Трговците засега се воздржуваат од зголемување на цените по истекот на мерката„ограничени маржа - Канал 5

Трговците засега се воздржуваат од зголемување на цените по истекот на мерката„ограничени маржа

Пет дена по истекот на мерките за скалесто ограничување на маржите и цените кај одредени производи – граѓаните но и надлежните велат цените во маркетите во моментов се стабилни.

Храна

Дел од оние кои ги анкетиравме велат има минимални покачувања кај одредени производи, дел со оценка дека цените останале исти. Онлајн ценовниците засега не им се мерило, велат им одземаат премногу време бидејќи не биле доволно прегледни.

„Досега нема зголемување не сум забележал. Ги проверувате ли веб страните на маркетите пред да пазарите... НЕ Не послеабо гледам..“

„Не забележав драстично зголемување, има ама минимално е тоа меѓутоа тоа е нормално.. “

„Нека се развие економијата и нека се стави определена маржа, дали 10 дали 12, во време на Југославија беше 12 и несмееше поголема маржа..“

„Исто е уште тоа што ме интересираше мене исто е уште... Ги проверувате ли веб страните.. Не јас тоа не користам....“

„Немам приметено, ама и уште не сум отишол да пазарам како што треба... Не тоа е малку тешко за нас пензионерите...“

Од пазарен за Канал 5 велат инспекторите се на терен, во месецов ќе се спроведува иста анализа како што беше направена пред да се воведе мерката и врз основа на податоците добиени од истата ќе се креираат идните чекори.

„Според планот во мај ќе се врши мониторинг и анализа кај големите ланци на маркети, дистрибутерите, увозниците, производителите, и истата ќе биде презентирана на надлежните.“ -ДПИ.

Мерките завршија на 1 месецов. В среда се очекуваат и најновите податоци за инфлацијата од заводот за статистика, а од комората на трговци за Канал 5 велат формирањето на цените е во рацете на прозиводителите, дистрибутерите и увозниците, а трговците само ја додаваат својата маржа.

„Според официјалните и јавно достапни податоци (по завршна сметка) просечната профитна маржа на малопродажбата се движат од 1 до 3 % доколку се земат во предвид оперативните трошоци кои се движат и до 20%, а пазарот во Македонија може да се пофали со најниски цени на храна споредбено со пазарите од регионот.“-Комора на трговци.

Од пред две недели на сила стапи новото законско решение со кое трговците се обврзани на дневна основа да ги објавуваат цените на сите приозиводи на своите веб страни. Станува збор за т.н. израелски модел со кој се очекува да се зголеми конкуренцијата и да се стабилизраат цените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер