Вчера полиција по 27 часа интензивно пребарување на теренот ја запре потрагата по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско поле и во Брестовачка бања, во близина на Бор.
Според српското МВР, сите информации укажувале дека исчезнатото девојче не било во тоа подрачје од околу 10 квадратни километри. Но полицијата продолжува со оперативните активности за пронаогање на детето.
Инаку, родителите на малата Данка биле на распит во полиција а мобилниот на мајката бил испратен на вечтачење јавија српските медиуми.Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден.
Од МВР соопштија дека во текот на ноќта се појавила информација дека е пронајдена Данка Илиќ, која се покажала како неточна.
Според медиумите видео камерите во Бањско поле ја забележале мајката со малолетната Данка Илиќ како се движи во правец на својот дом, но и возило плаво Пунто на иста локација како со голема брзина се движи неколку минути после исчезнувањето на девојчето, но полицијата не се огласи за ова сознание.
Под сомнение се сите кои биле во непосредна близина на Данка Илиќ, што, како што се наведува, не значи дека се сметаат за виновни.
Во потрагата по двегодишното девојче, чие исчезнување беше пријавено во вторникот, учествуваа повеќе од 500 припадници на МВР, жандармеријата, полицијата од општа надлежност, Управата за криминалистичка полиција, Техничката управа, хеликоптерската единица, Одделот за вонредни ситуации, Управата за сообраќајна полиција, полициската управа во Бор, како и Горската спасувачка служба и членови на доброволната противпожарна единица.
Данка Илиќ исчезна во понеделникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, а косата и била врзана во опавче.
Системот „Пронајди ме“ за прв пат е активиран во Србија во понеделникот, а како што е наведено на веб-страницата pronadjime.mup.gov.rs, девојчето има кафена коса и висока е околу 85 сантиметри.