
Ј група: Либерец – Фиорентина 1:3 и Карабах – ПAOK 2:0.
Табела: Фиорентина 7, ПАОК 4, Карабах 4, Либерец 1.
К група: Интер – Саутемптон 1:0 и Хапоел Бир Шева - Спарта Прага 0:1.
Табела: Спарта 6, Саутемптон 4, Хапоел 4, Интер 3.
Л група: Стеауа– Цирих 1:1 и Османлиспор – Виљареал 2:2.
Табела: Виљареал 5, Османлиспор 4, Цирих 4, Стеауа 2.

Натпреварите од следното коло се играат на 3.ноември. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер