Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи - Канал 5

Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи

Почнувајќи од задутре, сите поголеми маркети, аптеки, салони за бела техника, мебел и пекари, како и објекти за продажба на градежни материјали ќе мораат да ја почитуваат законската обврска за објавување на цените на производите. 

Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи

Министерот за економија Бесар Дурмиши напомена дека трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10:00 часот.

Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа. Во случај на непочитување на законската обврска, ќе следуваат казни и до 10 илјади евра. Од оваа обврска исклучени се само микро трговците, односно оние кои вработуваат до 10 лица.

- Да биде појасно, граѓаните ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари, самите ќе можат да видат и да споредат во кој маркет има најниска цена. Нашите очекувања се дека со оваа мерка ќе има дополнително намалување на цените... Досега не е стигната ниту една реакција од тровците дека не се спремни за овој правилник,-- Бесар Дурмиши- министер за економија.

Од друга страна граѓаните кои денеска ги сретнавме низ зелените пазари велат дека не забележале поголема промена на цените во пресрет на Велигденските празници. Пазарџиите пак се жалат, велат пазарот никогаш не бил толку празен. Ги повикуваат надлежните да ги регулираат цените при увозот на производите, како и на пазарите за тровија на големо.

Владата на предлог на Министерството за економија и труд на почетокот на годината донесе одлука за ограничување на бруто-профитна маржа на 102 групи на основни прехранбени производи, како и Одлука за утврдување на највисоки цени на 8 групи на основни прехранбени производи. Овие две одлуки стапија на сила на 20 февруари и ќе важат до 30 април 2025 година.

YouTube video

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило.

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 26.04,2025 во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управуање на моторно возило од „Б“ категорија.

А.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации.

Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои!

Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се нефункционални, Владата на ДПМНЕ не може ниту да исплати плати на време, ништо не функционира како што треба.

Очигледно е – на партиите од власта не им е гајле за стандардот, за животот, за иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите.

Со оваа неспособна, незаинтересирана и раскарана влада на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Македонија нема напредок.

СДСМ

притисни ентер