Три едноставни навики за спас – стручњаците советуваат што да правите ако долго седите - Канал 5

Три едноставни навики за спас – стручњаците советуваат што да правите ако долго седите

Се почесто се слуша дека „седењето е новото пушење“ и тоа веројатно е точно, но што треба да прават оние кои седат долго при работа?

Три едноставни навики за спас – стручњаците советуваат што да правите ако долго седите

Најважната работа на срцето е да пумпа крв, циркулирајќи низ телото, крвта носи кислород до сите клетки. Кога седите долго време, протокот на крв не е оптимален и со тек на време, тоа доведува до кардиоваскуларни проблеми кои тешко ќе се решат доколку и понатаму седите.

За среќа, постојат неколку навики кои ги препорачуваат експертите со цел да го подобрите протокот на крв.

Одење

Интензивен кардиотренинг не е неопходен за здравјето на срцето. Скот Браунштајн, доктор по итна медицина, вели дека пешачењето е несомнено најдобриот начин за зголемување на циркулацијата. Без разлика дали работите во канцеларија, поминувате многу време на патување или уживате во омилените емисии за време на викендот, треба да станете и да прошетате.

Истегнување

Д-р Браунштајн предлага за време на паузите при шетањето да направите неколку вежби за истегнување, тоа е одлично за васкуларната функција.

-Ротирање на глуждот (или зглобот) за 360 степени е многу ефикасно за циркулација на крв во стапалата и рацете. Тоа е одличен начин да ги истегнете листовите и да ја зголемите циркулацијата, вели д-р Браунштајн.

Доколку имате доволно простор пред вас, докторот вели дека виткањето и исправувањето на колената е одличен начин за зголемување на циркулацијата во долните екстремитети.

Ако имате малку повеќе простор, можете да ги испружите нозете уз ѕидот, повисоко од срцето, гравитацијата помага во циркулацијата на крвта и лимфната течност, вели инструкторката по јога Хоуп Кношер. Тоа момент да се одморите по напорниот ден.

Јогата е одличен начин да ја подобрите циркулацијата на крвта, да ја зголемите телесната и менталната сила, но и телото да добие нова енергија.

Одредени намирници придонесуваат за здрава васкуларна функција, а повеќето ги има во вашата кујна.

На прво место се цитрусното овошје, кое содржи антиоксиданси и флавоноиди, за кои д-р Браунштајн вели дека го зголемуваат нивото на азотоксид, кој го помага протокот на крв. Лукот има слични својства.

Ако не сте на вегетаријанска или веганска исхрана, добро ќе ви дојде ако внесувате омега 3 масни киселини, кои ги има во рибите како што се лосос скуша, аншоа, сардини и харинга, кои го подобруваат кардиоваскуларното здравје.

Ако не јадете риба барем двапати неделно (а повеќето од нас не јадат), тогаш компензирајте го недостатокот на омега 3 масни киселини со земање висококвалитетни рибини масла. Д-р Вилијам Ли препорачува и чаеви, зелен зеленчук, цвекло и темно чоколадо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер