Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
3Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
ЗабаваТретото дете на Жизел Бундхен е момче, познато е и името Бразилската манекенка Жизел Бундхен неодамна го роди своето трето дете, прво со седум години помладиот партнер Хоаким Валенте.Претходно не се знаеше ниту името, ниту полот на новороденчето, но извор близок на манекенката сега откри неколку нови информации. Според магазинот People, Жизел родила момче. Неименуваниот извор рекол и дека таа му го дала средното име Ривер, што би можело да претставува посебна врска со нејзините деца од бракот со Том Брејди. Имено, Жизел со поранешниот американски фудбалер ги доби ќерката Вивијан Лејк и синот Бенџамин Реин. Ако на своето трето дете навистина му го даде средното име Ривер, таа ќе ја продолжи традицијата да им дава имиња на децата поврзани со вода. View this post on Instagram A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) За потсетување, Жизел и тренерот на џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година. „Тие беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да држи сè во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека беше низ развод. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод“. Таа се разведе од Брејди во 2022 година по 13 години брак. По веста дека таа се породила, извори блиски до Брејди изјавиле дека тој на поранешната сопруга ѝ посакал сѐ најдобро и дека е среќен поради новото бебе. Тој наводно дури ѝ се јавил за да ѝ честита.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook