Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
МакедонијаТрет ден „безбеден град“ – вчера регистрирани 651 прекршок, 585 за брзо возење, 50 поминале на црвено, 16 возила биле нерегистрирани МВР два дена по ред ја соопштува статаистиката од прекршоците санкционирани преку Сејф Сити, но меѓу засега нема ниту еден за погрешното паркирање – иако овој прекршок беше најавен меѓу четирите што треба да ги регистрира системот.Зошто е тоа така, од МВР одговор нема.. Воедно, нема ниту детали во кој случај, на колку време и дали воопшто возачите можат да застанат на булеварите, па во анкетата која ја снимивме секој даде различен одговор кој утре може да ги удри по џебот.. Тука се на мака и дистрибутерите кои прават дотур на роба, па возачите очекуваат надлежните да ги разјаснат целосно правилата ... Во меѓувреме, на булеварите можат да се забележи засилено присуство на полициски возила кои интервенираат при паркирање на коловозите. Оваа лента, долж партизанска, особено во овој дел од градот беше непроодона, паркирање на делови се уште има, но и полиција која го расчистува... Најтешкиот прекршок што го регистрираат камерите е поминување на црвено светло, што освен висока парична казна од 250 евра, носи и забрана за возиење од најамалку 3 месеци.. Но, нејаснотии за возачите има и во овој сегмент, односно, што ако навлезат на црвено светло да отворат простор за возила на Итна медицинска помош или пак таму се затекнат поради метеж во кој немаат првенство на минување... Токму ова е една од дилемите, што доколку се вклучи црвеното светло додека оние што излегуваат од оваа улица останат заглавени сред крстосницата чекајќи ги да поминат оние од спротивната страна, кои всушност имаат предност. Инаку, вчера вкупно 651 возач бил фатен во прекршок, од кои 50 за поминување на црвено.. Освен нив, уште 8 возачи добиле забрана, поради управување со возило со брзина многу поголема од дозволеното.. Министерот Тошковски посочи дека во изминатите четири години на вкупно 55.405 граѓани им била изречена по една забрана за возење, со два прекршока биле речиси 8,000, а три забрани добиле речиси 1.900 возачи. Неколку стотини имало и со повеќе од четири, а двајца се рекордери со дури по 40 забрани за возење....Тагови: сејф сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter