ЗабаваТри едноставни работи од кои мора да се откажете за да бидете посреќни и позадоволниЗа да ја одржиме позитивната енергија која ни е потребна за да бидеме среќни, треба да направиме мали промени во нашите животи.Ви претставиме три едноставни работи од кои мора да се откажете за да бидете посреќни и позадоволни: Животот во минатото Акумулацијата на негативните чувства најчесто е предизвикана од размислување за минатото. Дали фразата “да можев тогаш …” и “можев ама…” или пак страдањето за поранешната врска, работа или начин на живот, животот во минатото секогаш повлекува негативни чувства на тага, копнеж и разочарување. За да бидете среќни, важно е да го оставите минатото зад себе и да уживате во она што е до вас или она што ве чека. Вие не можете да го промените минатото, сегашноста зависи од вас, и затоа е важно да ја искористите на позитивен начин. Негативен став Психолозите објаснуваат дека негативните мисли и песимизмот значително влијаат на нашето расположение, а со тоа и на нашата среќа. Нашите животи се полни со негативни настани и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, туку мораме да се носиме со нив, така што дополнителни негативни мисли навистина не се потребни. Кога следниот пат ќе имате негативно мислење за себе, вашиот бизнис, вашиот партнер или некој друг аспект од животот, застанете и обидете се да ја најдете позитивна страна. Ќе видите дека таа навистина постои. Совршенство Совршена работа, совршен брак, совршена фамилија, совршено тело … сè се ова цели кон кои тежнееме а кои всушност не постојат. Иако често ни се чини дека тревата во соседниот двор е секогаш позелена, станува збор само за илузија. Ништо околу нас не е совршено и никој нема совршен живот како на филм и затоа е важно да не тежнеете за совршенство и да уживате во малите нешта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЛамин Јамал и Инес Гарсија разменуваат нежности во јавност (ФОТО)Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал (19) и инфлуенсерката Инес Гарсија (21) уживаат во своите заеднички моменти додека навивачите се загрижени за повредата на фудбалерот.Двојката неодамна зеде приватен авион на еднодневен излет во Париз. Нивната врска стана јавна во април, откако беа видени на заедничка вечера, а не долго потоа се појавија фотографии од нив како се држат за раце во Грција. Тие официјално ја потврдија својата врска во мај, кога дојдоа заедно на вечерата на Барселона на крајот од сезоната. View this post on Instagram A post shared by Inés García Santos (@ineesgaarcia) Еден ден во Париз Двојката објави на Инстаграм краток клип од нивното патување на кое се гушкаат на кауч. Инес Гарсија напиша опис на објавата: „24 часа во Париз“. View this post on Instagram A post shared by Inés García Santos (@ineesgaarcia) Коментари на објавата Нејзините 4,6 милиони следбеници реагираа брзо, а коментарите беа полни со позитивни реакции. „Прекрасно“, напиша еден следбеник. „Обожавам да ги гледам заедно!“, коментираше друг, додека трет додаде: „Тие се многу заљубени и тоа се гледа“.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Култура„Приказната за Силјан“ со две номинации за Еми наградите Од малата Македонија до Лос Анџелес, патот на документарниот филм „Приказната за Силјан“ одамна ги надмина границите на една филмска продукција.Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program. Во двете категории „Приказната за Силјан“ се најде во директна конкуренција со американски продукции. Особено силна беше номинацијата за Exceptional Merit in Documentary Filmmaking, каде „Силјан“ беше еден од само два номинирани филма, додека во категоријата Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program се најде меѓу петте избрани остварувања. Наградите во двете категории им припаднаа на американски продукции. Овој успех има уште поголема тежина затоа што доаѓа од мала земја и мала филмска индустрија, која не располага со буџетите и продукциските услови на најголемите светски кинематографии. Токму затоа фактот што еден македонски филм стигна до две номинации за Еми е силно признание за македонската кинематографија. Од македонските села и пејзажи, преку светските фестивали и National Geographic, до црвениот тепих во Лос Анџелес, „Приказната за Силјан“ покажа дека една локална приказна може да стигне до светска публика. „Тоа што ќе го донесеме дома од Еми наградите е едно незаборавно искуство од еден од најголемите светски настани по Оскарите, меѓународно признание, нова видливост за македонскиот филм и доказ дека границите на една мала земја не мора да бидат и граници на нејзините приказни“, изјави Тамара Котевска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
СветПо заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј за Фокландските Острови ја истакнуваат потребата Британија да ги зголеми трошоците за одбрана.Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија да ги зголеми своите трошоци за одбрана. Деси рече дека британската влада треба да ги зголеми трошоците за одбрана на три проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2030 година, објави Гардијан. „Важно е премиерот Енди Бернам и министерот за финансии да не ги одложуваат овие одлуки до следната година“, рече Деси. Тој рече дека заканите од Аргентина дополнително ја истакнуваат потребата Велика Британија да биде подготвена да ги заштити Фолкландските Острови. Порано оваа недела, во среда, Деси го праша премиерот дали ја поддржува целта трошоците за одбрана да достигнат три проценти од БДП до 2030 година. Бернам тогаш изјави дека ја презел обврската, но кабинетот на премиерот подоцна соопшти дека не е преземена цврста обврска за исполнување на целта од три проценти до 2030 година. Наместо тоа, британската влада се обврза на долгорочната цел на НАТО за трошење 3,5 проценти од БДП за одбрана до 2035 година, потсетува лондонскиот весник. Деси рече дека сè уште има недостаток на јасност во врска со британската одбранбена политика и дека затоа неговото прашање во парламентот е оправдано. Оваа недела, аргентинскиот претседател Хавиер Милај го повтори ставот на неговата земја за Фолкландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвински Острови. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање американската поддршка за британскиот суверенитет над островите. Трамп изјави за GB News дека Обединетото Кралство не ги поддржало САД за време на војната во Иран и посочи на зависноста на Велика Британија од нафтата што минува низ Ормутскиот теснец.Тагови: Аргентина Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12