Трет меѓународен Симпозиум по естетска медицина во Скопје

 Скопје денеска ќе биде домаќин на третиот Симпозиум по естетска медицина со меѓународно учество, на кој со свои трудови ќе настапат авторитетни имиња од областа од пет држави во регионот и од Шпанија.

Пред над 100 пластични хирурзи, стоматолози, орални хирурзи и дерматолози ќе бидат презентирани најновите светски трендови во естетската медицина и нивната примена во земјава и во регионот, најави Здружението за естетска медицина (ЗЕМ), организатор на симпозиумот.

Симпозиумот, како што информира ЗЕМ, ќе го отворат претседателот и секретарот на Здружението Игор Пеев и Анџелика Илиева, а предвидено е обраќање и на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Од ЗЕМ истакнуваат дека нивната мисија е да се подигнат и негуваат стандардите во оваа медицинска гранка преку стручно усовршување и континуирана едукација, да се поттикне научно-истражувачката работа во областа и да се интензивира соработката меѓу професионалците во областа во земјава и во странство, а сѐ со цел на пациентите да им се направат достапни најновите современи техники во естетската медицина. Посебен фокус на Здружението е дефинирање и строго почитување на професионалните норми и протоколи во оваа брзорастечка и популарна гранка на медицината.

Здравко Чолиќ го слави својот 72 роденден: Енергијата не соодвествува со годините

Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден.

Иако е во осмата деценија, неговата енергија не соодветствува со изводот на родените, како што покажа на неодамнешниот концерт во Тузла.

Роден е во Сараево во скромно семејство, а со децении е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Иако жените лудуваа по Чола, тој никогаш не го привлече вниманието на јавноста со љубовните врски.

Тој веќе подолго време е во брак со Александра која не се појавува со него во јавност, а имаат две ќерки.

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

притисни ентер