Трендафилов: Само платени работници може да бидат продуктивни - Канал 5

Трендафилов: Само платени работници може да бидат продуктивни

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) останува на ставот дека не само минималната, туку и воопшто платите во Македонија треба да се зголемат. 

Трендафилов: Само платени работници може да бидат продуктивни

Како што изјави денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, земјава е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а спротивната страна, Владата или работодавачите, нема слух за сериозен исчекор.

-Работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, а да не зборуваме за Европа. За жал, ние сме една од државите во регионот која има најниска и просечна и минимална плата. Не гледаме слух од спротивната страна, од Владата или работодавачите да направат некаков сериозен исчекор, иако слушнавме дека во Србија од 1 октомври минималната плата ќе биде 500 евра, онолку колку што бара ССМ во Македонија, а од 1 јануари ќе изнесува 550 евра. Веќе и со повисока плата од онаа што ја бараме работниците, за жал, заминуват од земјава, но не само заради платите, туку и незадоволни од условите во кои живееме, истакна Трендафилов пред конференцијата на Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) по повод јубилејот 20 години постоење.

Тој напомена дека продуктивноста треба да се таргетира само преку една работа - зголемување на платите.

-Нашите работници во Црна Гора, Словенија, Германија, Србија, Хрватска, Аврстија се продуктивни зашто таму платите се три до четири пати повисоки од нашите, рече Трендафилов, додавајќи ако работодавачите планираат да не ги плаќаат работниците како што го прават тоа денес, не може да очекуваат зголемување на продуктвноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер