Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми - Канал 5

Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 9“ во Штип. 

Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Трендафилов посочи дека еден работник работи за себе, за работодавачот, за менаџерскиот тим, а сепак добива плата од близу 400 евра со која не може да се преживее месецот.

-Минималната, но и сите останати плати мора веднаш да се зголемат. Еден работник според последните податоци од Народната банка заработува на својот работодавач меѓу 300 и 600 илјади денари. Тој доаѓа на работа, работи за себе, ја заработува платата на директорот, на менаџерскиот тим, заработува за инвестиции, коли, викендици за работодавачот, рече Трендафилов.

Додаде дека две минимални плати не можат да ја покријат минималната синдикална кошничка, со што се вклучува алрамот за покачување на минималната плата. Забележа дека 500 евра се минималните плати во регионот со што младите не мораат да заминуваат на печалба во Германија, туку повеќе може да заработуваат во Србија, Босна и Херцеговина дури и во Албанија.

-Вредноста на синдикалната минимална кошница, која се пресметува од 2011 година беше основа за носење на Законот за минимална плата. До денеска се органзиирани 22 протести и два штрајка со цел да им се покаже на работодавачите дека минималната плата треба да биде зголемена на најмалку 500 евра со цел да може соодветно да се преживее месецот, изјави Трендафилов.

Што се однесува за потрошувачката кошничка, за која што премиерот Христијан Мицкоски има предлог да има кошнички за неколку групи, Трендафилов одговори дека синдикалната потрошувачка кошничка уште во 2011 година беше основа за носење на Законот за минимална плата и овозможи зголемување на работничките плати, а таа статистичка операција покажува и со колку пари еден работник не може да преживее. Во конкретниот случај, прецизира, 65.000 денари се минимумот за условите кои може да си ги дозволи едно четири члено семејство, а пак 100.000 денари се комотни да се живее исто, како што рече Трендафилов, како што живеат функционерите.

-Намерата на Владата да покаже дека ќе пресметува една, две, три или пет потрошувачки кошнички за различни категории на луѓе иако ние зборуваме како ССМ цело време дека ниту синдикалната минимална кошничка, ниту овие пет на Владата ќе ги прехранат семејствата во Македонија. Петсотини евра минимална е нешто што треба се случи уште вчера, имајќи во предвид дека на секаде во регионот ќе има покачување на најмалку 500, а најмногу 800 евра минимална плата, изјави Трендафилов.

Прашан зошто е закочен дијалогот за носење на новиот Закон за работни односи, Трендафилов одговори дека овој Закон е закочен веќе седум години.

-Ако седум години е времето ако едно новороденче тргнува во прво одделение на училиште, можеме да кажеме дека не можеме да зборуваме за апсолутно нов Закон. За жал, поради изборите во претходната година и поради изборите оваа година, апсолутно не се дискутира помеѓу за ниту едно прашање поврзано со Законот за работни односи. Меѓутоа, тоа што го видовме како опасност што го применува сегашната Влада, а го започна претходната, е тоа што со брзи измени на штета на работниците се прават дополнување на Законот за работни односи, кои не се во интерес на работниците. Тоа го започна претходната влада ако паметите со можноста „Бехтел и Енка“ работниците да работат и по 12 часа или повеќе од 70 часа неделно, што го нема никаде во светот, а и оваа Влада почна со некои такви измени, чекори без социјален дијалог за Законот за работни односи, изјави Трендафилов.

Претседателот на ССМ, порача дека по изборите секако треба да се разговара за нов Закон за работни односи или било какви измени и дополнувања на сегашниот, но забележа дека мора да има и дијалог меѓу власта и синдикатите, односно работниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Според анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки.

Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони.

Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом

Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област.

Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка.

Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила.

Зошто се приближуваат до луѓето?

Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир.

Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште.

Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките.

Полициски часови и затворање на паркови

Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките.

Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински.

Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување.

По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични.

Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот

Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок.

Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место.

Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер