Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаТренчевска за новиот обвинител: Савевски да ги ревидира криминалните тендери на ВМРО!„Иако кандидатот, Савевски, не е присутен во Собранието, сигурно ја следи седницата, и затоа јавно го прашуваме дали ќе го искористи член 36 од предлог-законот за да ги казни со ниски оцени сите негови колеги кои ќе одбијат да ги затворат истрагите.„Собранието е пред носење на важна одлука, но најголемата опасност не лежи во биографијата на кандидатот, туку во намерата на власта да го претвори обвинителството во продолжена рака на политиката“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска , на собраниската седница по предлог кандидатурата на Ненад Савевски за државен јавен обвинител и новиот предлог-закон за јавно обвинителство. „Иако кандидатот, Савевски, не е присутен во Собранието, сигурно ја следи седницата, и затоа јавно го прашуваме дали ќе го искористи член 36 од предлог-законот за да ги казни со ниски оцени сите негови колеги кои ќе одбијат да ги затворат истрагите за Пирамид Билдинг и за стратешкиот тендер од еден „запирка“ 74 милиони евра, посочи Тренчевска. Во контекст на овие ризици, Тренчевска јавно постави прашања до кандидатот повикувајќи го да постапи: 1. Дали ќе се спротивстави на рамките што го прават зависен од политиката и ќе покаже дека правдата е над партиските интереси? 2. Дали неговата програма за работа предвидува ревизија на сите тендери доделени во општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, или наместо тоа ќе биде стечаен управник на партиски интереси? 3. Дали ќе поднесе оставка доколку Владата се обиде да го спречи истражување на криминалот на актуелната власт, со што ќе покаже дека ќе го чува интегритетот на институцијата? „Не зборуваме против личноста, туку против системот што се гради за да се контролираат луѓето и да се потисне правдата. Секое идно сомнително постапување ќе се смета за директно исполнување на долгот кон партијата што го избрала кандидатот“, заклучи Тренчевска . СДСМ нема да гласа, ниту ЗА ниту ПРОТИВ. „Нема да гласаме против, затоа што тоа би било протолкувано од Владата како опструкција на европската агенда. Европската агенда за нас е исклучително важна, за разлика од вас кои ја ставате на маргините. Реформата е потребна, но извршителот е компромитиран, т.е. предлагачот е толку компромитиран што е инфицирана и биографијата на Савевски.“ рече Тренчевска. Тренчевска истакна дека, иако Савевски има години искуство во правосудниот систем и познавање на процедурите, тоа не ја исклучува загриженоста за политичката контрола. „Буџетот на обвинителството е поставен како финансиска уцена. Доколку државниот обвинител побара повеќе средства, Владата има конечниот збор, што овозможува директно уценување доколку се отворат истраги против високите функционери на актуелната власт“, посочи Тренчевска , додавајќи дека овој механизам го става обвинителството во позиција на зависност. Таа се осврна и на преземањето на предмети и можноста за блокирање на истраги. „Според член 3, 30 и 36 од новиот предлог-закон, државниот обвинител може да презема предмети од кој било обвинител под изговор на нестручност, што создава можност едно лице да ги блокира сите истраги, вклучително за аферите 161 тендер и Пирамид Билдинг, поврзани со власта“, нагласи Тренчевска , со што дополнително ја потенцираше опасноста од политичко влијание. Оваа загриженост се продлабочува и тоа не е реформа, тоа е ризик, нагласувајќи дека на хартија се предлагаат европски процедури и реформи, но во пракса се инсталираат механизми за хиерархиска контрола и се обезбедува правен штит за актуелните тендерски скандали. Тренчевска предупреди дека државата ризикува да стане место каде законот важи само за опозицијата, додека функционерите на власта остануваат заштитени, што создава дополнителни загрижености за рамнотежата и довербата во правосудството. Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=q4EEycI7JiU Скопје, 18.03.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter