Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
1Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
МакедонијаТрендафилов чекаше во ССМ, од владата не знаат кого чекал – средба Мицкоски-УПОЗ закажана за в четвртокССМ утре на состанок ќе одлучи кога ќе го одржи следниот протест и најавените блокади на пратениците, откако денеска информираа дека претставник од Владата не дошол во Работничкиот дом да ја потпише спогодбата за минимална плата од 600 евра.ССМ утре на состанок ќе одлучи кога ќе го одржи следниот протест и најавените блокади на пратениците, откако денеска информираа дека претставник од Владата не дошол во Работничкиот дом да ја потпише спогодбата за минимална плата од 600 евра и зголемување на останатите плати за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави дека доколку и по блокадите нема слух за барањата, ќе следуваат блокади на министрите во Владата и генерален штрајк до крајот на месецот. Како крајна мерка, синдикатот ќе собира 10.000 потписи за да стане овластен предлагач и да поднесе иницијатива за намалување на платите на пратениците за 80%. -Паднаа маските, пропаднаа лагите кои ги истакнуваа изминатиот период и како ССМ им укажуваме на работниците дека нема оваа Влада приоритет да се зголемат платите. Ќе одлучиме во колку часот и кој ден ќе ги оневозможиме, односно ќе ги блокираме пратениците да дојдат на работа со возила, патем да наплатат патни трошоци.. Не се исклучува можност ниту протест, односно блокада на Владата кога ќе се одржува седница за да и министрите поминат покрај работниците,- вели Слободан Трендафилов – претседател на ССМ . Од Владата изјавата на Трендафилов ја оценија како лажен наратив и обид за создавање на лажна слика за социјалниот дијалог. Од таму соопштија дека веќе во четворток е закажана средба со претставници на синдикатот на УПОЗ. -Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана. – Влада на РМ. На средбата за три дена синдикатот и премиерот треба да се договорат за потпишување на нов колективен договор, со кој околу 7,800 државни службеници ќе добијат зголемување на платата од 40%, во период од две години. Од УПОЗ велат дека ќе биде прифатена секоја понуда која е поволна за службениците , но додаваат дека ги подржуваат и сите наредни чекори на ССМ за создавање подобри услови за живот за сите останати работници во државата. -Доколку во таа понуда има одредби кои не се добри за работниците, односно треба работниците да се откажат од од веќе стекнато право, таква понуда нема да се прифати од наша страна. Од барањето за 600 е не се отстапува, тоа е барање за сите работници во државата,- Трпе Дејановски – УПОЗ. Во меѓувреме, минималната плата во Словенија порасна на 1.000 евра. Од тамошното Министерството за труд објаснуваат дека законот предвидува минималецот да биде од 20 до 40 отсто над минималните трошоци за живот и дека новиот износ е усогласен со инфлацијата од 2,7 отсто. Тагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече Филипче. Филипче посочи дека Владата на СДСМ не дала согласност за продажба на акциите што ги поседувало Министерството за финансии, но дека Мацура добил согласност од Босна и Херцеговина. Сосема спротивно на лагите на Мицкоски владата на СДСМ ги штитела државните интереси и интересот на граѓаните и не влегла во односи со Алта банка. „Давор Мацура од нашата Влада, на СДСМ, не добил дозвола да ги откупи акциите кои се на Министерството за финансии. Ама добива дозвола од Босна и Херцеговина и така се стекнува со над 90 отсто од акциите во Белградската Алта банка. Тоа по срспките закони му дало можност да ги откупи и останатите“, изјави Филипче. Притоа, Филипче нагласи дека на 24 октомври 2023 година, тогашната Влада донела заклучок што Мицкоски денес го претставил како одлука за воспоставување деловни односи со Алта банка со којшто го заштила државниот интерес, односно да ангажира државен правобранител кој ќе ги брани интересите на Македонија во Србија. „Еве ја одлуката, заклучокот од владината седница да се ангажира државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес, да влезе во комуникација со српските институции, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
ФормулаПрекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување. Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба. Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега. На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата. Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност. Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки. Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот. За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна. – Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно. Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече: – Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБразил и Барселона се договорија за Рафиња!Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари. Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб. „Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter