3Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
НБАТрет пораз за Голден СтејтШампионот Голден Стејт го доживеа третиот пораз оваа сезона во НБА лигата, откако ноќеска на гостувањето во „Пепси Центар“ загуби од Денвер.Ниту 38. поени на Стеф Кари од кои 20 постигнати во последната четвртина не беа доволни „вориорс“ да го избегнат поразот. Резултати на десетте ноќешни натпревари: Шарлот – Атланта 107:84, Вашингтон – Милвоки 106:101, Бруклин – Њујорк 110:104, Бостон – Индијана 103:94, Хјустон – Минесота 107:104, Оклахома – Далас 108:89, Денвер – Голден Стејт 112:110, Портланд – Јута 99:85, Сакраменто – Њу Орлеанс 97:109 и ЛА Клиперс – Мајами 104:90. Вечер се играат шест натпревари. Пласман Источна конференција: Кливленд 27-9 (победи-порази), Торонто 24-15, Чикаго 22-15, Атланта 23-16, Индијана 22-17, Мајами 22-17, Детроит 21-17, Орландо 20-18,... Пласман Западна конференција: Голден Стејт 36-3 (победи-порази), Сан Антонио 34-6, Оклахома Сити 28-12, ЛА Клиперс 26-13, Далас 22-18, Мемфис 21-19, Хјустон 21-19, Јута 17-21,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаФинишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината Клучката кај Момин поток влегува во завршна фаза, а пуштањето во употреба е најавено до крајот на годината.Градежните активности се реализирани околу 75%, а новата сообраќајна врска треба да придонесе за намалување на гужвите и побезбедно одвивање на сообраќајот. Увид во градежните активности денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и премиeрот Христијан Мицкоски, при што беше најавено дека Владата ќе продолжи со поддршка на општинските проекти. За клучката кај Момин поток обезбедени се 60 милиони денари од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-татаДенеска се навршуваат точно 63 години од најмрачното утро во историјата на главниот град, кога во 5 часот и 17 минути, силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала го разурна Скопје. За само неколку секунди, градот се претвори во урнатини.Катастрофата однесе 1.070 човечки животи, а над 3.000 граѓани беа повредени. Повеќе од 200 илјади скопјани во една секунда останаа без покрив над глава. Часовникот на Старата железничка станица, кој тогаш засекогаш запре, денес стои како нем сведок на трагедијата што го сопре времето, но и на болката која и по повеќе од шест децении не избледува кај постарите генерации.од пепелта на трагедијата се роди приказната за невидена хуманост. Скопје стана Град на солидарноста. 87 нации од целиот свет, подадоа рака. Помошта во лекови, храна, тимови за спасување и монтажни куќи почна да пристигнува од сите меридијани, испраќајќи порака дека човечноста нема граници. По земјотресот, почна масовната обнова. Полскиот урбанист Адолф Циборовски учествувал и ја надгледувал обновата на градот по препорака на Обединетите Нации. Во негова чест во Старата чаршија денска беше откриена спомен плоча а на церемонијата директно од Полска допатува неговата внука Јулија. Според визијата на јапонскиот архитект Кензо Танге, Скопје подоцна се трансформираше во модерен град на иднината. Утрината на гробишптата во Бутел во спомен на загинатите од земјотресот беше положено свежо цвеќе... Дел од граѓаните и денеска имаат силни емоции на оваа тема. Сепак постземјотресно Скопје има посилни градби а од 2014 сите градби законски мора да се и сеизмички отпочни вели поранешниот дирекр на ИЗИС Михаил Гаревски. Централниот дел од културната манифестација е предвидена за вечерва, кога во Музејот на Град Скопје ќе бидат отворени две мултимедијални изложби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУпсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќиеЛишени од слобода осум лица на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие, при преглед кај нив е пронајдена дрога.На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47