Тренер од Северна Ирска продава кокаин преку WhatsApp- им испратил ценовник во група со стотици тренери - Канал 5

Тренер од Северна Ирска продава кокаин преку WhatsApp- им испратил ценовник во група со стотици тренери

Фудбалски клуб во Северна Ирска отпушти младински тренер откако објавил ценовник за кокаин на WhatsApp група од стотици тренери.

Тренер од Северна Ирска продава кокаин преку WhatsApp- им испратил ценовник во група со стотици тренери

Пораката, која оттогаш е избришана, ги детализирала цените за „вистински чисти пакети“, како и времето и локациите за состаноците, со напомена дека плаќањето треба да се изврши само во готово, објавува The Guardian.

Брза реакција на клубот

Клубот од Белфаст потврди дека тренерот добил вонредно отпуштање штом вчера биле запознаени со пораката . „Овој вид однесување е целосно неприфатлив во нашиот клуб. Дотичниот тренер е трајно суспендиран со непосреден ефект“, се вели во соопштението на клубот.

Додадоа дека нивните процедури за проверка ги следат упатствата на Фудбалската асоцијација на Ирска и дека објавата е шокантна. „Како клуб базиран на заедницата, се гордееме што ги ставаме интересите на нашите играчи на прво место“, рекоа тие.

Лигата, исто така, објави

WhatsApp групата во која се појави ценовникот наводно има околу 400 тренери од 300 аматерски клубови и се користи за договарање на распоредот на натпреварите. Лигата за развој на FonaCab објави дека не може да ги следи сите пораки меѓу тренерите.

„Сепак, имаме јасни очекувања за однесувањето и секое однесување што ја нарушува заштитата на децата или професионализмот ќе биде веднаш разгледано“, рекоа тие, нагласувајќи дека нивна одговорност е „да ја заштитат благосостојбата на секое дете“.

Портпаролот на лигата појасни за Belfast Telegraph дека тие не вработуваат тренери и затоа не можат да отпуштат никого. „Веќе го информиравме засегнатиот клуб од западен Белфаст и нашите процедури за заштита на децата се активирани, а тренерот е отстранет од групата за местење натпревари. Случајот сега се решава преку соодветни канали“, рече тој.

Загрижувачки податоци

Овој инцидент се случува во контекст на загрижувачки бројки од Министерството за здравство во Северна Ирска, според кои речиси половина - 46,4 проценти, за да бидеме прецизни - од луѓето што консумираат нелегални дроги во таа земја користат кокаин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. 

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните.

Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување.

Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан.

Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле.

Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците.

„Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна.

Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво.

Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција.

Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер