БалканТрговскиот дефицит во Албанија достигна историски рекорд Оваа календарска година сè уште не е завршена, но статистиката за периодот јануари-ноември покажува дека ова ќе биде година со најголем трговски дефицит во поновата историја на Албанија, со значителна разлика во однос на минатата година. И покрај ова, националната валута има тенденција на зајакнување и ја принуди Централна банката на Албанија масовно да интервенира на пазарот, објавија албанските медиуми, пренесувајќи информација на БИРН. Дефицитот во стоковната размена достигна 469 милијарди лека или 4,7 милијарди евра за единаесетмесечниот период што е зголемување од 72 милијарди лека во однос на истиот период од 2023 година, што подразбира дека оваа ќе биде година со апсолутен рекорд во трговскиот дефицит, надминувајќи го, со значителна разлика, дефицитот од 464 милијарди лека забележан во 2022 година, кога започна војната во Украина и последиците од пандемијата со Ковид-19. Податоците објавени од Институтот за статистика покажуваат дека извозот на стоки годинава е намален за 14 проценти, додека увозот е зголемен за два отсто. Пад на извозот главно предизвикаа групите „Градежни материјали и метали“ и „Текстил и обувки“. Зголемен е извозот на групата „Храна, пијалаци и тутун“. Севкупно, Албанија извезла стоки во вредност од 347 милијарди лека додека увезла стоки во вредност од 816 милијарди лека. Споредувањето на бројките во лек го носи и ефектот на девизниот курс. Еврото во текот на 2023 година чинеше во просек 110 леки, додека годинава со тренд на зајакнување 98 лека. -Тоа не го негира фактот дека, иако теоретски, силниот лек би довел до зголемен увоз и намален извоз и следствено на тоа слабеење на девизниот пазар, се случува спротивното. Лекот од 2017 година доживеа континуирано јакнење, додека во јуни годинава Централна банката на Албанија јавно призна дека интервенирала за да избегне натамошно зајакнување на домашната валута. Статистиката за големината на интервенцијата сè уште не е објавена од страна на Банката на Албанија, наведуваат медиумите. Од власта велат дека јакнењето на домашната валута дошло благодарение на економскиот успех, додека сомнежите од опозицијата и експертите се дека „земјава во последните години де факто стана рај за паркирање пари од организираниот криминал од каде се слеваат огромни суми на пари, надвор од каналите на надворешна трговија, размена на услуги или заеми“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter