Три децении од филмот „Непристоен предлог“, а Деми Мур (59) и понатаму изгледа одлично - Канал 5

Три децении од филмот „Непристоен предлог“, а Деми Мур (59) и понатаму изгледа одлично

Актерката Деми Мур (59) на крајот на годината полни 60 години. 

Три децении од филмот „Непристоен предлог“, а Деми Мур (59) и понатаму изгледа одлично

Поминаа дури 26 години откако таа се појави во филмот „Стриптиз“, а неодамнешните фотографии во бикини се доказ дека Деми му пркоси на времето. Убавата актерка викендов уживаше на брод, а обожавателите ги воодушеви со фотографија во розово минијатурно бикини во кое изгледа прекрасно!

– Впивајќи го летото – напишала актерката во описот на фотографијата.

Објавата веднаш доби повеќе од 100.000 „лајкови“ и илјадници коментари со пофалба на нејзиниот младешки изглед, виткото тело и живиот дух.

Актерката неодамна за магазинот „Пипл“ изјави:

– Во мојот случај годините не се дефинираат со бројка, туку со животно искуство.

Деми признава оти ѝ е тешко да сфати дека многумина ја сметаат за секс симбол на прагот на 7-мата деценија.

- Кога ќе слушнам дека сè уште ме ословуваат како секс симбол, се чувствувам малку лудо. Малку сум поласкана, тоа не личи на мене, но ми се допаѓа. За мене, поимот икона отсекогаш означувал некој кој оставил трага и обележал нешто што ги покренало или инспирирало луѓето, или тоа имало позитивно влијание. И во тој поглед се чувствувам навистина горда што сум ставена во категорија што би била поврзана со тоа“, изјави Деми.

Професионалниот готвач Даниел Хум, кој е 13 години помлад од Деми, е одговорен за нејзината блескава насмевка која говори повеќе од 1.000 збора. Ова не е невообичаено за актерката бидејќи беше во брак со актерот Ештон Качер, кој е 15 години помлад од неа.

Потсетуваме дека Деми Мур и Брус Вилис беа во брак од 1987 г. до 2000 г. Од овој брак тие ги имаат ќерките Румер, Скаут и Талула. Актерката пред бракот со Брус Вилис зад себе имаше уште еден брак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер