МакедонијаТренчевска: Во Владата има министри со бугарски пасоши, дали ќе ги внесете Бугарите во Устав?Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, упати прашање до заменик министерот на ова министерство, Зоран Димитровски.Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во отсуство на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Tимчо Муцунски, упати прашање до заменик министерот на ова министерство, Зоран Димитровски, во кое јасно праша дали Владата ќе ги внесе Бугарите во Устав, што е услов без кој нема напредок кон ЕУ. Во продолжение е интегралното прашање на Тренчевска: „Се мислев дали да го упатам до премиерот или до заменикот министер, но вчера повтроно премиерот избегна да одговори на едно прашање: дали ќе ги внесете Бугарите во Уставот и наместо јасен став, граѓаните слушнаа навреди, манипулации. Прашањето од новинарите беше директно, што прави вашата влада за европскиот пат на државата? Одговор – немаше. Наместо тоа, повторно ги обвинивте сите што мислат поинаку дека се „мекотелни“ и дека „коленичат“. Граѓаните многу добро знаат дека едно време токму Мицкоски клечеше и молеше за власт. И дополнително што од претходните одговори мислам дека денес на македонската јавност и беше доволно и доста од вас затоа што ставивте пет во една функција, премиер, наследник на јасновидката баба Ванѓа, психолог или психотерапевт, јавен обвинител и лекар кој што издава увернија за да може некој да се бави со опозицијата. И затоа прашањето ќе барам да ми го одговори заменик министерот Димитровски. Пред изборите ветувавте враќање на името и поништување на Преспански договор. Е тогаш, пред избори, кога баравте гласови, нас, политичките опоненти не нарекувавте „предавници“. Денес гледаме целосна спротивност на тие ветувања. Две години сте Влада. Имате мнозинство. Името не го враќате. Преспанскиот Договор не го укинувате. Министри со бугарски пасоши има во владата, министри, градоначалници, сите од ВМРО. Влада со резервна татковина. Пратениците од власта поднесоа предлог закон, ама за нареден состав, кога побаравме да важи веднаш и за сите избрани функционери, а со тоа и за оваа Влада,премиерот ретерираше, требало да се консултираат уставни експерти. Значи менувате изјави. А владата ја водат луѓе кои што имаат резервна татковина и е прашање дали воопшто работат за интересите на оваа држава или на Бугарија. Во меѓувреме, државата стагнира, европскиот пат е блокиран, а наместо реформи – сведочиме на корупција и нефункционален систем. Министерот Муцунски на Сител Телевизија ќе рече, цитирам „уставни измени само кога ќе се изгради доверба со Бугарија“. Значи не велите не, не е предавство сега. Европските претставници, јасно кажуваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот е услов без кој нема напредок кон ЕУ. Затоа, моето прашање е јасно и недвосмислено, им должите одговори на граѓаните. Дали ќе се внесат Бугарите во Уставот – да или не?“, рече Тренчевска, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче одбива оставка: Барањата на иницијативата се нечесни и се обид за пуч Филипче нема да отстапи од барањата на Платформата, оставка вели, нема да поднесе но е подготвен за средба со нив..Лидерот на СДСМ цени дека намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и дека станувало збор за пуч Имам легитимен мандат, со секој од нив сме имале поединечни средби, имале и можност да се кандидираат на партиски функции, вели Филипче. Тој адресира сериозни обвинувања кон дел од членовите на иницијативата 12 и 5, во очи нивниот утрешен собир од кој како што најавија ќе објават конкретни чекори за спас на СДСМ и смени на раководството. Членовите на платформата најавија дека планот прво ке му го презентираат на Филипче , со оглед на како што ценат неможноста на актуелното раководство да ја обедини партијата ниту пак да создаде победнички СДСМ наспроти актелната власт на ВМРО-ДПМНЕ за која исто така сметаат дека покажала еден од најслабитре резулатти на една владеачка гарнитура досега.. Ќуркчиев пак во мегувреме очекува Филипче да ги демантира и јавно да се извини во однос на како што вели тој злонамерните невистини, во спротивно најавува тужба против него.. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од СкопјеОстава ли простор Софија за вклучување на европски посредник во дијалогот со Македонија. Бугарија била и останува отворена за конструктивен дијалог, но под веќе утврдените процедури. Бугарското МНР, со внимателно обликуван дипломатски јазик, одговара на повикот на шефот на дипломатијата Муцунски во сите идни разговори со Бугарија да биде присутна Европската Унија или земја членка. Очекуваме Македонија да ги исполни обрските и да ги започне потребните промени, се вели во писменото соопштение на бугарското МНР. -Процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции и во согласност со утврдените правила и процедури. Бугарија отсекогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог. Гледаме дека голем број земји-кандидатки постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите обврски, вклучително и во услови на комплицирана безбедносна средина. За политичкиот аналитичар Марко Трошановски, во пораката на Софија нема значително поместување од позициите, но влева оптимизам дека работите можат да се поместат од мртва точка. -Мислам дека е доволно општа да остави простор за резерва околу медиумиските интерпретации дека Бугарија се огласил на европска медијција, но и доволно неконкретна за биде ветувачка дека можеби ќе се остави креативен простор за подобрување на односите со присуство на еу или одредена земја членка., вели Марко Трошановски, политички аналитичар. Иницијативата на Македонија за посредство на Брисел не е нова, но се интензивира во момент кога се очекува да биде објавена новата стратегија за проширување од страна на Европската Комисија, која според Трошановски, може да даде дополнителен импулс ако подиректно се вклучи за надминување на разликите со Софија. -Мислам и те како дека треба Комисијата да е присутна. Многу ќе биде поволно за подобрување на климата ако ЕК изнајде начин или даде зелено светло на директно присуство на нејзини претставници во односите меѓу двете земји. , вели Трошановски. Кој е ставот на Брисел ќе биде појасно следниот петок, кога во посета на Скопје доаѓа шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дел Лајен во рамките на балканската турнеја. Како што денеска соопшти Комисијата, таа ќе се сретне со претсеателката Сиљановска и со премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПапата се спротивставува на забраната на Трамп: Медиумите мора да имаат пристапЗа време на летот од Рим кон Париз, Папата повторно ја изрази својата поддршка за слободата на медиумите.Тој ја коментираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани пристап до Белата куќа на новинарите од Си-ен-ен и од неколку други медиуми, пренесува Ројтерс. Папата не го спомна Трамп по име, но ја истакна виталната важност на работата на медиумите. Тој претходно го предизвика гневот на Трамп со своите критики во врска со војната во Иран. „Мило ми е што сите сте добредојдени овде“, им рече Папата на новинарите. „Сметам дека е исклучително важно сите да можат да известуваат и тоа да го прават целосно.“ Во меѓувреме, Белата куќа вчера објави дека им ги враќа акредитациите за известување на новинарите од Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и „Политико“. Оваа одлука уследи по пресудата на федералниот судија дека забраната за пристап веројатно е неуставна. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00