2Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти
Други спортовиТрето место за Стефановски на втората трка во Португалија Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на третото место на втората денешна трка во португалскиот град Вила Реал. Оваа трка беше прекината откако беа извозени четири кругови, а во два наврати безбедносното возило беше на патеката. На првите две места до прекинот беа: Жолт Сабо од Унгарија и Пламен Кралев од Бугарија. Поради прекинот возачите ќе го имаат пласманот што го имаа во моментот на инцидентот кога Крисјоханес Шрајбер удри во заштитната ограда. Претходно инцидент имаше и Норберт Наѓ. Во очекување на официјалните резултати поради прекинот на втората трка возачите најверојатно ќе добијат половина од предвидените поени. Инаку, нема официјални резултати поради неправилностите и во првата трка кога во последниот свиок домашниот возач Хозе Родригез неправилно го мина Стефановски, а исто беше и во борбата за првата позиција. Стефановски првата трка ја заврши на четвртото место. Организаторот нема уште објавено официјални резултати од двете трки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
СветМачадо најави враќање во опустошената Венецуела: „Дојде време“ Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо објави дека наскоро ќе се врати во земјата за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси во кои загинаа повеќе од 1.450 луѓе.Добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, денес објави дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси, нагласувајќи дека нејзина должност е да биде со својот народ. Таа во интервју за Фокс њуз изјави дека „дојде време“ да се врати во земјата. „Моја должност е да бидам со мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнеме, да тагуваме и да тагуваме заедно“, рече Мачадо. Таа нагласи дека спасувањето човечки животи е апсолутен приоритет, како и обезбедувањето утеха и помош на сите погодени од последиците од земјотресот. „Ќе се вратам во Венецуела многу наскоро и ќе бидам заедно со венецуелскиот народ“, рече Мачадо. Мачадо, која се криеше од властите по спорните претседателски избори во 2024 година, ја напушти Венецуела во тајна операција во декември 2025 година. Венецуела беше погодена од два исклучително силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проектиОваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави: „Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Тука пред сѐ се оние тековни, како што Библиотеката во Тетово, Универзалната сала во Скопје, Турскиот театар, Џез салата и така натаму, сега да не ги редам еден по еден, тоа се многу проекти коишто се во фаза на реализација или ќе отпочнат со фаза на реализација. И очекувам дека овие средства ќе бидат доволни за да оваа година се засилат градежните активности на нови објекти и ако е потребно на крај на година, при таа конечна прераспределба, ќе додадеме и дополнително. Важно е да се трошат пари за капитални инвестиции, бидејќи тие создаваат додадена вредност и тие се тие кои што влијаат врз квалитетот на граѓаните. Да не се трошат за друг тип на трансфери или како што веќе споменав, наместо да се гради, да се краде. Така за жал имавме случаи во државата со децении во минатото.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столбВладата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем.Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб. Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен доказ дека Владата нема решение како да обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот систем. Изјавата на гувернерот Трајко Славески, дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030 – 2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија, е потврда на катастрофалната состојба во пензискиот систем. Наместо сериозни реформи и стабилизација, Владата посегна по уште поопасен чекор – го доведува во прашање и вториот пензиски столб. Вториот столб кој се воведе за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации, сега Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење. Парите во овој столб се лични средства кои работниците ги издвојуваат со години за сопствената пензиска сигурност. Укинување или слабеење на овој столб значи уште поголем притисок врз ионака ослабнатиот државен пензиски фонд. Дополнително, неговото укинување значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој е пред колапс. Во отсуство на правилни политики, власта планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ. Ова е опасна политика. Кога Владата ги гледа парите на граѓаните како решение за својата неспособност да управува со јавните финансии, тогаш никој не може да биде сигурен дека неговите заштеди ќе останат заштитени. Ова не е пензиска реформа, туку признание дека власта нема капацитет да го одржува пензискиот систем и да им гарантира сигурна пензија и на сегашните и на идните пензионери. Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари за исплата на пензиите.Јавниот долг неконтролирано расте – само за две години ВМРО создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, буџетскиот дефицит на средина од годината е потрошен. И ова не се пари за стабилни пензии и плати, за подобро здравство, образование и повисок животен стандард – туку милиони евра за криминалните партиски тендери на ВМРО. За две години Мицкоски и неговата Владата не само што ја загрозија сигурноста на сегашните пензионери, туку ја доведоа во прашање и иднината на генерациите што допрва треба да се пензионираат. Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook