Тренираат атлетика на фудбалско игралиште, но носат медали од Светските олимписки игри - Канал 5

Тренираат атлетика на фудбалско игралиште, но носат медали од Светските олимписки игри

Тренираат атлетика на фудбалско игралиште, но носат медали од Светските олимписки игри за лица со попреченост

Тренираат атлетика на фудбалско игралиште, но носат медали од Светските олимписки игри

Иако атлетика тренира на фудбалско игралиште на лето и спортска сала во зима, Агрон Хајредини од Тетово стигна до златен медал во јуни на Светските олимписки игри за лица со попреченост кои беа во Берлин, Германија. Еден месец по успехот заедно со тренерот Ифраим Љута ги сретнавме како продолжуваат со тренирањето, пак на фудбалскиот терен кај Универзитетот во Тетово.

Тие се среќни што имаат каде да тренираат и помошта што ја добиваат од Универзитетот, но велат, замислете што би се направило кога би имале и атлетска патека во Тетово.

- Ова е стадион кој е со трева и не е рамен, а Агрон има телесен проблем на едната нога, па површината му создава дополнителна тешкотија. Фала на Господ што немаме проблеми досега но на овој терен секогаш е ризично да се тренира. Од друга страна, ова е единствен терен и ние сме благодарни што Универзитетот не остава тука да тренираме. За атлетиката треба атлетски стадион. Атлетска патека со сите стандарди за трчање ни треба. Градот не е мал, голем е интересот но поради условите децата полека и се откажуваат, зошто не можат да ги поднесат на вакви услови на тренинзите. Имаат други избори за некои други спортови, па се определуваат друго да тренираат, вели Ифраим Љута, атлетски тренер.

Тој заедно со тренерот Елмедин Мустафи преку Здружението „Активен живот“ - Тетово за права на лица со посебни потреби, цела година ги одржува атчасовите за спортување на лицата со посебни потреби и соработуваат со Специјална Олимпијада. Како во Берлин така и пред четири години во Абу Даби имаат освоени медали на Светските олимписки игри за лица со попреченост. Годинава Агрон освои медал во категорија скок во далечина од место, а се натпреваруваше и на трката на 50 метри.

- Во Берлин беше многу добро, јас се чувствувам најдобро кога спортува, за малку ќе успеев да земам и втор медал на трката на 50 метри. Златниот медал го освоив во мојата возрасна категорија каде што имаше 16 натпреварувачи од целиот свет. Ова беше добра прилика за нови познанства и пријателства со луѓе од целиот свет, изјави Агрон.

Секоја сабота на овој терен летово, а во другите месеци се работи во спорската сала на средното текстилно училиште.

- Во таа сала колку толку има некои минимални услови. Таму во зима повеќе се тренира, во лето нормално ни треба надвор го користиме овој терен и комбинираме. Реално не сме Сомалија, но секогаш кога ќе бидат подобри услови ќе имаме многу повеќе спортисти. Без услови помалку спортисти се вклучуваат. Ако има потреба подобри услови ќе биде квантитетот поголем. Локалната власт е задолжена бидејќи локалната власт живее од таксите од граѓаните и ако има тендери за да ги земаат паркинзите, тогаш ќе треба има тендери за да се одржуваат и да се градат спортски стадиони. Фактички мора да има некоја рамноправно владеење, да не бидат дискриминирани посебно младите, бидејќи без спорт ние не можеме да многу здраво општество. Тоа е докажано, со векови, цел свет гледаме колку е развиен спортот, обаснува Ифраим Љута.

Атлетскиот тренер освен Агрон ја предводеше и атлетичарката Јулијана Петровска од Скопје која исто така освои сребро во атлетската дисциплина скок во далечина од место. Македонскиот тим во Берлин освои пет медали, од кои едно злато, две сребра и две бронзи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 16. до 23. ноември 2026 година.

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 16. до 23. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 16. до 23. ноември 2026 година.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете претприемливи и активни во барање на својата сродна душа , доколку сеуште сте сами. нема да ви биде тешкода заминете и на крај на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои се веќе во врска , ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика.

Кариера

На работното место малку ќе се натпреварувате или надмудрувате. До израз ќе дојде вашиот борбен дух. Не стоите најдобро во овој период со авторитетите , па затоа внимавајте како со нов ќе соработувате. Не инсистирајте на своите идеи , зашто не е сега време за некои од нив да се остварат. Издржете.

Здравје и совет

Почнете да одите во теретана.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно по малку ќе бидете нерасположени за љубов или за барањата од другата страна. Нема најдобро да бидете разбрани , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. најмногу затоа што ова сепак е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите.

Кариера

Привилегиите на кои сте се надевале ќе бидат блиску , но вие нема да бидете во најдобра форма да ги искористите. Повеќе ќе изгледа како нешто да ви се нуди , зашто тоа е нечија задача или зашто такви се правилата на играта. Сепак држете се до поставените цели.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вашите лични односи ќе владее опуштеност. Многу двојки ќе уживаат без притисок дека мора некаде да се излезе или некому нешто да докажуваат. Ќе има и такви кои ќе сакаат да се повлечат и да ги скријат емоциите , а тука се и мали провокации.

Кариера

Пречките кои вие ги гледате објективно се помали отколку што ви изгледаат.Ќе ги андминете со својата фантазија и способноста за прилагодување. Ќе ја покажете својата креативна особина. Тоа што целата работа ќе биде проследена со напор , е очекувано.

Здравје и совет

Имате доволно сила за се за што ќе ви биде потребна.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се чивствувате доволно сигурни во својата врска. ќе бидете подготвени на секакви лудувања , па и на ризик , зашто знаете дека саканата личносрт ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите , ќе ви биде простено. Оние кои и натаму се сами, главно ќе фантазираат.

Кариера

Сетете се само колку сте постигнале во минатото , а најмногу за да се мотивирате самите за иднината. Кога ќе ви понудат нешто големо , а вие се сомневате дека тоа не е можно или вие тоа не го можете, самите на себе си правите затворен пат. Имајте повеќе доверба во другите.

Здравје и совет

Немојте да се надмудрувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Главно повеќе ќе размислувате за љубовта , отколку што ќе љубите. Некои повторно ќе бидат во искушение за тајна љубовна врска. Ќе има многу кои ќе ве бараат во нивно друштво, но нерма да бидете сигурни кој им е мотивот. Не морате се да знаете однапред.

Кариера

Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефективно. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и од вас многу ќе се очекува. Некои ќе повлечат потези што ќе имаат влијание на сите на работното место. Ќе го направат тоа и повеќе од успешно. Ќе минувате низ одредени трансформации.

Здравје и совет

Со хумор победете ги грижите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе успеете да одолеете на секое искушение. Ви знаете што барате и кон тоа ќе се држите. Ќе се покаже дека сте биле во право. Онаа личносдт која сега ќе ја освоите , ќе знае дека вашите намери се сериозни. Затоа ќе зсе зближите само со оние кои истото тоа го очекуваат.

Кариера

Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат да им помогнат на оние кои уште ја учат работата или кои сега полчнуваат да работат. Трети ќе бараат можности за работа некаде далеку , можеби и на друг континент.

Здравје и совет

Бидете она што сте и следете си го својот сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Се чини како да ви оди се подобро и подобро. Пред вас се убави љубовни шанси , средби со пријатни лица, довбри забави. Придвижете се и одете меѓу луѓето, а особено ако сте сеуште сами. Бидете мудри , отворени и смирени , како што само вбие знаете да бидете.

Кариера

Вашиот деловен интерес полека се поместува на финансиски вложувања. Иако имнате постигнато многу, сега на дневен ред доаѓаат некои нови и неиспитани работи. Можебе ќе се обидете да ги достигнете своите сништа на сосема неочекуван начин.

Здравје и совет

Верувајте му на своето шесто чуло.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас се денови кога ќе имате многу шанси за да ги зацврстите своите врски. На сите вас ќе ви порасне љубовната самодоверба , а доколку сеуште сте сами, пред личносттие од спротивниот пол ќе настапувате многу самоуверено. Ниту резултатите не би требало да изостанат.

Кариера

Вашиот деловен интерес полека се пренасочува во вложувања . Се гледа што сте постигнале до сега , но треба да почнете да работите некои нови работи и предизвици. Ќе се обидете да дојдете до она за што сте фантазирале.

Здравје и совет

Ќе се релаксирате во топла купка.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе уживате во мир двајцата со партнерот на познати места. Нема да ве привлекуваат места каде има многу луѓе , туку ќе го минувате времето во природа или дома. Оние кои се во потрага по сродна душа , исто така нема многу да излегуваат , па најверојатно ќе остануваат сами.

Кариера

Своите деловни планови полека ќе ги насочувате на ширење на хоризонтите , било како нови содржини или буквално – преку граница. Сега ќе се надминат некои законски пречки , така што можете да се свртите во таа насока.

Здравје и совет

Ќе добиете добар совет од пријателите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Затоа ќе имате шанси за средби и запознавање на нови лица. Комуникацијата со лицата од спротивниот пол ќе биде поквалитетна , а вие ќе бидете шармантни. Оние во врска ќе бидат поотворени еден кон друг.

Кариера

На работното место ќе се случуваат различни работи , а задачите добиваат на тежина. Тоа е нешто што малку ве загрижува , па на работата ќе и се предадете без задршка и без резерва. Јасно е дека ќе изгорите , но затоа резултатите ќе ве задоволат.

Здравје и совет

Обновете го своето старо хоби.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Првиот ден од неделата ќе изгледа како љубовта да ве одминува , но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна , ќе се појават интересни ситуации , кога ќе бидете во положба да реагирате на провокации. Немојте.

Кариера

Ги исполнивте резулатите над очекувањата и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Кој може , нека замине на пат. Кој останува на работа, и натаму вредно ќе работат , некои ќе менуваат колега , па ќе работат за двајца. Ќе издржите со насмевка.

Здравје и совет

Ви треба повеќе сон.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Се наоѓате во фаза на богат семеен живот . Речиси и да нема позначаен настан во кој нема да ги вовлечете членовите на семејството. Кај некои тоа ќер биде и поширокото семејство. Оние во врска ќе се обидуваат да ја поврзат саканата личносдт со членовите на семејството.

Кариера

Би можеле да се најдете во ситуација кога треба нешто да жртвувате или да се борите за ангажман , иако нема да бидете сигурни дали тоа се исплатува. Затоа преиспитајте ги сопствените критериуми и цели. Се ќе зависи од тоа што навистина сакате.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали.

Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Денеска (15.11.2026), во Скопје, кај фонтаната во Градскиот парк, полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), реализираа заедничка превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста и унапредување на безбедноста во сообраќајот, во знак на одбележување на „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“.

Активноста беше насочена кон подигнување на свеста за значењето на одговорното и совесно учество во сообраќајот, унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата, под мотото: „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“

Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали – летоци со превентивни пораки и апел за одговорно учество во сообраќајот, со посебен акцент на почитувањето на сообраќајните правила и прописи и грижата за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Дополнително, беше упатен потсетник дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, како и апел до возачите за прилагодување на брзината и начинот на управување со возилото согласно временските услови и состојбата на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер