Три документарни и три играни филмови на 10. ММФ Киненова од 28 септември до 5 октомври - Канал 5

Три документарни и три играни филмови на 10. ММФ Киненова од 28 септември до 5 октомври

Три документарни и три играни филмови ќе бидат прикажани на 10. Меѓународен филмски фестивал на дебитантски филм Киненова 2025. Фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври.

Три документарни и три играни филмови на 10. ММФ Киненова од 28 септември до 5 октомври

На отворањето на фестивалот во Македонската опера и балет ќе биде прикажан филмот „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ на хрватскиот режисер Јуре Павловиќ. Останатите филмови ќе бидат прикажани во Киноверзумот во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.

Директорот на Киненова, Небојша Јовановиќ денеска на прес-конференција рече дека Фестивалот ќе биде отворен со еден од најзначајните филмови за овие простори во последните три декади, филмот на еден од најталентираните хрватски млади режисери Јуре Павловиќ, „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“.

Посочи дека се работи за филм за кој немам никаква дилема дека силно ќе ги разбранува чувствата на сите генерации особено на оние кои живееле во една друга задничка држава со повеќе братски народи наречена Југославија.

- Се работи за филм во кој учествуваат сите најголеми екс југословенски кошаркарски легенди како што се Јуре Здовц, Дино Раџа, Тони Кукоч, Владе Дивац, Зоран Ивановиќ, Жарко Паспаљ и останати, а неколку од овие легенди ќе бидат дел од свеченото отворање на македонската премиера на филмот на Киненова во Скопје. Дејството на филмот е за време на натпреварите на Европското кошаркарско првенство кое се одржуваше во Италија, буквално во деновите на почетокот на распадот на Југославија, на големата војна со која живееме особено генерациите кои паметат. Зошто овој за отворање на Киненова, затоа што на еден крајно суптилен уметнички начин од здрава дистанца и крајно непристрасен поглед на нештата ги анализира феномените на колективен успех, колективен неуспех, заедништвото кое постоеше во минатото, а исто така и крајно сирово ги спротивставува другарството наспрема националистичките пориви, рече Јовановиќ.

Тој потенцира дека поминале десет неверојатно турбулентни години, десет изданија низ кои ги преживеале филмските и лични приказни на бројни храбри автори од целиот свет.

- Се соочивме со обиди за цензура, за премолчување, за замолчување, обиди дури и за стопирање на подемот на растежот, на развојот на овој пркос од фестивал. Преку Киненова успеавме да создадеме меѓународна мрежа на истомисленици, слободоумни луѓе, уметници, искрени филмски создавачи со кои заедно фестивалот можеше да расте, нивните идеи, советите, концептите и поддршката да бидат вградени во фестивалот, истакна Јовановиќ.

Фестивалот нагласи тој, годинава наградува тројца големи автори во светски рамки меѓу кои и еден Македонец, а тоа е Владимир Самоиловски.

- Годинашен лауреат е една од најголемите и најмаркантните европски филмски диви Лив Улман која ја добива наградата за животно дело, а третиот добитник кој ја добива наградата за особен придонес во филмската уметност е годинашниот победник на Берлиналето, тоа е Даг Јохагн Хагеруд, додаде Јовановиќ.

Селекторот на главната програма Игор Анѓелов рече дека и годинава на фестивалот ќе има вкупно шест возбудливи филмови од различни кинематографии.

- Покрај „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ на Јуре Павловиќ, уште еден наслов кој сакам да го потенцирам е словенечкиот филм „Прасловен“ на Слободан Максимовиќ, кој ќе биде прикажан на затворањето на Фестивалот. Третиот документарен филм е од германско-јапонската копродукција „Јохатсу“ („Со малку воздух“) на авторскиот двоец Андреас Хартман и Рата Мори, „Беше некогаш во Газа“ на Араб Насер и Тарзан Насер, „Паноптикон“ на Ѓорѓи Пикарулизе и „Помеѓу боговите“ од Вук Ршумовиќ, додаде Анѓелов.

Уметничкиот директор Гена Теодосиевска рече дека Даг Јохан Хагеруд е ново име во норвешката и во европската кинематографија, бидејќи со своето познавање на литературата тој како да и приоѓа на филмската уметност со една спонтаност, но и со една бунтовност, такви се и неговите филмови.

- Тој за себе вели вака „Јас сум прво библиотекар, потоа сум романописец - писател, потоа сум сценарист, а на крај сум филмски режисер“, посочи Теодосиевска.

За своите филмови тој е добитник на многу награди. Во 2020 година тој за својот втор долгометражен филм „Чувајте се од децата“ (Beware of the Children) награден е со дури девет Аманда статуетки, додека за филмовите од неговата позната Осло трилогија „Секс“ (Sex), „Љубов“ (Love) и „Соништа“ (Dreams) е награден со највисоката награда на Нордискиот филмски совет и со наградата на Здружението на филмската критика на Норвешка. Последниот „Соништа“ му ја донесе Златна мечка за најдобар филм на годинешното 75.Берлинале и наградата на Fipresci. Даг Јохан Хагеруд е роден 1964 година, тој се школувал за библиотекар, а подоцна ги завршува Академиите за филм, театар и креативно пишување и драматургија во Стокхолм и Осло.

Кинематограферот Владимир Самоиловски, кој е добитник на Специјалната награда за особен придонес во филмската уметност, е член на жири комисијата на Киненова.

- Среќни сме што Владимир Самоиловски е наш добитник на специјалната награда „Златна грива“ за исклучителчен придонес во филмската уметност на 10 јубилејно издание на МФФ Киненова. Со него сме горди на македонскиот филм. Неговото професионално портфолио содржи близу 100-тина долгометражни играни, документарни, кратки играни филмови ТВ драми, тв серии, емисии. Потекнува од фамилија на филмски работници, така што веќе доста млад навлегува во тајните на филмската магија и на технологијата на ТВ и филмската камера, мотивиран од својот татко, ветеранот на македонската и југословенската филмска кинематографија, Мишо Самоиловски во чии филмови соработувал како снимател оператор. Роден е во Скопје, во 1953 година. Неговата кариера како филмски работник и професионален соработник на филм ја започнува во 1976 година кога се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“, посочи Теодосиевска.

Таа се осврна и на годинашниот лауреат норвешката актерка Лив Улман, која, како што рече, е една од најзначајните актерки во минатиот, 20 век, векот на филмската уметност.

- За неа е доволно да се каже дека е „муза“ на големиот Ингмар Бергман, играјќи во десет од неговите, според многумина, најдобри филмови. Но Лив Улман, се разбира, е многу повеќе од тоа. Љубовта кон уметноста безброј пати ја докажала и на театарската сцена, но и на режисерското столче, на кое милува да седи во последните три декади од својата богата кариера. Таа се’ уште е витална и полна со енергија, и со радост и’ ја доделуваме највисоката награда за животно дело, заслужено вбројувајќи ја меѓу великаните кои во изминатите години ја добија нашата фестивалска награда. Во 2022 година, Лив Улман ја доби почесната награда „Оскар“ за „храброста и емоционалната транспарентност кои на публиката ѝ подарија длабоко трогателни човечки портрети на екранот“. Лив Улман е родена на 16 декември 1939 година во Токио, Јапонија, додаде Теодосиевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)

Додека култните брендови Ferrari и Lamborghini објавија дека повеќе немаат намера да се натпреваруваат во максимална брзина, кинеските производители не покажуваат знаци на забавување. 

Претставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)

Електричниот хиперавтомобил Yangwang U9 Xtreme достигна брзина од 503,17 км/ч и со тоа постави нов светски рекорд за сериски автомобили.

Овој резултат е важен не само затоа што U9X сега е најбрзиот автомобил во светот. Јангванг сè уште го држеше рекордот, кој го постави во 2025 година со брзина од 496,22 км/ч. Потоа го надмина Bugatti Chiron Super Sport 300+, чија максимална брзина беше 490,48 км/ч. Новиот потфат е особено значаен затоа што U9X е првиот сериски автомобил во историјата што официјално ја сруши границата од 500 км/ч.

Достигнувањето е уште поголемо затоа што е постигнато на јавен пат. Рекордно возењето беше извршено на затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби, со германскиот тркачки возач Марк Басенг зад воланот. BYD обезбеди ексклузивен пристап до делница од патот долга 10 километри за таа пригода. Од нив, седум километри беа погодни за обидот за рекорд, а работниците темелно го проверуваа секој сантиметар од асфалтот за да ги отстранат сите остатоци и пустинскиот песок.

Yangwang е луксузен бренд на компанијата BYD, а моделот U9 Xtreme ја црпи својата енергија од четири електрични мотори кои заедно развиваат 3019 КС. Верзијата Xtreme користи електричен систем од 1200 волти, за разлика од стандардниот модел U9 кој работи на 800 волти. Исто така е опремена со прилагодена верзија на батеријата Blade на BYD.

Подготовки за рекордот и уништениот прототип

Тимот на Yangwang не успеа веднаш да достигне 503 км/ч. Денот претходно, тие направија две возења во кои U9 достигна брзина од 490 км/ч. Инженерите потоа работеа цела ноќ за да ја доведат батеријата и моторите до оптимална температура и да го фино подесат аголот на задниот спојлер. Тие исто така го прилагодија амортизирањето на суспензијата за подобро справување со нерамнините на патот и го прилагодија притисокот во гумите за максимална стабилност.

YouTube video

Модификациите се исплатија следниот ден. U9X стана првиот сериски автомобил кој доби сертификат за брзина од над 500 км/ч, подвиг кој беше потврден и од судија на Гинисовата книга на рекорди. Тоа беше и првпат да се постави рекорд за брзина на јавен пат од 2017 година, кога Koenigsegg Agera RS достигна 446,97 км/ч на дел од државниот автопат во Невада.

Јангванг освои уште три рекорди: за најбрз електричен сериски автомобил, најбрза гума за електрично возило и најбрза гума за пат. U9X користи специјални „полу-слик“ гуми развиени од компанијата Giti Tire со седиште во Сингапур.

Сепак, во периодот помеѓу постигнувањето на рекордот и официјалното објавување, од Кина протекоа снимки од друг модел на U9 Xtreme. Автомобилот целосно се распадна додека се обидуваше да достигне максимална брзина на тест патека во Кина.

BYD не кажа колку брзо се движело возилото кога ја изгубило контролата или што точно ја предизвикало несреќата. Силата на ударот во заштитната ограда го уништи хиперавтомобилот, оставајќи го недопрен само централниот монокок од јаглеродни влакна во кој се наоѓаше возачот. Возачот не беше сериозно повреден во несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Мицкоски е во паника, клопчето за Алта банка се одмотува, следува одговорност

Мицкоски е уплашен и во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина. Клопчето се одмотува, а тој се плаши од одговорноста.

Поповиќ: Мицкоски е во паника, клопчето за Алта банка се одмотува, следува одговорност

Затоа се заканува на СДСМ. Затоа од владина говорница му нарачува на Обвинителството кого да гони и за кое дело.

Тоа е начинот на кој функционира организираната криминална група ВМРО.

Ја обвинува СДСМ за ширење паника.

Како шириме паника кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката?

Шириме паника и во Европа, во Црна Гора и во Србија каде се постапува против оваа банка и се спречува?

Или всушност во паника е Мицкоски затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија.

Кога веќе се повикува на Кривичниот законик, го потсетуваме Мицкоски на членот 368-а, кој се однесува на „попречување на правдата“.

Ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, за постапување спротивно на неговите должности и овластувања, или за спречување во вршењето на тие дејствија.

Тоа го прави Мицкоски со наредбите на обивнителство и заканите кон опозицијата. Ја попречува правдата. Исто како неговиот ментор - Вучуиќ.

Се е копи-пасте.

Видовме во Србија како се руши сега како кула од карти, како се апси, се поднесуваат кривични пријави. Од вистината нема бегање.

Во последниот Извештај на Европската комисија јасно е нотиран политичкиот притисок врз правосудството.

Извештајот на ЕК има директна врска со Савески.

За почеток, ако сака да го поправи, мора да престане да му крева на Мицкоски на телефон, да престане да прима нарачки од Собранието и од телевизиските настапи и да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО.

Не одредува Мицкоски каде смее, а каде не смее да истражува обвинителството во врска со Алта банка.

Има закон, има обвинителство и суд.

Тие мора да одлучуваат, да делуваат, да обезбедат правда.

За Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. Почнувајќи од Мицкоски, Славевски и Кочовска па потоа сите по ред.

Дадовте заклетва пред граѓаните!, рече Наташа Поповиќ, членка на Извршен одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Иако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното.

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“.

Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел - да избере кој ќе добие награда. Герасимовски и СДС одлучуваат „од ракав“ , и тоа на начин познат само за нив, правејќи го тоа на штета на имиџот на сите инволвирани, но и на грбот на двајца млади луѓе.

На Ана Петковска Николовска, избрана поради достигнувања во воспитувањето и образованието, како и на Марин Поповски, избран за достигнувањата во спортот, градоначалникот Герасимовски не им додели награди, иако комисијата ги избрала за добитници. Ама затоа му додели награда на Тодор Тасевски, кој со 4 гласа од комисијата, за жал, не го достигнал прагот од најмалку 5 гласа.

Дека се ова е вистина ќе ви ја покажам сликата која истото го докажува, од гласањето на комисијата за доделување на наградата Феникс.

Бетон Герасимовски, во обид да се испере од некомпетентните и неуспешните обиди за себепромоција, потона уште подлабоко. Па така, наместо јубилејна награда „Феникс“, на социјалните мрежи се предомисли и го преименуваше наградите во „50 години Општина Центар“, иако евидентно доделуваше статуетки во форма на феникс.

Почитувани,

Бетон Герасимовски не само што се посрамоти себеси и Општина Центар, туку и ги посрамоти и кандидатите, но и добитниците на оваа награда.

Го посрамоти секој еден што учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, затоа што одлуката воопшто не е одобрена од Советот.

Поради некомпетентност, брзоплетост и очаен обид за себепромоција, им го наруши угледот на угледни луѓе од Општината. Прашање е како сега Герасимовски ќе му објасни на Тодор Тасевски зошто му доделил статуетка кога неговото име воопшто не е наведено во предлог-одлуката, која пак допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар.

Секој има право да биде избран за оваа престижна награда, но на начин кој му доликува на Центар, легален и достоинствен, рече Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер