Тренчевска: Спроведуваме проект на вработување на лицата со попреченост - Канал 5

Тренчевска: Спроведуваме проект на вработување на лицата со попреченост

Наместо да користат социјална помош, самостојно да обезбедуваат егзистенција.

Тренчевска: Спроведуваме проект на вработување на лицата со попреченост

Во извештајот од Европската Комисија во 2021 година во Поглавјето 19 е забележано дека државата треба да посвети посебно внимание на ефективно спроведување на активни мерки за вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот, обезбедувајќи соодветна контрола и евалуација на мерките, изјави националната координаторка на НКЕУ-МК, Милева Ѓуровска во воведното обраќање на денешната сесија „Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: европски практики и национални можности".

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во своето обраќање истакна дека со техничка помош на Светската Банка во тек е проект што ќе им овозможи вработување на лицата со попреченост, преку воведување на нов модел и нова законодавна рамка.

– Целта на оваа активност е проширување на можностите на вработување на лицата со попреченост и подигање на нивната инклузивност на пазарот на труд. Со воведување на новиот модел за вработување, целта е да се унапреди пристапот на лицата со попреченост до можностите за вработување и успешно да се придонесе кон подигање на нивната благосостојба. Наместо да бидат вклучени во системот на социјална заштита, приматели на социјална помош, да можат самостојно да обезбедуваат егзистенција за себе и за своите семејства, вели Тренчевска.

Таа додаде дека поддршката од државата на овие лица е целосно насочена кон нивното вработување на отворениот пазар на труд и нивна целосна интеграција и социјализација. Новиот модел на вработување на овие лица се планира да се имплементира етапно и чекор по чекор.

– Во делот на подготовката на самото законско решение ќе бидат консултирани, односно ќе се прават компаративни анализи со добрите практики од останатите земји за да ги извлечеме позитивните примери од земјите во регионот, но и пошироко, заклучи министерката.

Сесијата продолжува со дебата на македонски и словачки експерти, универзитетски професори, претставници на Организацијата на работодавачи на Македонија и на Агенцијата за вработување како и претставници на граѓанскиот сектор. Оваа сесија е дел од Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија и дел од Работната група 2 – Социјална политика и вработување -Поглавје 19. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска  ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.

Мицкоски  учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија.

На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. 

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

РСБСП укажува:

Почитувајте ги ограничувањата на брзината.

Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

Не користете мобилен телефон додека возите.

Користете сигурносен појас на секое патување.

Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште.

Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри.

Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување.

Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се.

Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома.

Вози одговорно. Секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

7 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Крушево, Берово, Крива Паланка, 11 Прилеп, 12 Охрид, Претор, Тетово, Виница, Кавадарци, 13 Битола, Струмица, 14 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 15 Штип, Велес, 16 Демир Капија, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

17 Лазарополе, 14 Попова Шапка, Маврови Анови, Тетово, 9 Охрид, 8 Претор, 5 Крушево, 3 Битола, Скопје-Петровец, 2 Велес, Куманово, Крива Паланка, 1 Штип, Прилеп, Виница, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер