Трендафилов: Никој да не им кажува на граѓаните што да јадат и да пијат, туку да им се овозможат пристојни услови и високи плати - Канал 5

Трендафилов: Никој да не им кажува на граѓаните што да јадат и да пијат, туку да им се овозможат пристојни услови и високи плати

 Никој не треба да се осуди на граѓаните да им кажува што им е потребно, туку треба да им овозможи пристојни услови и високи плати.

Трендафилов: Никој да не им кажува на граѓаните што да јадат и да пијат, туку да им се овозможат пристојни услови и високи плати

Никој и во комунизмот не се осмелуваше да им кажува на работниците што, кога и колку треба да јадат и да пијат. Мислам дека тоа е многу погрешен чекор и дека наместо да ја замајуват јавноста и да го напаѓаат ССМ за вредноста на кошничката, требаше да ги зголемат платите, вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов во врска со утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која, како што е најавено, ќе биде презентирана просечната потрошувачка кошничка.

Трендафилов денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, и порача на Владата, ако и смета синдикалната минимална кошница, да креира и владина кошничка, како и „да го отвори владиното бифе како работничка менза“.

-Би сакал да слушнеме како синдикати и работници која е стратегијата на Владата преку креирање кошничка која ќе ни покаже што треба да купуваме и како треба да ги прехрануваме нашите семејства со вакви мизерни плати. Никој не треба да се осуди да им кажува на граѓаните што им е потребно, туку треба да им овозможи пристојни услови и високи плати за да можат да си ги овозможат сите услови што им се потребни, но не најосновните. Синдикалната минимална кошница не покажува што ни е потребно за да преживееме, туку им покажува на креаторите на политиките дека не се живее ни со толку. Ако тоа им смета, може да си креираат сопствени кошнички, но ќе треба да креираат и владина кошничка и да го отворат владиното бифе како работничка менза, нагласи Трендафилов.

Тој го повтори ставот на ССМ, дека синдикалната минимална кошничка е единствена статистичка операција што покажува како се живее во Македонија.

-Синдикалната минимална кошничка покажува дали можеме да си ги овозможиме најосновните прехранбени производи и услови за живот. Тоа што сакаат да го направат е веројатно, да кажат колку на човек му треба данес за јадење, од каде да оди да го пазари тоа јадење иако ќе има ниска пензија, најниска минимална плата, а да не зборуваме дека и во јавниот сектор имаат исто така ниски плати и во приватниот сектор дополнително, на тој начин се осиромашуваат работниците. Ако сакате да го направите тоа, никој и во комунизмот не се осудуваше да им кажува на работниците што треба да јадат и да пијат и кога и колку да јадат. Мислам дека е тоа многу погрешен чекор и дека наместо да ја замајуваат јавноста и да го напаѓаат ССМ за вредноста на кошничката, требаше да ги зголемат платите па никој немаше да зборува за вредноста на кошничката, ниту за потребата од една, три или пет кошнички за самец, за двајца, за млад брачен пар, за пензионери, подвлече Трендафилов.

Претходно тој информираше дека ССМ го доби решението за репрезентативност, како и дека на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе бара 500 евра минимална плата и 6 000 денари дополнително зголемување на сите останати плати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоци

Американската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом

Се рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоци

Американската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом. Државната енергетска компанија „Џорџија Пауер“ со поддршка на државата планира да сруши околу триесет куќи и да преземе стотици парцели, а сопствениците кои одбиваат да ги продадат им се заканува одземање на домот, објавува „Futurism“.

Инфраструктура за центри за податоци

Проектот е одговор на растечките енергетски потреби на технолошката индустрија и доаѓа во време кога десетици градови низ САД се спротивставуваат на изградбата на центри за податоци поради нивната огромна потрошувачка. Планираниот далновод ќе биде долг 1.600 километри и ќе пренесува речиси 10.000 мегавати електрична енергија од новата електрана. Според официјалните бројки, дури 80 проценти од оваа енергија е наменета за центри за податоци, додека остатокот треба да се дистрибуира до локалните фирми и домаќинства.

„Џорџија Пауер“ нуди откуп на земјиштето, но ако преговорите не успеат, ќе се случи присилен откуп на имотот повикувајќи се јавен интерес. Жителите, претежно од руралните делови на Џорџија, се противат на планот да ги напуштат домовите за да се обезбеди простор за инфраструктурата што ќе ги напојува системите на вештачка интелигенција. Една од нив, Ансли Браун, чија семејна куќа е на патот на далноводите, таа се огласи на социјалните медиуми за да предупреди за тешката состојба на нејзината мајка. „Немаме избор тука. Ќе ги продолжат тие далноводи“, порачува таа преку видео на Инстаграм. „А зошто? Поради центрите за податоци. Сето ова се случува поради нив.“

Судбината на жителите е неизвесна

Портпаролот на Брајан Џек, локален конгресмен и поранешен политички директор во Белата куќа за време на мандатот на Доналд Трамп, за “Fortune“ потврди дека добиле бројни повици за помош од жители со чии имоти управува „Џорџија Пауер“. Округот на Џек вклучува голем дел од засегнатиот имот.

Во случајот со семејството на Ансли Браун, приказната се чини дека е завршена. „Џорџија Пауер“ ги заврши преговорите со семејството, иако деталите за спогодбата не се јавни, веројатно поради доверлив договор. Не е познато до кој степен претставникот интервенирал, но компанијата за електрична енергија соопшти дека го цени неговиот ангажман за интересот на граѓаните. За другите сопственици на куќи, иднината е неизвесна и останува отворено прашањето колку трпение ќе има „Џорџија Пауер“ додека технолошката индустрија бара сè повеќе ресурси за развој на вештачка интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава.

Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер.

Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење.

Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Актерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица.

Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи.

Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите.

Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер