Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ЗдравјеТренер од Белград открива како да го оформите вашето телоПоради овие три намирници се гоиме и мора да ги исфрлиме од исхранатаТренерот Блаже Миќуновиќ смета дека физичката активност не треба да се применува само како подготовка за претстојното лето, туку како лек за нашиот организам. Еве кои се најчестите грешки според него поради кои не слабееме со саканата брзина, или воопшто не слабееме. - Најчестите грешки во исхраната што ги прават луѓето се: -Нередовни оброци. Многу е важно за нашето здравје и изглед да јадеме редовно и да не прескокнуваме оброци. Идеално би било да имаме пет оброка на ден, на секои три часа. Три пообилни и две ужини. Распоредот на оброците (кога да биде првиот и кога последниот) го прилагодувате според вашите потреби и дневните обврски. -Прејадувањето е нездрав/патолошки однос кон храната каде што преку еден оброк консумираме многу повеќе храна отколку што му е потребно на нашето тело. Ова го оптоварува нашиот стомак и го складира вишокот на храна во масти, кои подоцна многу тешко се исфрлаат од телото. -Презачинета храна - Храната која се служи во мензите и во рестораните најчесто е презачинета - што доведува до подуеност. -Брзата храна најчесто се приготвува/пржи во многу масло и е полна со адитиви. Долготрајното консумирање на таква храна може да биде штетно за нашето здравје! -Ригорозните диети се многу лоши за нашето здравје, поточно ригорозните диети на подолг временски период го забавуваат метаболизмот и може да доведат до хормонален дисбаланс. Значи имаме случаи на луѓе со прекумерна тежина, а цел живот биле на некаква диета - објаснува Миќуновиќ. Најголем број од луѓето се активираат физички во овој период од годината, но според тренерот не е доволно да се активираме физички еднаш годишно, туку мора да бидеме активни во текот на цела година. Еве кои три типа на храна треба да ги исфлите ако планирате добра линија и кондиција: - Слатки. Ќе дадам пример за подобро да разберете за што се работи. 100 гр пилешко содржи околу 100 калории, а 100 гр чоколада содржи помеѓу 500-600 калории. Ќе се согласиме дека е подеднакво лесно да се изеде 100 гр чоколадо како и да се изеде 100 гр пилешко. Меѓутоа, во 100 грама пилешко имаме доста протеини и хранливи материи кои се добри за нашиот организам, а преку 100 гр чоколадо внесуваме голем број таканаречени прости шеќери (кои најтешко се исфрлаат од нашето тело), т.е. доѓа до нагол скок на инсулинот во крвта, а потоа и нагло опаѓање на енергијата. Одлучете сами што е подобро за вашето тело! -Алкохол. Ова се т.н. празни калории за кои немаме впечаток дека внесуваме калории. На пр., пола литар пиво има 250 калории, а исто така и многу хормони кои го забрзуваат лачењето на урина, па од едно пиво може двапати да отидеме во тоалет. Полно е и со засладувачи, па едно пиво ни задава главоболка. Редовното конзумирање на алкохолни пијалоци доведува до чувство на надуеност. Треба да се исфрлат и грицките, белиот леб, соковите и газираните пијалоци, објаснува Блажо. Со оглед на тоа што голем број вработени имаат многу малку слободно време, Блажо, покрај правилната исхрана, предлага неколку вежби кои може да ги практикуваме сами дома, но и вежби кои може да ги правиме надвор кога времето е убаво. -Вежби за загревање и истегнување / Јога. Многумина го занемаруваат истегнувањето, па дури и некои тренери не му придаваат доволно значење на истегнувањето. Истегнувањето е многу важно и има повеќекратно значења за нашето тело бидејќи ја зголемува мускулната флексибилност, односно еластичноста, ги ублажува грчевите и ја намалува напнатоста, го намалува ризикот од повреди, го спречува воспалението на мускулите, помага во обликувањето на мускулите. Загревање и истегнување треба да се практикува наутро пред појадок 10-15 минути најмалку 2-3 пати неделно во зависност од обврските. -Вежби за стомакот и долниот дел на грбот. Вежбите за стомак сега се лесно достапни на каналот YouTube. Важно е да имате една вежба за секој дел од стомакот (горен, среден, долен и страничен), серијата вежби можете да ја завршите со планк. На почетокот вежбата нека трае 30 секунди, а на секој следен тренинг зголемувајте по 10 секунди. Направете најмалку 3 серии вежби за стомакот и долниот дел на грбот. Направете го тоа наутро, а потоа појадувајте и денот може да започне убаво! -Искористете го убавото време за трчање или брза прошетка надвор покрај кејот. Исто така, некои паркови се опремени со интересни справи за вежбање, како и патеки за трчање. Покрај справите има и табла со упатства за правилно изведување на вежбите. Сепак, најдобри резултати и најбрз напредок се постигнува со редовна и интензивна физичка активност. На пример, индивидуални тренинзи во теретана, пилатес, пливање или некој друг вид на спорт - советува овој тренер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter