Трета меѓународна научна конференција „Идентитет и култура“ - Канал 5

Трета меѓународна научна конференција „Идентитет и култура“

Во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС), од 3 до 5 септември годинава во хотелот „Континентал“ ќе се одржи треттата годишна меѓународна научна конференција „Идентитет и култура“ 2015.

Трета меѓународна научна конференција „Идентитет и култура“
Годинава ќе учествуваат околу 250 научни работници од признати универзитети, институти и културни институции од повеќе држави од светот, меѓу кои Русија, САД, Австралија, Малезија, Бразил, Сингапур, како и од државите на Западна и Источна Европа, Балканот и од Македонија.

Научниците во три дена ќе ги изложат своите мислења за поимите идентитет и култура. Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат претседателката и потпретседателот на ЦККС Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски.

- Релациите меѓу идентитетот и културата стануваат значајни по распадот на големите сили и падот на Берлинскиот ѕид, а се актуелизираат и со обединувањето на Европа, засилените миграции, а во последно време и со големата бегалска криза, изјави Георгиевска-Јаковлева.

Како новина, на отворањето на годинашнава конференција ќе излагаат двајца воведни предавачи: Милена Драгичевиќ-Шешиќ, професорка на Универзитетот за уметност во Белград, Србија и претседател на УНЕСКО за културни политики и менаџмент и Гај Старки, британски професор по медиуми и член на тесното раководство на ЕКРЕА.

Покрај официјалната програма, која ќе се одвива три дена и на три јазици (македонски, англиски и руски) конференцијата и оваа година на странските учесници ќе им ги понуди природните и културните убавини на Матка и Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алесандра Амброзио позираше топлес (ФОТО)

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во морето без горен дел од костимот за капење.

Алесандра Амброзио позираше топлес (ФОТО)

На сликите, таа лебди на грб додека со рацете си ги покрива градите, покрај објавата напиша: „Ќерка на сонцето, љубителка на морето“.

Таа исто така го означи заедничкиот профил што го води со својот свршеник, Бак Палмер, каде што ги документираат своите патувања.

Следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите. „Најубавата жена на светот“, „Како сирена“, „Секоја година е сè поубава“ и „Огнена Бразилка“ беа само дел од реакциите.

Нова свршувачка

Поранешната ѕвезда на „Victoria's Secret“ ја објави свршувачката со Бак Палмер во август оваа година. „Би те избрала тебе во овој живот и во секој друг. Засекогаш, љубов моја“, напиша таа тогаш покрај фотографија на која се заедно.

Пред Палмер, Амброзио беше свршена со претприемачот Џејми Мазур, со кого има две деца: ќерка, Ања, и син, Ноа. Таа и Палмер првпат беа видени заедно во јавноста кон крајот на 2024 година, на забава во Мајами.

Бразилската манекенка има успешна кариера долга повеќе од две децении и е широко позната во јавноста како еден од поранешните ангели на „Victoria's Secret“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И утре сончево и релативно топло време, дожд од петок и за време на викендот

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

И утре сончево и релативно топло време, дожд од петок и за време на викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Претор, 23 Маврови Анови, Берово, Прилеп, Крива Паланка, Охрид, Виница, 25 Битола, Тетово, 26 Зајчев Рид, Штип, Велес, Кавадарци, 27 Скопје Петровец, Демир Капија, Струмица, 28 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен јужен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 27 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија по мистериозната смрт: Нема ризик од епидемија на чума

Руската служба за здравствен надзор, „Роспотребнадзор“, денес соопшти дека не постои епидемиолошки ризик за населението во источносибирскиот регион Иркутск по смртта на вработена во локалниот институт за истражување на чума.

Русија по мистериозната смрт: Нема ризик од епидемија на чума

„Роспотребнадзор“ го пријави случајот во Светската здравствена организација (СЗО), а лицата кои биле во контакт со починатата работничка биле тестирани за заразни болести. Резултатите не покажаа знаци на инфекција ниту присуство на опасни патогени.

„Целосно се спроведени превентивни и противепидемиски мерки и не постои епидемиолошки ризик за населението во Иркутск или во регионот Иркутск“, соопштија од „Роспотребнадзор“.

Сомнеж за чума по смртта на вработена во институтот

Случајот привлече внимание бидејќи починатата била 28-годишна жена која работела во институт за истражување на чума. По нејзината смрт постоеше сомнеж за инфекција со чума, но руските власти тврдат дека во институтот не се случил никаков лабораториски инцидент.

Според „Роспотребнадзор“, жената починала од пневмонија со непознато потекло, а во нејзините примероци не биле пронајдени микроорганизми поврзани со работата на институтот.

За каква болест станува збор?

Пневмоничната чума е една од најтешките форми на болеста предизвикана од бактеријата „Yersinia pestis“. Таа може да се пренесе преку респираторни капки, а третманот со антибиотици може да биде ефикасен доколку се започне доволно рано. СЗО побара информации за случајот од руските власти во согласност со Меѓународните здравствени прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер