Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена - Канал 5

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

 Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла  за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. 

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно пари на таа сметка нема. Прашањето на Тренчевска до Велковски беше, како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември и од каде ќе се најдат средства за префлрлање до Фондот, кога во буџетот нема средсства.

Во продолжение е интегралното обраќање на пратеничката Тренчевска:

Сервисирањето на социјалните обврски кон граѓаните треба да е приоритет на секоја Влада. За сите исплати да течат согласно законските рокови, клучно е парите да бидат обезбедени во буџетот на Министерството.

Tоа на што сме сведоци е дека состојбата со буџетот на министерството во делот на пензиите е алармантна.

Но, не е само со пензиите, и со правата и надоместоците за социјална заштита исто така, и со социјалните услуги и со заштитните друштва, едноставно со сè нема доволно пари на ставките за овие права.

Со промашени и популистички мерки, власта прави директен удар врз најкритичните системи во државата-пензискиот систем, социјалната сигурност и исплатата по основ на законските права на граѓаните.

Состојбата со Фондот за пензиско е загрижувачка. Пари за исплата на декемвриската пензија нема ниту во буџетот на Министерството за социјална политика, ниту во Фондот за пензиско. Ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно пари на таа сметка нема. А нема и во Фондот затоа што сите средства со кои што располагаше Фондот беа искористени за исплата на пензиите во ноември. За декемвриската пензија нема средства.

За сето ова бројките се сведок и тие постојат во документите. Ова значи дека вие немате пари за да трансферирате до Фондот за да се исплати декемврската пензија.

За каква социјална сигурност на пензионерите зборувате?

Или важно ви беше само да ги искористите и излажете граѓаните за изборите?

Направивте зголемувања без пресметки, без план – тоа не е реформа, тоа е играње со граѓаните за сметка на вашата политичка корист.

Политиката за исплата на пензиите ви е на рамниште „купи/продај ден“. Дупката во Фондот за пензиско пука по шавови.

Пензионерите добро се сеќаваат дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Фондот е секогаш во колапс.

Јавна тајна е зошто меѓу другото се задолживте со унгарскиот кредит, не за да реализирате капитални инвестиции, туку за да го покриете дефицитот во Фондот, кој за само година и пол на власт го продлабочивте за над 50%.

Овој дефицит е резултат единствено на финансиски неодговорни одлуки и на популизмот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, донесени без анализа и без да се мисли на последиците. Фискалната политика ја претворивте во дневнополитичка алатка за популистички поени, а не за стабилност на системот.

И еве една споредба и доказ за тоа колку се погубни вашите политики. Во 2023 година трансферот од централниот буџет кон ПИОМ беше 29 милијарди денари. Кога дојдовте на власт во 2024 година, со ребалансот го зголемивте на 38 милијарди денари, сега во тековниот буџет за 2025 година е 50 милијарди денари, кој е недоволен да ги сервисира сите обврски, а со новиот предлог-буџет за 2026 година го зголемивте на 62 милијарди денари или 1 милијарда евра, која исто така нема да биде доволна за обврските кон Фондот за 2026 година.

Значи, дупката во Фондот е над 1 милијарда евра,толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите.

Одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушена.

Знаете ли дека со ваков дефицит ги ставате во ризик исплатите не само на сегашните пензионери, туку и на сите идни пензионери?

И да не спинувате дека СДСМ е против зголемување на пензиите – ние сме ЗА зголемување, за да растат пензиите, но мора и да се чува стабилноста на фондот.

Еве за потсетување: со нашите политики, само во периодот од 2022 до март 2024 година, пензиите беа покачени за 30%. И ова постои во извештаите – најниската пензија се зголеми од околу 9.000 денари на 13.000 денари. Го намаливме дефицитот во Фондот од 48% на 32,5%. Зголемувавме пензии, но и го намалувавме дефицитот. Тоа се одговорни политики!

Затоа, најмалку вие од ВМРО-ДПМНЕ имате право да зборувате за раст на пензии, за вас пензионерите се само статистичко гласачко тело.

За година и пол го уништивте пензискиот систем, кој за 3 години не знам дали ќе може да исплаќа пензии.

Оттука моето прво прашање е:

Јавноста, а најмногу пензионерите, сакаат да слушнат директно од вас – како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември? Пензиите мора да се исплатат, но од каде ќе најдете средства да префрлите до Фондот, кога во буџетот ги немате?

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брисел го откри планот за Украина

Европската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.

Брисел го откри планот за Украина

Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа.

Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија.

Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година.

За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување.

Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза.

Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер